Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 27

СУГС „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ - СКОПЈЕ

ПРАКТИЧНА НАСТАВА
-ВТОРА ГОДИНА-

ПРЕДМЕТНИ ПРОФЕСОРИ: дипл. ел. инж. СВЕТЛАНА НИКОЛОВСКА


дипл.ел. инж. КРИСТИНА БАШОСКА

УЧЕБНА ГОДИНА : 2019/2020


ИНТЕГРАЛНИ КОЛА
https://www.youtube.com/watch?v=sTwRQDVHNiw
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Интегралните кола (интегрирани кола, чипови ) се


полупроводнички елементи кои во себе содржат помал или
поголем број на полупроводници, отпорници, кондензатори
и други елементи, кои што образуваат комплетна
електрична функционална целина.

• Сите елементи се
спакувани во куќиште од
пластика или керамика со
повеќе изводи.
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

Едно интегрално коло може


да содржи повеќе десетици,
стотици, илјади па дури и
повеќе десетици илјади или
милиони елементи кои се
истовремено произведени и
меѓусебно поврзани така да
формираат различни
електронски кола.
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Со одредено интегрирано коло и минимален број на надворешни


елементи може да се реализираат многу различни електронски
кола:
• Аудио засилувачи
• Стабилизатори на напон
• Различни логички кола
• Поедини склопови за радио и ТВ приемници
• Комплетни радиоприемници, радиопредаватели...
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

Едни од најсложените интегрални кола се микропроцесорите


кои во себе може да содржат милиони транзистори заедно со
други соодветни елементи.
СТЕПЕН НА ИНТЕГРАЦИЈА

• Сложеноста на едно интегрално коло зависи од степенот на интеграција.


• Степенотна интеграција се однесува на бројот на основни елементи во
едно интегрално коло.
• Возависност од степенот на интеграција, интегралните кола може да се
поделат во неколку групи:
• Кола со мал степен на интеграција - до 100 елементи во кристал,
• Кола со среден степен на интеграција - до 1000 елементи во кристал,
• Кола со висок степен на интеграција - до 10 илјади елементи во кристал,
• Кола
со многу висок степен на интеграција - повеќе од 10 илјади
елементи во кристалот.
• Претходно, се користеа и застарените имиња: кола со ултра-висок
степен на интеграција - од 1-10 милиони до 1 милијарда елементи во
кристал и, понекогаш, интегрално коло со гигабајтен степен на
интеграција - повеќе од 1 милијарда елементи во кристал. Во моментов,
практично не се користат имињата „кола со ултра висок“ и „кола со
гигабајтен “степен на интеграција, туку тие влегуваат во класификацијата
како кола со многу висок степен на интеграција.
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА
(ПОДЕЛБА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ПРОИЗВОДСТВО)

• Според начинот на кој се произведени


интегралните кола можат да бидат:
• хибридни и
• монолитни.

• Први се појавиле хибридните интегрирани


кола. Името го добиле затоа што
претставуваат комбинација од пасивни
елементи изработени со технологија на тенок
или дебел филм и дискретни
полупроводнички елементи.
МОНОЛИТНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА
• Монолитните интегрални кола се изработуваат во планарна
технологија со комбинирање на техниките на епитаксијално
растење и дифузија.
• Ситекомпоненти на едно монолитно интегрирано коло се
изведени на една минијатурна плочка од силициум која е сместена
во пластично, керамичко или поретко метално куќиште. Од
куќиштето излегуваат металните ногички (пинови, приклучоци), на
кои се поврзува напојување, сигнал кој се обработува,
потрошувач, или други надворешни компоненти кои не може да се
интегрираат.
• Вонајголем број случаи монолитните интегрирани кола ги имаат
потиснато хибридните иако сеуште се погодни при некои
специфични намени.
ХИБРИДНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Хибридните кола се потиснати затоа што се неекономични


за производство во големи сериии зафаќаат повеќе простор
од монолитните интегрирани кола.
• Хибридните кола се користат во случаи кога има потреба од
повеќе отпорници и кондензатори со големи вредности кои
не можат да се произведат со монолитна техника, како и во
случаи каде има потреба од повисоки работни напони
ИНТЕГРАЛНИ КОЛА (Поделба според начинот на работа)

• Според
начинот на работа и според употребата,
интегралните кола се делат на две класи и тоа:

• аналогни (линеарни) интегрални кола и


• дигитални (импулсни) интегрални кола.
ЛИНЕАРНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Кај
линеарните интегрални кола постои линеарна
зависност помеѓу влезните и излезните големини на
сигналите (напон, струја).
• Кај
нив континуираната промена на влезните сигнали
предизвикува соодветна континуирана промена на
излезните сигнали (напон, струја).
ЛИНЕАРНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Сигналитена влезот и излезот можат да бидат:


еднонасочни или наизменични.
• Кај
некои аналогни интегрални кола постои линеарна
зависност помеѓу влезните и излезните големини. Но
зависноста помеѓу влезните и излените големини може да
биде и логаритамска, експоненцијална , параболична итн.
ВИДОВИ ЛИНЕАРНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Според намената, линеарните интегрални кола се


поделени во следните видови (фамилии):
а) Операциони засилувачи
б) Компаратори
в) Нискофреквентни засилувачи
г) Високофреквентни и широкопојасни засилувачи
д) Модулатори, демодулатори и мешачи
ѓ) Генератори на функции
е) A/D претворувачи
ж) Стабилизатори и регулатори на напон (и струја)
з) Уреди за посебна намена (на пример, комплетен радио
приемник изработен како интегрално коло) и други.
ДИГИТАЛНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Дигитални (импулсни) интегрални кола се оние, кај кои


континуираната промена на влезниот сигнал,
предизвикува дискунтинуирана (скоковита) промена на
излезниот сигнал.
• На пример: Сите влезни сигнали со напони од -5 V до +1,6
V ќе предизвикат на излезот да се добие електричен напон
од 1V (0,8-1,0 V) што се нарекува логичка нула (0), додека
сите влезни напони од +2 V до +5V ќе предизвикат на
излезот да се добие напон поголем од 4V (од 4,0 до 4,4 V)
што се нарекува логичка единица (1).
• За еден тесен интервал на напони (во нашиот пример од
+1,6 V до +2,0 V) не е точно прецизирано што ќе се добие
на излезот, па тоа претставува недефинирана состојба
(недозволена состојба).
ДИГИТАЛНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Името дигитални доаѓа од англискиот збор digit, што значи број


(цифра), а дигиталните уреди и елементи главно работат во
бинарен систем, односно работата со две бројки кои
претставуваат две нивоа на напон претставени со единица и
нула.
• Всушност, нула (“0”) означува т.н. “ниско” (англ. “low" или L) ниво
на напон, а единица (“1”) означува т.н. “високо” (англ.”high" или H)
ниво на напон.
• На ваков дигитален начин (со две бројки) работат сите
компјутери, односно сметачки машини и целокупната современа
дигитална технологија.
ДИГИТАЛНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Постојатфамилии на дигиталните интегрални кола во чии


рамки интегралните кола имаат некои заеднички особини
(слични карактеристики).
• Познатифамилии на дигитални интегрални кола
изработени во биполарна технологија се: RTL, DTL, TTL,
ECL кои имаат и свои подвидови.
ДИГИТАЛНИ ИНТЕГРАЛНИ КОЛА

• Посебна фамилија ја сочинуват C-MOS интегрирани кола


и т.н. MOS уреди изработени во униполарна технологија.
ВИДОВИ НА КУЌИШТА
ВИДОВИ НА КУЌИШТА
РАСПОРЕД НА ПИНОВИ И СИМБОЛИ
ПРИМЕР ЗА АНАЛОГНО ИНТЕГРAЛНО КОЛО

Ознака:LM 386

Вид на интегрирано коло: Аудио засилувач на


моќност
Вид на куќиште:DIL 8 (Dual in line package)-
Ознаката DIL 8 ни кажува дека интегралното коло
има 8 пинови и дека пиновите се распоредени во
две линии
Броењето на пиновите кај овој тип на куќишта
започнува од горниот лев агол (пинот означен со
точка е пин број 1)
ПРИМЕР ЗА АНАЛОГНО ИНТЕГРAЛНО КОЛО
ПРИМЕНА НА LM 386

Електрична шема на аудио засилувач со интегрално коло LM 386


ПРИМЕР ЗА ДИГИТАЛНО ИНТЕГРAЛНО КОЛО

Ознака: CD4011
Вид на интегрирано коло: CMOS дигитално
логичко коло составено од 4 НИ (NAND) порти
Вид на куќиште:DIL 14 (Dual in line package)-
Ознаката DIL 14 ни кажува дека интегралното
коло има 14 пинови и дека пиновите се
распоредени во две линии по 7 пина
Броењето на пиновите започнува од горниот
лев агол (пинот означен со точка е пин број 1),
надолу до пин број 7, а потоа броењето на
пиновите продолжува од десната страна од
долу нагоре 8 до 14. Пинот број 14 е горе десно
ПРИМЕР ЗА ДИГИТАЛНО ИНТЕГРAЛНО КОЛО
ПРИМЕНА НА CD 4011

Електрична шема на аларм (ѕвонче) со интегрално коло CD4011

You might also like