Professional Documents
Culture Documents
Дамјан Јованов Груев
Дамјан Јованов Груев
ЈОВАНОВ ГРУЕВ
Изработил:Давор Најдоски VIII-2
За Дамјан Јованов Груев
Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари 1871 —
Русиново, 23 декември 1906) — македонски револуционер, основач и еден од
најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација.
Возвишуван е како апостол и волја на револуционерна Македонија.
Се родил во селото Смилево, тогаш во Османлиското Царство, а денес во
Македонија, во семејството на Јован и Тула. Се школувал во родното село
Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал
историја на Високата школа. Во
Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во
големиот бунт на учениците во борба против
бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на
македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против
српската пропаганда. На Универзитетот во Софија го формирал
Македонското студентско друштво, кое имало за цел ослободување на
Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот
министер за финанси, Белчев, Македонското студентско друштво се
самораспуштило, а Даме заминал за Македонија.
Дамјан Јованов Груев
◦ Во текот на образовната одисеја на потегот Солун — Белград — Софија, Даме и неговите сопатници
созреале и разбрале дека ослободувањето на Македонија лежи во самите Македонци.
◦ По враќањето во Македонија, дава иницијатива за формирање Учителски сојуз со чисти револуционерни
идеи, но ваквата иницијатива не заживеала. Набргу потоа се нашол како егзархиски учител во родното
Смилево, а во учебната 1892/93 година бил назначен за учител во Прилеп. Во овој град, поради
конзервативната чорбаџиска средина, немало услови за револуционерно делување и незадоволен од
таквата средина, Даме решил да замине во Солун. Во културниот, економскиот и политичкиот центар на
Македонија, Даме се вработил во печатницата на Коне Самарџиев, македонски чорбаџија и издавач.
◦ Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која
влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и др. Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на
Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал
прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно
училиште. Тука првпат се сретнал со Гоце Делчев.
Дамјан Јованов Груев
◦ По враќањето во Солун бил училиштен инспектор. По разговорите во Софија со раководството на
Врховниот комитет на македонската емигрантска организација во Бугарија и во Цариград со егзархот
Јосиф (1895) се уверил дека Македонската револуционерна организација не само што не можела да
смета на поддршка туку и дека претстоело жестоко конфронтирање поради противречности меѓу
двете страни. Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август 1900
) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.
◦ Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација. Бил
префрлен од Битола (мај 1902) во затворот во Подрум-Кале во Мала Азија, каде што бил заедно со
Христо Татарчев и Христо Матов. Во затворот останал 10 месеци (до март 1903). По амнестирањето
се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал неколкудневна
средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.
Дамјан Јованов Груев