Кирил Пејчиновиќ

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Кирил Пејчиновиќ –

Тетоец (1771 – 1845)


Кирил П
ејчиновиќ – Тетоец
(1771 – 1845)
Кој
е Кирил Пејчиновиќ – Тетоец?

• Македонски просветителски автор кој


сите свои дела ги напишал на народен
јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја
претставуваат првата генерација
писатели на современата македонска
книжевност.
Во 1818 година дошол во родниот крај,
во селото Лешок и го обновил
манастирот Св. Атанасија. Во
манастирските конаци отворил
училиште, каде поучувал и млади и
стари. И тука ја збогатил и уредил
библиотеката.
Во слободните часови пишувал. Освен
„Огледало“, тој ги напишал и делата:
„Утешение грешним“, „Житие кнеза
Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан
на неговата надгробна плоча.
Починал 1845 година и е погребан во
дворот на Лешочкиот манастир (Св.
Атанасија).
Биографски податоци за Пејчиновиќ дознаваме
од „Епитафот“ кој го составил за својот
надгробен споменик 10 години пред смртта (1835
г.).

Епитаф на Кириловиот гроб


Теарце му негово рождение,
Пречиста и Хиландар посрижение,
Лешок му е негоо воспитание,
Под плочава негоо почивание —
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие.
Молит вас, браќа негои љубимија,
Хотјашчија прочитати сија.
Да речете: Бог да би го простил,
Заре у гроб црвите ги гостил
Кирил.
Овде лежи
Кирилово
тело,
У манастир
и у Лешок село –
Да бог за доброе
Биографија

• Роден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно


училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и
Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски
настроено, па татко му и чичко му го продале имотот
во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде
се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил
и работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука
го обновил оштетениот манастир и собирал стари
текстови со што ја збогатил манастирската библиотека.
• Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел
дваесетина години. Отворил манастирско училиште и
се истакнал како активен проповедник и просветител
на населението. Тука ја напишал својата прва книга
„Огледало“, печатена во Будим 1816 година.
Творештвото на Пејчиновиќ
• „Огледало“е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на
црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една
голома проповед – „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на
црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик – тетовски говор.
• „Утешение грешним“ – содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја
отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј
Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал
пригоден „Предговор“.
• „Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за оснивач на
Лешочкиот манастир.
• „Епитаф“ – е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови. „Епитафот“
нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на македонски народен јазик.
Значење
• Значењето на Кирил Пејчиновиќ како и на Јоаким Крчовски е во свеста што
црковнословенскиот јазик го заменуваат со народниот.
• Јазикот на Пејчиновиќ е народен, тетовски говор, со примеси на
црковнословенизми и турцизми.

Значењето на Пејчиновиќ, покрај отпечатените книги, е и во тоа што го
подучувал населението, обновувал цркви и манастири, како и тоа што
собирал стари ракописи и средувал манастирски библиотеки за да ги зачува
националните вредности.
Свети
Преподобен
Кирил Лешочки
• На 16 октомври 2022 во
тетовскиот соборен храм „Свети
Кирил и Методиј“извршена е
канонизација и прогласување на
преподобниот Кирил
Пејчиноновиќ за светител
Кирил Лешочки.
• Споменот на преподобниот
Кирил Лешочки – учител и
просветител ќе се празнува на
25 март по новиот стил.

You might also like