Махатма Ганди-1

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Мохандас „Махатма“

Ганди
Биографијата на Махатма Ганди
 Мохандас Карамчанд Ганди е роден на 2 октомври 1869 година во Порбандар,
крајбрежен град на полуостровот Катијавар, а потоа дел од малите кнежевска
држава на Порбандар, во Катијаварската служба на Британско-индиската
империја. Неговиот татко, Карамчанд Ганди (1822 – 1885 година), служел како
„диван“ („diwanˮ,(министер-претседател)) на државата Порбанер. Неговата
мајка, Путали Баи, која потекнувала од Пранамско-ваишнавско семејство, му
била четврта жена на Карамчанд, а првите три жени веројатно починале при
породување.
 Во мај 1883 година, 13-годишниот Мохандас бил во брак со 14-годишната
Кастурбаи Макањи со договорени детски бракови, според обичајот на тој крај.
 Мохандас и Кастурба имале уште четири деца и сите биле машки: Харилал,
роден во 1888година, Манилал, роден во 1892 година, Рамдас, роден во 1897
година и Девдас, роден во 1900 година. Во своето средно училиште во
Порбандар и средното училиште во Рајкот, Ганди останал како просечен
ученик.
 Во 1888 година, Ганди многу патувал во Лондон, Англија, за да студира Право на
Лондонскиот универзитетски колеџ, каде што студирал Индиско право и правни
науки, а се обучувал како адвокат во храмот „Инер Темпл ˮ ( ˮInner Temple ˮ). Во
јуни 1891 година бил повикан на адвокатура, но неговите адвокатски обиди во
Бомбај не успеле, бидејќи тој бил премногу срамежлив да зборува пред судот.
Пресвртница во животот на Ганди
 Кога имал 24 години, Ганди пристигнал во Јужна Африка за да работи
како правен застапник за муслиманско-индиските трговци со седиште во
градот Преторија. Поминал 21 година во Јужна Африка, каде што ги
развил своите политички ставови, етиката и политичките водачки
вештини. Во Јужна Африка, Ганди се соочил со дискриминацијата
насочена кон сите луѓе од другите раси. Во градот Питермарицбург тој
бил фрлен од воз по одбивањето да се потргне заради луѓето од првата
класа. Ганди за тоа протестирал и следниот ден му било дозволено да
патува во првата класа. Во друг случај, возач на кочија го претепал Ганди
бидејќи одбил да се помрдне и да направи место за еден европски
патник. Тој на патувањето трпел и други неволји исто така, вклучувајќи и
забрана за престој во некои хотели.
 Овие настани биле пресвртна точка во животот на Ганди, кои го освестиле
од социјалната неправда и биле почетна основа за неговиот социјален
активизам.
 Во 1894 година, Ганди помогнал во основањето на Индискиот Конгрес во
Натал, и преку оваа организација, тој ја направил Индиската заедница во
Јужна Африка, во обединета политичка сила.
Борбата на Ганди
 Во 1900 година, за време на Бурската војна, Ганди доброволно оформил
група возачи за брза помош. Сакал да ја негира британската идеја дека
хиндусите не биле погодни за „јуначкиˮ активности кои вклучуваат ризик и
напор. Ганди со тоа покренал илјада и сто индиски доброволци.
 Во 1915 година, Ганди засекогаш се вратил во Индија, понесувајќи со себе
репутација на водечки индиски националист, теоретичар и организатор. Тој
се приклучил кон Индискиот национален конгрес.
 Ганди го презел управувањето со конгресот во 1920 година и започнал со
сериозно проширување на барањата сè до 26 јануари 1930 година кога
Индискиот национален конгрес ја прогласил независноста на
Индија. Британците не го признале тоа, а преговорите биле сè потешки.
 Тензиите ескалирале сè додека Ганди не побарал итна независност во 1942
година, а британците возвратиле преку затворање на гувернерот, како и на
десетина илјади водачи на Конгресот за нивното времетраење. Во
меѓувреме, партијата, ˮМуслиманска Лига“ соработувала со Британија и
застанала против силната отпорност на Ганди, но со барањето за целосно
одделување на Пакистан, како муслиманска држава. Во август, 1947 година,
Британците ја поделиле земјата, на Индија и Пакистан, секоја достигнувајќи
независност, под услови со кои Ганди не согласувал.
Ганди за правата на жените
 Ганди силно се залагал за еманципација на
жените.
 Тој се спротивставил за изолација на жените,
малолетничкиот брак и екстремното угнетување
на вдовиците.
 Тој посебно барал и жените да учествуваат во
кампањите, да имаат подеднакв право на
образование.
 Со неговите ставови во однос на правата на
жените, Ганди овозможил многу жени да се
стекнат со нова самодоверба и достоинство и да
имаат голема улога во главните текови на
индискиот јавнен и политички живот.
Животниот крај на Махатма Ганди
 Махатма Ганди умрел на 30 јануари 1948 година.
Бил убиен од страна на Натурам Годсе со три
куршуми во градите со изговор дека Годсе се
плашел дека Махатма Ганди ќе ги исполнел сите
барањa на муслиманите во Индија.
 Тој умрел во Палатата на Ага Кан во Пуна.
 Според хиндуската традиција, посмртните останки
требало да се фрлат во река. Посмртните останки
на Ганди биле ставени во урни и повеќето од нив
биле потопени во реката Сангам во Алахабад на
12 февруари 1948 година, но некои биле тајно
одземени. Некои посрмтни останки на Ганди биле
расфрлани на изворот на реката Нил, во близина
на Џинџа, Уганда, другата урна е во палатата на
Ага Кан во Пуна (каде што Ганди бил затворен од
1942 година до 1944 година), и уште една урна е
потпоена во езерото Шрајн, во Лос Анџелес.
Учењето / пораките на Махатма Ганди
 „Нема пат кон мирот. Мирот е пат.”
 „Како човечки битија, нашата големина не лежи
толку во можноста да го смениме светот — туку
во можноста да се смениме самите себе.”
 „Ти мораш да бидеш промената која сакаш да ја
видиш во светот.”
 „За мојата цел сум спремен да умрам, али за
ниту една цел, мој пријателу, не сум спремен да
убијам.”
 „Мораме да ги почитуваме другите религии,
како што ја почитуваме нашата. Толеранцијата
не е доволна.”
 „Силата е оружје на слабите; ненасилството е
оружје на силните.”
Мохандас
„Махатма“
(санскрит, со значење:
„великодушен“ „достоинственˮ)
Ганди
Изготвил:

Максим Маркудов

You might also like