Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Создавање на МРО

Дамјан Блажевски II-6


Создавање на МРО
• Во 90-те години на 19 век позицијата на македонија
се влошува и се појавуваат неопходните услови за
формирање на координирана организација која би
ја ослободила Македонија и би создала независна
територија слободна од Османлиска власт.
• На 23 октомври 1893 год. во Солун се групираат
македонски интелектуалци, на чело со Дамјан Ј.
Груев и ја поставуваат основата на Македонската
револуционерна организација(МРО). Ова се смета
за нова етапа во борбата на македонскиот народ за
слобода и независност.
Организација и развој
• Интра-групната организација значително се зајакнува преку
формирањето на Централен комитет(ЦК) во јануари 1894та
година. Д-р Христо Татарчев е назначен за претседател на
комитетот, а Даме Груев како секретар. Уставот бил напишан од
Петар Поп Арсов. При зачленување во организацијата, требало да
се положи клетва пред евангелие, кама и револвер.
• Значајни дејци кои ја популаризирале партијата меѓу народните
маси се Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански и
други.
• Од горе лево- кон десно: Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Христо
Татарчев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев
Првиот Конгрес на МРО
• МРО одржала прв Конгрес во април 1896та
година во Солун. На овој конгрес исто така е
решено МРО да се прошири и кон Одринската
област и со тоа добива ново име: ТМОРО(Тајна
македонско-одринска револуционерна
организација). Новиот устав бил изготвен од Гоце
Делчев и Ѓорче Петров, според кој највисок орган
на ТМОРО е конгресот.
• ТМОРО ја организира Македонија во повеќе
револуционерни окрузи: Солунски, Битолски,
Скопски, Струмички и Серски се со цел полесно
раководство. При тоа се формирале и тајна пошта
со шифри, курири и администрација.
• Во рамките на ТМОРО без оглед на верата или
националноста учествувале сите тие кои биле за
конечно формирање на независна Македонија
Четнички институт
Во 1898 год. се формираат четите на ТМОРО кои биле поделени на
селски и околиски. Гоце Делчев бил назначен за организатор поради
неговото знаење на воените вештини и го обучил населението да се
бори. Биле формирани и четнички школи од каде произлегле војводи и
борци-четници. Биле изградени и леарници за бомби во Саблер на
Осоговските Планини, с. Дедино-Радовишко, Смрдеш- Костурско и други
места.
Од големо значење за демократизација на партијата било вклучувањето
на левичарите(социјалисти) Никола Петров Русински, Никола Карев и
Веле Марков. Финансирањето било преку плаќање членарина и преку
откуп на побогатите. Значаен бил откупот на Мис Стоун кој ТМОРО ја
снабдил со 14 илјади турски лири.

You might also like