Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 23

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ

TEMA:
МАШИНИ ЗА САДЕЊЕ И РАСАДУВАЊЕ

ПРОФЕСОР: ПРЕДМЕТ:
Д-Р РИСТО КУКУТАНОВ МЕХАНИЗАЦИЈА
Вовед

*Предметот механизација
*Машини за садење
*Машини за расадување
*Современи машини
Машини за садење

Во земјоделското производство има голем број култури кои се садат во


вид на клубени во отворен и затворен простор. Во тој случај,
машините треба да ги исполнат техничкотехнолошките барања кои во
целокупната производна технологија ќе обезбедат доволен простор за
развој на поединечните растенија, што е основен услов за да се добие
висок и квалитетен принос. Клубените треба да се посадат во редови
со растојание кое најчесто изнесува 60 - 70 sm, додека растојанието во
редот се движи околу 25 sm. Длабочината на садење се движи околу 8 -
12 sm, што зависи од земјишните и климатските услови. Кај
прецизното садење се бара да се вади по една кртола, а ретко се
применува и садење во гнезда. Според сложеноста на работата,
односно трошењето на работната сила, садачките за клубени може да
се поделат на садачки со рачно внесување, полуавтоматски и
автоматски. Без разлика на сложеноста, сите садачки имаат некои
заеднички органи и тоа: сандак за клубени, разгранувач за отворање на
бразди и загрнувач, додека уредите за сеење се со специфична
конструкција. Садачките, по правило, се опремени со маркери чија
функција и изработка е слична како и кај сеалките. Честопати се
комбинирани со уред за внесување на ѓубре, а можат да имаат и уред
за апликација како и други додатоци.
Сандакот за клубени

Сандакот за клубени е со различна изработка во зависност од типот на


садачката. Кај садачката со рачно внесување и полуавтоматското
често е решетковиден. Кај автоматските садачки, тој обично е
изработен од лим. Може да биде фиксиран, а кај некои и подвижен.
Во долниот дел, сандакот се разделува на повеќе прегради, колку
што има садачки единици. На дното се наоѓаат регулатори, т.н.
пеперутки со кои се регулира поместување на клубените до
садачките единици. Волуменот на сандакот треба да биде доволен,
така што со едно полнење да се засадат два проода поради
рационално користење, односно подобро користење на времето,
обично се движи околу 300 броја по ред.
Загрнувачи

Нафрлуваат слој на ситна земја и со тоа ги покриваат


клубените. Можат да бидат во облик на ралник со дводелна
штица, дискови со два косо поставени диска, во облик на
коси штици и слично. Некои садачки, обично се
комбинирани, предзагрнувачите имаат косо поставени
притисни тркала.
Разгрнувач

Елементот за отворање на бразда е со различен начин на изработка


и форма. Најчесто се применува во облик на ралник со
регулирачки агол. Зад ралникот е поставена дводелна штица
чии делови можат да се шират и собираат, со што се регулира
ширината на браздата.
Апарати за садење

Апаратите за садење се различни по конструкција во зависност од


типот, односно сложеноста на садачката. Кај садачките со рачно
внесување, работникот кој сади, на знак од сигналниот уред,
најчесто е тоа ѕвоно, уфрла по еден клубен во цевката за
спроведување на кртолите која ги спроведува во браздата која ја
отвора разгрнувачот. Кај полуавтоматските садачки, работникот
поставува клубен од сандакот во работните органи за садење, кои
ги спуштаат кртолите во цевката за спроведување на клубените во
браздата. Уредите за садење се најчесто во облик на хоризонтално
тркало со прегради, ретко во облик на ланци со чашки или
вертикално тркало со прегради. Кај уредите со хоризонтално
тркало, клубените од преградата паѓаат во цевката за спроведување
на клубените во браздата, односно од нешто поголема висина, со
што доаѓа до нерамномерен распоред на клубените во редот.
Растојанието помеѓу клубените во редот се регулира со
промена на брзината на уредот, што се врши со измена на
преносниот однос, комбинација на синџирот и запченикот.
Автоматските садачки имаат уред за садење во облик на
вертикален диск со лажички, синџир со лажички или во
облик на лента и друго, чии работни органи сами зафаќаат
по еден клубен од сандакот и внесуваат во цевката за
спроведување, односно клубенот го внесуваат во отворената
бразда. Сандакот во долниот дел е продолжен во куќиште,
односно кош или преграда за хранење. Под продолжението
на сандакот е поставен регулирачки отвор, со помош на кој
се регулира количеството на клубени кои треба да поминат
до работните органи. Кај уредот со вертикален диск на
бочната страна на дискот се поставени лажички, т.е. чашки
за зафаќање на клубените. Обликот на лажичката (чашката)
е прилагоден на обликот на клубенот.
Во зависност од големината на кртолата лажичката може да се
менува, но за квалитетно садење, потребно е клубените да се
сортирани. Со лажичката се поставени, т.н. палци за
придржување на клубените, односно за отворање и затворање
на лажичката. Поминувајќи низ масата на клубени, во
преградите за полнење, палецот е оттргнат, односно лажичката
е отворена и зафаќа по еден клубен и која ја подигнува. Потоа
палецот се поместува и го придржува клубенот. Доаѓајќи до
отворот за испуштање на клубенот, палецот се оттргнува и
тогаш клубенот испаѓа од лажичката (чашка) и се внесува во
браздата низ спроводните цевки.
Уредот во облик на синџир со лажички, облик на бескраен синџир,
на кој на одредено растојание се поставени фаќачи на клубени во
облик на лажички. Лажичките најчесто се изработени да
зафаќаат по еден клубен, а кај некои садачки можат да се
менуваат во зависност од големината на клубенот. Кај садачките
со непроменливи лажички, при садење на ситни клубени,
лажичката зафаќа повеќе клубени од кои вишокот се враќа назад,
а лажичката понатаму носи само по еден клубен. Некои садачки
имаат синџир или лента со лажички во два реда, кои се
поставени наизменично. Автоматските садачки, најчесто, се
опремени со уреди за дополнително полнење на празните
лажички. Уредот може да биде во облик на додатен, помошен
кош за клубени, кој е поставен над главниот сандак. Синџирот со
лажичките поминува низ дополнителниот кош, тука празнатите
лажички се полнат со клубени. Сложен е посебниот додатен уред
за полнење - коректор, изведен во облик на хоризонтално коло со
прегради кое е поставено над ланецот со лажички.
На излезот празните лажички, преку систем на лостови, се
покренува помошното коло за една преграда, тој клубен
паѓа во празната чашка (лажичка). Посебен тип на уред за
садење е во облик на транспортна лента од различен
материјал, која при секоја употреба доаѓа до помало
оштетување на клубените. Растојанието помеѓу клубените
во редот кај автоматските садачки се приспособува со
промена на брзината на движење на синџирот, односно на
тркалото со лажички. Растојанието помеѓу редовите се
регулира со разместување на садните единици по
попречната греда на рамот. 276 Длабочината на садење се
прилагодува со подигнување или со спуштање на
разгрнувачот. Обликот на формалниот гребен се менува со
местење на загрнувачот, подигнување или спуштање како
и ширење, т.е. собирање.
Полуавтоматските и автоматските садачки

Полуавтоматските и автоматските садачки, најчесто, се опремени


со уред за внесување на ѓубрива. Уредот се состои од сандак
(кутија) за ѓубриво, апарат за изнесување на ѓубривото,
спроводна цевка и внесувач на ѓубриво. Конструкцијата и
местењето на уредот е сличен на уредот за ѓубрење кај
сеалките.
Автоматска садачка за компир

а)-Лента со лажички (отстранување на вишокот клубени со


хоризонтално движење на лентата); б)-Автоматска садачка со диск
со лажички, 1-сандак за клубени, 2-зона на зафаќање на клубените,
3-диск со палци, 4-набраздувач, 5-кутија за ѓубриво, 6-мерач, 7-
ротор, 8-загрнувач; в)-уред за садење со двојни ленти, 1-лента со
рамна површина, 2-лента со отвори, 3-сандак, 4-спроводник на
клубени
машини за садење на жито
МАШИНИ ЗА РАСАДУВАЊЕ

Во земјоделското производство голем број од културите се расадуваат со


претходно подготвен расад. За расадување на насадот во отворен и
затворен простор се користат машини расадосадачки кои наоѓаат
широка примена во практиката. Тоа се должи на фактот што по
конструкција се едноставни и евтини за набавка, а и многу лесно се
регулираат и се адаптираат во теренските услови. Се среќаваат во
различни конструктивни изведби, од едноредни до петоредни, каде што
целокупниот работен процес се извршува полумеханизирано.
Посадочниот материјал може да се произведе на повеќе начини, а
најчести постапки се :  директно садење на припремени површини, од
каде се добива расад со големи жили;  во прехрамбени коцки, во
контејнери;  во тресетни впивачки таблети итн. Во производството на
расад се користат механизирани постапки за: подготовка на подлогата за
развој на посадочниот материјал кој се состои од: хумусна земја, песок,
спалена слама, кори од стебла на дрвјата и други биолошки отпадоци. За
припрема се користат машини за дробење, ситнење, прекопување,
мешање, дезинфекција и др. Правење на хранливи коцки од супстрат и
посадочен материјал. За тоа постојат машини за правење на хранителни
коцки. Уфрлување на садниот материјал во ќелиите на контејнерот од
хартија, пластика, стиропор и друго
Садење на расадот може да се изведува рачно, автоматизирано и
полуавтоматизирано. Рачната сеидба е многу тешка и нископродуктивна
работа, за тоа се потребни голем број работници. Еден работник дневно
може да посади 2000 до 4000 коренчиња расад. Со полуавтоматизирано
садење продуктивноста е зголемена 4 до 5 пати со мехнизираното
садење се постигнува точно и воедначено садење и поголема брзина и
иста длабочина на садење. Најмногу се применуваат
полуавтоматизираните садилки со полуеластични дискови и со фаќалки
на ланец. Таа се состои од ланец на кој се прикачуваат секциите за
садење. Секциите за садење се сотојат од отворач на бразда, пар
еластични дискови кои се закосени еден наспроти друг. Едниот од
дисковите добива погон од нагазните тркала, односно преку запченици.
Расадот се врти заедно со дискот се до мометот кога двата диска не
почнат да се раздвојуваат, во тој момент расадот паѓа вертикално во
браздата. По паѓањето на расадот нагазните тркала ја нагазуваат земјата,
а нагрнувачите ги нагрнуваат коренчињата од расадот. Работникот седи
на седиштето вградено во садачката. Тој со едната рака го става
коренчето расад помеѓу дисковите, а со другата рака го држи остатокот
од расадот. Обично по еден саден агрегат се ангажираат 1 до 2 работника
кои ги пополнуваат празните места со рачно садење. Составот на еден
саден агрегат кој има 5 секции е следниот: 5 принесувачи на саден
материјал + 2 додавачи на букетот од расад + 2 работника кој
пополнуваат празни места. Работната брзина на агрегатот се движи од
0,5 до 2 km/h, за помало растојание има помала работна брзина и
обратно. Но, притоа треба да се има предвид дека на еден работник му е
Полуавтоматизирана расадосадачка со еластични
дискови, модел стандард

1-отворач на бразди, 2-еластичен диск, 3-притисно тркало, 4-


седиште за работник, 5- загрнувач, 6-рам на секција за садење
Машините за расадување, според конструкцијата, составени се од
шасија која што е различна по димензии во зависност од тоа
дали е со една или со пет батерии (уреди) за садење. Обично
шасијата на предниот дел има основна метална шина, а
паралелна на неа е дополнитената на задниот дел на која се
поставени батериите. Секоја батерија поединечно е составена
од седиште - апарат за расадување, корпа за расад и уред за
нагрнување на расадените растенија. Зад двете шини од
шасијата батеријата е поврзана со завртки и навртки со што е
овозможено таа добро и стабилно да биде прицврстена, но да
дава можност и за нејзино поместување.
Речиси кај сите видови расадосадачки, дали од предната или од задната
страна, поставен е резервоар за вода кој овозможува во текот на
расадувањето да се изврши дотур на вода. На резервоарот има онолку
отвори колку што имаат батерии. Принципот на работа при
расадување со овие машини се врши на тој начин што работникот седи
на седиште, каде што секогаш расадот му е на дофат од основата, при
што со левата рака зема одредено количество на расад, а со десната
рака врши поединечно одвојување и поставување во апаратот за
расадување. Апаратот за расадување е составен од два метални
дискови кои што се споени, така што при доаѓање на горниот дел се
доближуваат повеќе и го зафаќаат расадот и со нивно вртење го
внесуваат во земја. Во однос на правецот на движење, расадот се
поставува со коренот нагоре, пришто со завртување навлегува во
отворената браздичка, а потоа со ровка земја се нагрнува со апаратот
за нагрнување. Најчесто од условите во Р Македонија се употребува
вода, каде што од бурето кое е поставено на расадосадачката преку
пластични црева доаѓа до секоја батерија во просторот на отворената
браздичка каде се поставува расадот, со што на расадот му се дава
дополнителна влажност, што има големо значење за подобро
прифаќање при расадувањето. Целокупната маса од машината и од
работниците отпаѓа на транспортните тркала. Но, доколку нема
транспортни тркала на секоја батерија, на поставените уреди за
загрнување кои се всушност метални тркала косо поставени и имаат
функција да ја носат масата на машината и на работниците и
Основни составни делови на една батерија за
расадување

1-разгрнувач, 2-диск, 3-сегмент за означување на растојанието за


ставање на расадот, растение, притисно тркало
Минимален меѓуреден простор кај стандардните верзии на
садачки е 50 sm. Примената на продолжниот рам кој се
поставува кај стандарните садачки, а кој изнесува 30 sm. од
садница до садница. Бидејќи е мала работната брзина садачките
треба да се поставуваат на трактори со многу степени на
пренесување. Еден работник со полуавтоматизирана садачка
може да засади 40 - 45 коренчиња расад во минута, односно
околу 2500 коренчиња во еден час. Работната брзина зависи и
од растојанието на засадени растенија внатре во редот.
расадување
Заклучок

*Олеснување со модерната механизација


*Лична претпоставка
*Искуство од механизација
Користена литература

https://e-lib.ugd.edu.mk/pdf/pdf_ss9s/6872697374696a616
e2e303932373738ri.pdf

https://www.google.com/search?q=%D0%BC
%D0%B0%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B8+
%D0%B7%D0%B0+
%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%9A
%D0%B5&source=lmns&bih=747&biw=1536&rlz=1C1
GCEA_enMK932MK932&hl=mk&sa=X&ved=2ahUKE
wit8a6g0pmCAxW8iP0HHdbAA1oQ_AUoAHoECAEQ
AA#ip=1
Изработил:
Христијан Панов

You might also like