Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Енергија на

остров
Вовед
На еден мал остров во Индискиот Океан имало голем
земјотрес. Поради тоа група научници (сеизмологисти)
биле пуштени да го истражат островот. Островот е
напуштен, на него не живеат луѓе и поради тоа нема
енергија на островот. Поради тоа нашата група е
пратена на островот за да им обезбеди енергија на
научниците. Добивме опис на островот и во него
пишува дека на остовот има река, ридови со висина од
500 метри и исто така на островот има присуство на
геотермална енергија.
Како ќе обезбедиме енергија

Откако го разгледавме описот на островот, ние


издвоивме неколку начини за да обезбедиме енергија
на островот. Тие се:
• Енергија на Сонцето
• Енергија на Водата
• Енергија на Ветерот
• Геотермална Енергија
Енергија на Сонцето
Бидејќи островот се наоѓа во Индискиот Океан кој е
најтоплиот океан во светот, енергијата на сонцето може
да се искористи.
Сонцето е еден од најголемите обновливи и природни
извори на енергија.
Неговите технологии се широко карактеризирани или
како пасивно сончево или активно сончево во
зависност од тоа како тие ја доловуваат и
дистрибуираат сончевата енергија или го претвораат во
сончева сила. Активни сончеви техники вклучуваат
употреба на фотоволтични системи, концентрирана
сончева сила и сончево водено загревање на водата за
искористување на енергијата. Пасивните сончеви
техники вклучуваат ориентација на зграда до Сонцето,
избор на материјали со поволна топлинска маса или
дисперсија на светлина и дизајнирање простори кои
природно циркулираат воздух.
Eнергија на водата
Хидроенергија или енергија на водата е онаа енергија
која потекнува од силата на водата (hydro), па од тука и
нејзиното име. Претставува конвенционален обновлив
извор на енергија, кој со векови се користи за добивање
механичка, а веќе подолго од сто години и електрична
енергија.Хидроелектрана или хидроелектрична
централа е електрична централа за производство на
електрична енергија со вода. Течната вода пак со својата
кинетичка енергија со помош на хидраулична турбина,
која е поврзана со електрична машина - генератор на
електрична енергија.
Овој вид на електрани се гради на местата каде постојат
доволно течна вода во смисла на количината и
висинската разлика. Силата на хидроелектраните е
пропорционална количина на вода и висинската
разлика. Затоа се бираат водотекови со голем проток на
вода (рамничарски реки со мала висинска разлика не е
поволна) или планинските реки со помал тек, но со
голем пад од височина.
Eнергија на ветерот
Енергијата на
ветерот (или еолска енергија) е
една од првите форми на
енергија која ја користел
човекот.Ветерна турбина е
вртежна
направа што ja користи силата
на ветрот за да добие
механичка енергија, која потоа ја
претвора во електрична. Нив ќе
ги поставиме на ридовите и со
нивна помош научниците ќе
имаат енергија во зима.
Геотермална енергија
Геотермалната енергија е неверојатен потенцијал,
бидејќи се проценува дека целиот систем има над
50.000 пати повеќе енергија отколку што може да се
добие во најоптимални услови од сите наоѓалишта
на природен гас и нафтени горива ширум светот.
Користењето на геотермалната енергија како
примарна енергија би ја намалило експлоатацијата
на фосилните горива, а со тоа и емисијата на
топлина. Оваа енергија се користи во многу земји за
греење на куќи и индустриски постројки, како и за
производство на електрична енергија. Во
природата, геотермалната енергија најчесто се
јавува како извор на топла вода или како гејзер.
Изворите можат да бидат многу блиску до
површината, но можат да бидат и на длабочина од
неколку километри, било како подземни извори на
топла вода и водена пареа или како резервоари кои
се експлоатираат на површината.
Изработено од:
Кире Стиков,
Стојан Маниќ,
Марјан Радински,
Марио Поп-Кочев
Димитар Апостолов

You might also like