Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 23

Инклузивен тим и кодекс на

инклузивна практика

Проф. д-р Зора Јачова


Институт за специјална едукација и рехабилитација
Филозофски факултет - Скопје
Како да се започне со инклузивното
образование

а) Идентификација и проценување

 Идентификуваното дете со ПП во училиштата со помош на скрининг


инструмент.
 Идентификацијата на децата за потребите на инклузивното образование во
координација со здравствената, рехабилитационата и социјалната служба е
грижа на сите заинтересирани страни.
 Проценката секогаш резултира со акционен план (со однапред поставени
цели) за секое дете посебно.
 Родителите секогаш ќе бидат инволвирани.
 Креирање на позитивната клима со внимателно информирање на сите во
училиштето подразбира и вклучување на сите родители пред
започнувањето со инклузивното образование, затоа што негативните
ставови и недоразбирањето можат да предизвикаат уништувачки
реперкусии.
Како да се започне со инклузивното
образование
 б) Инклузивни образовни прописи
 Стартната точка, секогаш треба да биде креирана согласно со
образовните прописи и индивидуалните потреби во редовната
училница.
 Децата со ПП кои ќе добиваат помош во редовната училница секогаш
треба да бидат сместени близу наставникот и таблата и ако е потребно
до изворите на светлина.
 За децата со комплексни потешкотии се поставува барање за пружање
на екстра помош. Во тој случај неопходно е да се обезбеди соодветна
училница или простор, што ќе биде употребен за реализација на
посебни инструкции надвор од редовната училница.
 Кога се конструира нова училишна зграда треба да се земат предвид
потребите на децата со посебни потреби.
 Кога се гради служба за инклузивно образование се стартува со деца
од предучилишна возраст.
 Да му се даде можност на директорот и наставниците да ги разберат и
почитуваат оние деца кои имаат ПП.
б) Инклузивни образовни прописи

 Да се изработи прецизен концепт за работа на службите на инклузивното


образование, со цел да им се помогне на децата со посебни потреби во редовното
училиште.
 “Инклузивниот образовен тим” на локално ниво се состои од 6 до 8 одредени
специјални едукатори – дефектолози или, пак, соодветни стручни лица, специјалисти.
 Истражувачкиот тим е должен да организира курсеви за редовни наставници на
локално ниво, со цел, да се запознаат со потребите на децата со ПП. Тоа претставува
основен предуслов за развој на инклузивното образование.
 Целта на овие курсеви е да се оспособат наставниците со базични знаења во
инклузивната едукација преку информации содржани во истражувачкиот пакет
(прирачникот).
 Вклучување родители за асистирање во инклузивниот образовен процес на децата со
ПП.
 Локалната едукација на наставници за инклузивно образование бара и развој на
служба за експертиза и супервизија.
Воведување на принципи и постапки за
реализирање на инклузивната практика
Принципи

1.Преземање на соодветни мерки и обезбедување на потребните услуги во


најразлични форми, со цел, да се задоволат потребите на децата со ПП во текот на
нивното школување во редовното училиште, градинка.

2.На децата со ПП да им се обезбеди најголем можен пристап до широко и


избалансирано образование, вклучувајќи ги наставните програми.

3.Потребите на децата со ПП утврдени со официјална изјава (проценка) од страна


на комисија или на оние без изјава, земајќи ги предвид желбите на родителите, да
бидат задоволени во рамките на редовниот образовен систем заедно со нивните
врсници без ПП.

4.Делотворна проценка и услуги најдобро ќе се обезбедат во случај ако постои


соработка помеѓу училиштата и родителите земајќи го предвид знаењето,
мислењето и искуството на родителите.

5.Пружање на соодветна рана интервенција на децата со ПП пред возраста за


Воведување на принципи и постапки за
реализирање на инклузивната практика

Постапки

1.Потребите на децата со ПП треба да се препознаат што е можно


порано и да се проценат побрзо.

2.Услугите на децата треба да се обезбедат од страна на соодветна


установа и редовно училиште кое ќе соработува со родителите и на
тој начин ќе се задоволат потребите.

3.Желбите на детето што со сигурност можат да се утврдат во


светлината на возраста и нивото на разбирање да се земат предвид.

4.Мултидисциплинарниот приод при решавањето на прашањата ќе се


обезбеди, доколку постои соработка помеѓи заинтересираните страни.
Дефинирање на фазите

Приодот во препознавањето и проценувањето на


посебните потреби и обезбедувањето на потребните
специјални образовни услуги за да се задоволат таквите,
ќе се врши во пет фази.
Дефинирање на фазите
Прва фаза

 Наставниците ги препознаваат и регистрираат посебните потреби на


детето во консултација со координаторот за посебни потреби на
училиштето.
 Почетната загриженост ја изразува наставникот, родителот или стручното
лице од социјалната или здравствената служба, доколку детето не е
прифатено со рехабилитациона програма од страна на стручни служби за
рана интервенција – патронажна служба (здравствена, социјална служба и
инструктивна работа на специјални едукатори со родителите во период од
тригодишна возраст) осносно доколку ПП не се утвредни претходно.
Дефинирање на фазите
Прва фаза
 Одделенскиот наставник го известува координаторот, кој ги
забележува посебните потреби на детето.
 Одделенскиот наставник собира податоци, го прави првичното
проценување и ги известува родителите.
 Одделенскиот наставник размислува дали се потребни
дополнителни советувања и помош или обезбедување помош во
нормални одделенски услови, водејќи евиденција за природата на
преземените мерки.
 Се преиспитува напредокот со соодветно ангажирање на
родителите
 Се применува втората фаза
Дефинирање на фазите
Втора фаза
 Координаторот за ПП ја презема главната одговорност за собирање и водење на
евиденција за податоците и за координирање на специјалните образовни услуги за
детето во соработка со наставниците.
1. Се врши ревизија на првата фаза.
2. Одделенскиот наставник го известува координаторот, кој во регистарот ги внесува
посебнинте потреби на детето и се согласува дека е потребно да се даде мислење и
помош.
3. Координаторот за ПП, заедно со одделенскиот наставник ги разгледува достапните
податоци и собира информации од надворешните служби.
4. Координаторот за ПП ги бара потребните дополнителни мислења.
5. Координаторот за ПП, наставникот во консултација со мобилниот ресурсен учител
изработуваат образовен план (ОП) и доставуваат известување до родителот.
6. Се спроведува образовниот план.
7. Се врши ревизија на остварениот напредок со соодветна вклученост на родителите.
Дефинирање на фазите
Трета фаза

 Наставниците и координаторите за ПП добиваат помош од


надворешни специјалисти.
1. Одделенскиот наставник го известува ПП координаторот кој во
регистарот ги внесува посебните потреби на детето и се согласува
откако ќе се консултира со директорот на училиштето и
ресурсниот учител (специјалниот едукатор) дали е потребно
неодложно да се преземат интензивни мерки од специјалистичка
помош.
2. Координаторот за ПП ги бара потребните дополнителни мислења.
3. Одделенскиот наставник и ресурсниот учител изработуваат ОП
(образовен план) според кој работат заеднички. За предвидените
активности во образовниот план го информираат координаторот
за ПП.
Дефинирање на фазите
Трета фаза

4. Се спроведува образовниот план, односно се пружа соодветна


стручна помош од страна на ресурсниот учител за време на
реализацијата на наставниот час или дополнително.
5. За активностите во образовниот план се информираат и
консултираат родителите, односно се ангажираат максимално да
учествуваат во соработката со тимот.
6. Се врши ревизија на остварениот напредок во присуство на
родителите.
7. Доколку ревизијата не упатува на напредок, тогаш директорот
поднесува барање за комисиско оценување на способностите и
упатување во соодветна установа согласно со родителите, со
опција да се врати повторно во редовното училиште.
Дефинирање на фазите
Четврта фаза

 Комисијата ја разгледува потребата од


издавање на изјава за посебните потреби, ги
ревидира обезбедените услуги, бара мислење
од релевантните служби, вклучени во
обезбедувањето на специјалните образовни
услуги.
Дефинирање на фазите
Петта фаза

 Комисијата ја споделува одговорноста со училиштето и


родителите. При формирањето на одлуката за можноста за
обезбедување на специјални образовни услуги потребни за да се
одговори на потребите на детето со средства што се нормално
достапни на училиштето (фонд за покривање на дополнителните
потреби на деца со ПП што се добиваат преку локалната
заедница).

 Доколку со официјалната изјава (проценка) се утврди дека на


детето му е потребно преместување од редовното училиште во
посебни училишта, на родителите им се дава можност да се
изјаснат при разгледување за можностите за сместување
(можност да ги изразат своите желби).
Изјавата треба да се состои од пет дела:

Податоци за детето (име, адреса, датум на раѓање, мајчиниот јазик и


адреса на родителите – старателите).
Посебни потреби (поединости за посебна потреба утврдена според
мислењата приложени како прилози).
Специјални образовни услуги:
а) Целите што треба да ги исполнат обeзбедените услуги
б) Спецификација на специјалните образовни услуги
в) Мерките што треба да се преземат за следење на напредокот остварени
во исполнувањето на целите (особено за краткорочните) и редовна
проверка за напредокот на детето.
Сместување (името на училиштето каде што ќе бидат обезбедени услугите
или мерките што треба да се преземат со пружање на дополнителна
стручна помош од соодветни институции).
Вонобразовни потреби (сите релевантни вонобразовни потреби на детето
според согласноста на вклучените служби).
Вонобразовни услуги (спецификација на сите релевантни вонобразовни
услуги што се потребни да се обезбедат за да се задоволат вонобразовните
потреби).
Прецизирање на работните задачи на тимот што
е вклучен во обезбедувањето на соодветните
услуги во рамките на училиштата (градинките)
 Училишниот тим на секое училиште (градинка) треба:
 да ја определи и да ја ревидира својата политика во поглед на обезбедувањето на
образование на деца со посебни потреби;
 да изготви годишни и акциони програмиза својата работа;
 да ги објави пропишаните информации за својата политика и за обезбедените услови за
учениците со ПП;
 да поднесат годишни извештаи до родителите за мерките преземени во спроведувањето на
училишната политика;
 да прават усилби за обезбедување на посебните образовни услуги за децата со ПП;
 да обезбедат соодветна обука за наставниците во чии одделенија се вклучени деца со ПП,
со цел наставниците да се запознаат со ПП на децата;
 да ја потенцираат важноста за препознавање на посебните потреби и обезбедување услуги
соодветни на потребите;
 вклучување на децата со ПП со децата без ПП во училишните активности компатибилно
со специјалните образовни услуги.
Директор на училиштето (градинката)

 Ја носи одговорноста за секојдневно


управување со сета училишна работа,
вклучувајќи го обезбедувањето на услугите за
ПП во координација со координаторот за ПП и
за својата работа редовно го известува
Училишниот одбор.
Координатор за посебни потреби

Назначен наставник (педагог, психолог) кој е е задолжен за:

секојдневното функционирање на ПП
координација во обезбедување на услуги за ПП и обезбедување на

соработка со соодветни стручни лица (мобилни ресурсни учители)


соработка со стручни институции и здруженија

водење на регистар за ПП, со досиеја за учениците со ПП

врска со родителите на децата со ПП

востановување на потребно стручно усовршување на кадарот

врска со други надворешни служби.


Предметен наставник (воспитувач)

Наставник во чие одделение е вклучено дете со ПП или наставник кој има специфична
обврска за обезбедување на духовна благосостојба и услови за реализирање на
инклузивната практика во одделението каде е сместено детето со ПП.
 Тој е задолжен да:
води евиденција за собраните податоци за детето по потреба, консултирајќи се со другите

наставници
обезбеди и организира специфична помош во рамките на предвидената наставна или

воспитно-образовна програма, истражувајќи ги начините на зголемена диференцијација во


секојдневната реализација на содржините, алтернативните стратегии за настава и учење
соработува со мобилниот ресурсен учител во утврдувањето на посебните потреби и

пружањето на соодветните специјални услуги во сите фази на реализација на


инклузивната практика
го следи и преиспитува напредокот на детето

координира со координаторот за ПП во утврдувањето на посебните потреби на детето.


Партнерството на родителите на децата со ПП

 Родителите треба да бидат вклучени во сите фази,


тргнувајќи од идентификацијата на ПП, преземањето на
специјалните образовни услуги до проценката
(официјалната изјава) на комисијата.
 Напредувањето на детето ќе има поинкава динамика
доколку родителите не бидат партнери во инклузивниот
процес. Тие со своите сознанија и податоци можат да
придонесат во создавањето на услови за реализирање на
инклузивната практика. Охрабрувањето на родителите и
поттикнувањето на нивното активно учество и ангажман
овозможува согледување на сопствените обврски кон
нивното дете.
Вклучувањето на детето

Во степен кој дозволува нивото на зрелост и разбирање во процесот на


донесување на одлука за пружање на соодветни специјални услуги што ќе
обезбедат негов напредок е од особена важност за инклузивниот процес.
За таа цел, неопходно е од децата да се побараат мислења за воочување
на сопствените проблеми, поставувањето на стратегиите за развој,
целите, следењето и ревидирањето на напредокот.
Вклучување на децата со ПП во спроведувањето на индивидуалниот
образовен план.

Соработка со социјалните и здравствените служби


ќе го зголеми делотворното дејствување на училиштето во
реализирањето на инклузивниот процес.
Мобилни специјални едукатори и рехабилитатори

 За да се воведе инклузивното образование во редовното училиште особено е значајно


фундирањето на систем на ресурсни мобилни специјални едукатори и рехабилитатори, кои
ќе ги имаат следниве задачи:
 поддршка на наставниците (воспитувачите) што се сретнуваат со децата со ПП во
училиштето
 изработка на индивидуални образовни планови заедно со одделенскиот наставник
(воспитувач)
 насочување на одделенскиот наставник (воспитувач) за давање помош на децата со ПП
 услогласување на трансферот на информации кога детето го менува наставникот или
училиштето
 обезбедување помош на наставниците за адаптирање на условите во редовното одделение за
непречена работа со децата со ПП
 да ги обезбеди индивидуалните и групните инструкции надвор од одделението (групата) кога
за тоа има потреба
 да ги надгледува ефектите од индивидуалниот образовен план
 да им помага на училишните одбори во адаптирањето на училишната средина на соодветен
начин да се задоволат ПП
Мобилни специјални едукатори и рехабилитатори

 да се надгледува употребата на специфичните средства и помагала


 да работи во работилниците како инструктор во врска со прашањата што се
однесуваат на децата со ПП
 да работи во својство на промотор на промените
 тимска работа со одделенскиот наставник во реализацијата на надворешните
содржини во редовното одделение, работејќи со децата со ПП и децата без ПП
 решавање на сите проблемски ситуации со наставникот, како на пример
изработка на специфични наставни средства за децата со ПП, но тој не смее да
ја преземе улогата на наставник се додека не оцени дека е неопходна
специјална стручна помош од негова страна.
 соработка со родителите, децата, наставниците, воспитувачите, директорите,
координаторите на ПП
 да функционира како природна врска помеѓу училиштето и другите установи
што работат со деца со ПП: специјални училишта, истражувачки центри,
рехабилитациони центри.

You might also like