Изработиле: Стефан Костенчев, Хадис Бекиров, Марко Стојановиќ
КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ШТО РУСИЈА НЕМА ДОБРА ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА? Русија е евроазиска земја. Тихоокеанските рабни мориња се оддалечени од стопански најразвиени делови на Русија, а северните мориња повеќе месеци во годината се замрзнати и ја отежнуваат пловидбата по нив. Затоа Русија има континентален карактер во однос на географската положба. Поповолна географска положба има европскиот дел европскиот дел, кој преку Источноевропската Низина сообраќајно е поврзан со останатите делови на Европа. РЕЛЈЕФ НА РУСИЈА Речиси три четвртини од површината на Русија е низински а европскиот дел го зафаќа Источноевропската Низина. На исток од планината Урал до реката Енисеј се простира Западносибирската Низина. Таа е сосема рамна и поголемиот нејзин дел е препокриен со мочуришта. Целата е под иглолисни шуми – руска тајга. Источно од Енисеј до Тихиот Океан се простира Источен Сибир. Таму се издвојуваат Средносибирска Висорамнина помеѓу реките Енисеј и Лена, и Планинската област на исток од Лена. На карта најди ги планините од таа област. Полуостровот Камчатка е вулканска област, каде е живиот вулкан Кључевскаја Сопка. Јужниот дел на Русија, главно е исполнет со високи планини. НАСЕЛЕНИЕ НА РУСИЈА Од вкупното население 80% се Руси чие потекло е словенско. Од други Словени има Украинци и Белоруси. Други народи кои живает во Русија се Татари, Чуваши ,Башкири, Ермени, Чеченци,Вепси, Ижори.
Кои простори се густо а кои ретко населени во Русија?
Просечна густина и изнесува9 жители на 1 км2. Најгусто се
населени централните делови од европскиот простор, потоа Поволжјето и Урал, а во азискиот дел - просторот покрај Трансибирската железница, Приамурјето и приморскиот дел на исток. Тундрата, тајгата, полупустините и високите планини се најретко населени простори. КОИ ИНДУСТРИСКИ ГРАНКИ СЕ ПОРАЗВИЕНИ? • Најразвиени индустриски гранки во Русија се: металургија, метална, машинска, автомобилска, бродоградбена, електронска, дрвна, авионска, прехрамбена, космичка и текстилна индустрија. Главни центри се: Москва, Санкт Петербург, Архангелс, Горки, Ростов, Кујбишев, Волгоград, Омск, Новосибирско др. СО КАКВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ РАСПОЛАГА РУСИЈА? • Русија е индустриско земјоделска земја. Таа е богата со енергетски извори: нафта, земен гас, јаглен, ураниум и водена сила. КОИ ПОЛЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ НАЈМНОГУ СЕ ОДГЛЕДУВААТ? Земјоделството е најразвиено во европскиот дел каде релјефните, почвените и климатските услови се поволни. Најмногу се произведува: житарици, шеќерна репка, сончоглед, винова лоза, а во Црноморското Приморје и суптропски растенија и овошје. БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО