Загревање на атмосферата

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

ЗАГРЕВАЊЕ НА

АТМОСФЕРАТА
Сонцето е главниот извор на загревање

Воздухот добива топлина од Сонцето.


Сончевите зраци допирааат до Земјината
површина и ја затоплуваат. Од затоплената
површина, температурата се пренесува на
приземните слоеви од воздухот а потоа на
повисоките.Затоа воздухот над Земјата е
најтопол а како се оди кон височина е се
постуден. Пр. Високите планински врвови и
во лето се покриени со снег а во нивното
подножјето веќе се е раззеленето.
Кога ќе се загрее најнискиот слој од воздухот,
се шири и како поредок и полесен под
притисок од погорниот студен воздух се
издигнува во погорните делови на
тропосферата. На негово место доаѓа друг
постуден воздух, кој се загрева , потоа се
издигнува така што овој процес постојано се
повторува.
Атмосфера
Атмосфера
Како се загрева земјата и воздухот

Силата на загревањето на Земјата и воздухот


најмногу зависи од упадниот агол под кој
паѓаат Сончевите зраци и помалку од
времетраењето на загревањето. Доколу
Сончевите зраци паѓаат под помал или
остар агол, загревањето е послабо и затоа
настанува нееднакво загревање на Земјата и
воздухот во текот на денот и во текот на
годината.
Наутро кога Сонцето ќе изгрее почнува да ја
загрева Земјината површина која преку ноќ
се оладила. Сонцето наутро е ниско над
хоризонтот и Сончевите зраци паѓаат под
кос агол и загревањето е послабо. Кога
Сонцетопостепено се искачува повисоко над
хоризонтот упадниот агол е поголем и
загревањето е поголемо. Напладне кога
Сонцето постепено се спушта кон западната
страна од хоризонтот Сончевите зраци
паѓаат се покосо додека да се изгубат од
хоризонтот со што започнува затемнување
на Земјината површина.
Загревање на Земјата
Делови на Земјината површина
нееднакво се загреваат
Рамните и оголени предели побрзо и посилно
се загреваат во однос на планинските,
ридестите и мочурливите предели. Посебно
е важно нееднаквото загревање на
поголемите водни површини и копното,
односно копното побрзо се загрева но и
побрзо се лади во однос на езерската и
морската вода. Затоа летно време воздухот е
потопол над копното а зимно време над
морето.
Температура на воздухот
Температура е степенот на загреаност на
воздухот која се мери со направа наречена
термометар. Најмногу се користи живиниот
термометар. Кога е топло живата се искачува
и покажува високи температури а кога е
ладно таа се собира и покажува пониски
темератури.Температурата во текот на денот
се менува а за да ја знаеме среднодневната
височина на температурата се вршат мерења
во 1, 7, 13 и 19 часот и добиените вредности
се собираат и делат со 4.
Термометар
Средномесечната температура се добива кога
ќе се соберат и поделат 30 среднодневни и
годишната кога ќе се соберат и поделат 12
средномесечни температури.
Линиите кои ги поврзуваат сите места со иста
температура се викаат изотерми.
Карта со изотерми

You might also like