Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 20

Основни сензори

Вовед

Сензорите детектираат настани или промени во нивната околина.


Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни
процеси во различен спектар на индустрии. Зборот Сензор доаѓа
од латинскиот збор SENS што значи чувство и сензорите
претставуваат уреди кој што детектираат и реагираат на некои
параметри во околината. Главна задача на сензорите е мерење на
мерни величини со помош на величини кои можат да бидат
елетрични или механички. Сензорите ја претвараат физичката
величина од еден во друг облик. Основни карактериски на
сензорите се: претворување на физичката големина во електричен
напон, струја или сигнал.
Сензори
Сензорите можат да бидат механички или
електрични. Влезната големина кај сензорите
може да биде топлина, светлост, влага,
притисок или било која друга појава. Мерните
информации се претвараат во форма на
електричен сигнал, а со самото тоа се доаѓа до
обработка, пренос и оттчитување на
електричниот сигнал. Мерењето дава
информации за процесот, односно за објектот
што се управува. Причината за претворање на
мерните информации во форма на електричен
сигнал е тоа што се усовршени обработката,
преносот и читањето на електричниот сигнал, а
во исто време се постигнува висок квалитет на
статички и динамички карактеристики.
Сензорите преку аналогни или дигитални сигнали обезбедуваат значајни информации за
физичко присуство, движење, или близина на објекти. Тие служат за тестирање, мерење, и
контрола на разни видови процеси и функции на машините. Сензор е уред кој конвертира
измерена физичка големина главно во електричен сигнал. Сензорите обично се
карактеризираат со мали димензии, исклучителни технички карактеристики и способност
за обработка на сигнали. Мерењето на процесните величини(физички, механички,
хемиски) се врши со разни мерни претворувачи.
Дефиниција: Под сензор се подразбира уред кој мери физички величини и како одговор
дава електрична енергија во форма на електричен сигнал ( ги претворува неелектричните
величини во електрични).
Основни сензори
Постојат различни видови на сензори во зависност од променливата што мора да се измери или да се открие.
Разликуваме неколку основни типови на сензори:
1. Сензор за температура – обезбедуваат информации за температурата и нејзина контрола. Пр. Сензор за контрола
на температура на машина
2. Сензор за светлина – овозможуваат да се утврди присуство на светлина и реагираат на нејзиниот интензитет
3. Сензор за далечина – уреди кои што можат да мерат растојание
4. Сензори за позиција – уреди кои овозможуваат оредување на локација на одреден објект
5. Сензори за боја – уреди кои можат да детектираат бои на одреден предмет
6. Сензори за влажност – сензори кои мерат релативна влажност. Овие сензори служат и за мерење на ниво на
течност во резервоарот на автомобилите
7. Сензори за брзина – овозможуваат откривање на брзина на некој предмет или објект
8. Сензор за звук – наменети се за снимање на звуци од околината преку микрофон или друг систем за звук.
Звучните бранови што ги примаат овие сензори патуваат низ воздухот во околината и потоа сензорите ги
детектираат
9. Сензори за контакт – наменети се за откривање на крајот на патувањето на механички компоненти
10. Оптички сензори – овозможуваат да се открие присуство на предмет што прекинува зрак или светлина што
стигнува до сензорот (најчесто се користат во роботика со цел да се регулира движењето на роботите и да се запре
нивното движење за да не се сопнат или удрат во некој друг предмет)
Поделба на сензорите
• Според влезната енергија се делат на пасивни и активни (пасивните сензори немаат
потреба од дополнителен извор на напојување т.е. ја користат енергијата од
управувачкиот систем)
• Според излезниот сигнал се делат на дигитални и аналогни (дигиталните сензори
прикажуваат квалитет – или има или нема променлива, додека аналогните сензори
прикажуваат квантитет т.е. количина на измерената физичка променлива)
• Сензорите се делат според физичката големина која ја мерат, (сензори за температура,
движење, сила и слично).
1. Сензори според влезна енергија
Според напојувањето, сензорите се класифицираат во две категории: активни и пасивни
сензори. Активните сензори бараат дополнителна надворешна енергија за генерирање
излезен сигнал кој може да се мери со систем за прибирање податоци. Со други зборови,
активните сензори мора да се активираат, инаку нема да можат да ја измерат физичката
променлива. Надворешниот извор на енергија може да биде: електричен, пневматски или
хидрауличен. Примери за активни сензори вклучуваат термистори, отпорнички
трансмитери за поместување и сензори за влажност. Активните сензори обично
генерираат излезни сигнали кои се полесни за следење со систем за прибирање податоци.
Имаат повисока цена и се посложени за употреба.
Пасивните сензори генерираат излезен сигнал без дополнителен надворешен
извор на енергија. Пасивните сензори сами создаваат електромоторна сила.
Примери за пасивни сензори вклучуваат термопарови. Едноставни се за
употреба и имаат ниска цена
2. Сензори според излезен сигнал
Повеќето физички променливи се менуваат на континуиран начин, така што најголемиот
дел од претворувачите генерираат аналогни излезни сигнали.
Овие излезни сигнали се електрични по природа и обично се појавуваат како напон или
струја.
Излезниот сигнал од мерниот претворувач може да биде во аналоген или дигитален формат.
Аналогните сигнали се континуирани сигнали кои се менуваат на начин пропорционален на
промената на мерниот сигнал. Спротивно на аналогните сигнали, дигиталните сигнали имаат
две состојби кои може да се опишат како „вклучено/исклучено“ или „да/не“.
Аналогни сензори
Дигиталните сензори можат да се
Дигитални сензори
поделат во две групи:

1. Контакнти сензори
2. Безконтактни сензори

Контактни сензори се нарекуваат и


механички сензори и регистрират
движење и присуство на работен
предметот со помош на физички допир со
предметот чие што движење го
регистрираме. Безконтактните сезнори
се нарекуваат и близински сензори кои
детектираат присуство на некој објект во
определена зона во својата близина.
Наведете пример за контактни и
безконтактни сензори
3. Сензори според физичка големина
• Сензорите се делат и според физичката големина која ја мерат. Тие можат да бидат:
сензори за температура, движење, притисок, сила и слично.

Сензор за движење Сензор за температура Сензор за притисок


Сензорите можат да се поделат и
според:

1. Примена: сензор за близина, брзина, сила, температура,


2. Мерна величина: топлински (за мерење температура), механички (сила, момент),
кинематички (забрзување), временски (фрекфенција), електрични (струја, капацитет,
отпор), хемиски (мерење на хемиски состав), физички (влажност, пластичност, густина)
3. Габаритност (нормални со стандатдни величини, минијатурни)
4. Начин на работа: стационарни (фиксирани на едно место), преносливи
Избор на сензори

Одлуката кој сензор ќе се избере зависи од голем број фактори, вклучувајќи:


1) потребната точност и прецизност на мерењата,
(2) условите на околината,
(3) кој систем за прибирање податоци се користи и
(4) цената на сензор.
Точноста се дефинира како разлика помеѓу измерената вредност и вистинската вредност на
параметарот и генерално е прикажана како максимална грешка што може да се очекува во
мерењето. Точноста најчесто се изразува како процент од вкупниот излез (најголем излез)
на мерниот претворувач.

Прецизноста се дефинира како варијација во излезот на мерниот претворувач кога се


повторуваат мерните вредности. Инструментот со висока прецизност генерира мала
варијација во излезот кога постојано се мери статичната мерка, додека инструментот со
ниска прецизност генерира поголеми варијации во излезот под исти услови. Прецизноста
често се меша со точност, но двата параметра се разликуваат. Прецизноста се однесува
само на варијацијата на излезните вредности од инструментот.
Заклучок
Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни процеси во различен спектар на
индустрии. Постојат различни видови на сензори во зависност од променливата што мора
да се измери или да се открие. Сензорот е уред кој мери физички величини и како одговор
дава електрична енергија во форма на електричен сигнал (ги претвара неелектричните
величини во електрични). Сензорите помагаат во работењето на уредите и машините и го
олеснуваат секојдневниот живот и работата на луѓето и машините.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО!

You might also like