Џез музика

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Џез музика

ИЗРАБОТИЛ: МАРТИН ТОМОВСКИ IX-2


Џезот е музички стил кој се појавил во почетокот на 20 век во афроамериканските
заедници во јужниот дел на Соединетите американски држави. Настанал со мешање на
африкански и европски музички традиции. Уште од раните почетоци па сè до денес,
џезот црпел инспирација од американската популарна музика на 19 и 20 век.
Западноафриканското влијание може да се препознае во упоребата на сини ноти,
импровизација, полиритмија, синкопирање, шема на “повик и одговор” и разнишана
нота. Зборот “џез” (во раните години нарекуван и џес) првично бил термин во сленгот на
западниот брег и се користел за означување на музиката во Чикаго околу 1915 г. Од
почетоците на раниот 20 век, џезот развил повеќе поджанрови: “диксиленд” во Њу
Орлеанс, кој датира од раните 1910-ти години, потоа “свинг” во бигбенд стил од 1930-
тите и 1940-тите години, “би-бап” од средината на 1940-тите години, “фри-џез” и
разновидност на латинскиот “џез-фужн” како афрокубанската музика во 1950-тите и
1960-тите, “џез-фужн” во 1970-тите, “ејсид-џез” во 1980-тите (во кој има комбинација од
фанк и хип-хоп елементи) и “ну-џез” во 1990-тите години. Како што оваа музика се
ширела низ светот така се менувала според локалната, државната и регионалната
музичка култура, притоа адаптирајќи се на средината која и дала можност за развивање
на многу различни стилови.
Дефиниција
Џезот не може лесно да се дефинира бидејќи го свиреле уште од марширањата во регтајмот па сè до денешен ден. Биле направени обиди за дефинирање
на џезот од перспектива на другите музички традиции и жанрови (користејќи ги на пр. европската музичка историја или африканската музика), но џез-
критичарот Јоаким Берендит објаснува дека сите такви обиди се незадоволителни. Еден начин за решавање на овие проблеми со дефинирање на џезот
бил поопширно да се дефинира поимот “џез”. Берендит го дефинира џезот како “форма на уметничка музика која потекнува во САД како резултат на
спротивставувањето на црнците кон европската музика”. Тој вели дека џезот се разликува со европската музика со својата специјална врска со времето,
дефинирана како “свинг”, спонтаноста и виталноста на музичката продукција во која импровизацијата игра главна улога и длабочина и начин на
изделување на фразите, кој ја отсликува индивидуалноста на музичарот кој го свири џезот. Травис Џексон исто дал поширока дефиниција за џезот која ги
вклучува сите различни епохи на џезот. Тој вели дека тоа е музика која вклучува квалитети како што се свингот, импровизацијата, групна интеракција,
развивање на “внатрешен глас” и отвореност кон различни музички можности. Крин Габард тврди дека “џезот е конструкција” или категорија која иако е
површна, сепак се користи за да означат голем број на различни видови музика кои имаат доволно заеднички особини за да можат да бидат поврзани како
еден дел од една цела традиција. Во едно интервју од 1988 г., тромбонистот Џ.Џ.Џонсон изјавил: “Џезот не мирува. Никогаш не мирувал и никогаш нема да
се смири.” Иако џезот не може лесно да се дефинира, јасно е дека импровизацијата е негов клучен елемент. Раниот блуз често се создавал според
повторлива шема на “повик и одговор”, чест елемент во афроамериканската усна традиција. Како форма на фолк музика која делумно се употребувала во
песните на црнците додека работеле на полињата, раниот блуз исто содржел многу импровизација. Овие се главни делови на природата на џезот. Додека
во европската класична музика елементите на интерпретација, декорација и додавање понекогаш ги оставаат на дискрецијата на изведувачот, првичната
цел на изведувачот е да ја отсвири композицијата онака како што била напишана. Додека, во џезот, вештиот изведувач ќе ја отсвири мелодијата на многу
поединечни начини и ќе се потруди никогаш да не ја отсвири истата композиција двапати на еден ист начин. Во зависност од расположението и од личното
искуство на изведувачот, врската со другите музичари, или дури членовите на публиката, џез-музичарот може да ја промени мелодијата, хармонијата или
времето. Џез-солистот е секогаш придружуван од ритам-секција, преку свирење на акорди и ритми кои ја истакнуваат структурата на песната и го
надополнуваат солистот. Европската класична музика се смета дека е медиум на композиторот. Додека џезот се карактеризира како производ на
рамноправна креативност, интеракција и соработка, кој им дава еднаква вредност на придонесите на композиторот и изведувачот и умешно ги задоволува
соодветните барања и на композиторот и на импровизаторот. Во Њу Орлеанс и џезот “диксиленд”, изведувачите ја свиреле мелодијата еден по друг,
додека другите импровизирале со поделени мелодии. До епохата на свингот, големите бендови кои доаѓале се потпирале на средена музика: аранжманите
или ги пишувале или слушајќи ги учеле и меморизирале зошто многу од раните џез-изведувачи не можеле да читаат музика. Поединечните солисти
импровизирале во рамките на овие аранжмани. Подоцна, во “би-бапот” фокусот се навратил кон малите групи и минималните аранжмани, мелодијата
(позната како "глава") кратко се појавувала на почетокот и на крајот од секое парче, но суштината на изведбата била серија од импровизации. Подоцна, во
неколку стилови на џезот, на пр. “модалниот џез”, ја запоставиле строгата идеја за прогресија на акордите и им дозволиле на поединечните музичари уште
послободно да импровизираат со контекстот на дадената скала или начинот. Идиомите “авангарда” и “фри-џез” дозволувале дури и напуштање на
акордите, скалата и ритмичките метри.
Потекло
До 1808 г. трансатланската трговија со робови во САД довела речиси половина милион Африканци.
Робовите обично биле од Западна Африка и со нив довеле силни племенски музички традиции. Секоја
недела во "Плејс Конго" (Place Congo) или на плоштадот "Конго" ("Congo Square") во Њу Орлеанс се
организирале раскошни фестивали кои вклучувале африкански танци на тапани и тоа сè до 1843 г.
Слични собири се одржувале и во Нова Англија и во Њујорк. Африканската музика била многу
функционална, за работа или ритуали и вклучувала песни за работа и извици на полињата.
Африканската традиција употребувала мелодија во еден ред и начин на свирење на мелодијата кое
личело на шема “повик и одговор”, но не вклучувало европски концепт на хармонија. Ритмите се
одразиле на африканскиот начин на говор, а африканската употреба на пентатонски скали довела до
ниски ноти во блузот и џезот. Во почетокот на 19 век голем број на црни музичари научиле да свират на
европски инструменти, особено на виолина, која ја користеле за да прават пародии на европската денс-
музика во нивните танци. За возврат изведувачите на европско-американското т.н. “минстрел шоу” со
шминка кое создавало стереотипна карикатура на црнците, ја популаризирале оваа музика на
меѓународно ниво, комбинирајќи синкопирање со додавање на европската хармонија. Луис Моро
Готшалк адаптирал афроамериканска музика, јужноамерикански, карибски и други робовски мелодии
како салонска пијано музика. Друго влијание дошло од црните робови кои ја научиле хармонијата на
химните и ги вметнале во нивната сопствена музика како верски ритуали. Потеклото на блузот не било
документирано, но можело да се забележи како временска копија на верските ритуали. Пол Оливер им
обрнал внимание на инструментите, музиката и општествената функција на гриотите од
западноафриканската савана.

You might also like