Црвен Крст

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Црвен Крст

Изработил: Златко Томовски IX-1


• Црвениот крст на Република Македонија е доброволна,
масовна и независна хуманитарна организација на граѓаните
на Република Македонија и дејствува и работи како
невладина и непартиска организација и како единствена
организација на територијата на Република Македонија.
Црвениот крст на РМ е формиран на 17 март 1945 година, а
како самостојна невладина организација делува од 21
мај 1992 година. Црвен крст на РМ од Меѓународниот комитет
на Црвениот крст е признат на 1 ноември 1995 година, а во
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената
полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169
членка.
Основни задачи

Основни задачи на националната организација се:


• Помош на Националните друштва во исполнување на
програмските активности во случај на катастрофа,
• Координација на активностите помеѓу Националните друштва,
и
• Координација на активностите со меѓународните организации.
Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е
регулирана со Закон објавен во „Службен весник на Р.М.” број
41/94 од 5 август 1994 г.
Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности

• Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) претставува алатка за


регрутирање и задржување нови волонтери во Општински организации на Црвен крст (ООЦК) на
територијаta на Република Македонија. Програмата е поддржана од Меѓународниот комитет на
Црвениот крст, Бирото за развој на образованието на Македонија а се спроведува преку
Црвениот крст на Град Скопје. ЦКА-ПХВ со имплементирање на своите активности започнува во
1998 година, a во текот на своето постоење променил неколку модели и годишни циклуси на
функционирање.
• Преку програмата 1.200 млади волонтери секоја година се стекнуваат со соодветна едукација за
препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирање
пракса на терен. Потоа младинците во период од 3 месеци преку директно пружање помош на
ранливото население, на годишно ниво реализираат околу 150 мали проекти и помагаат на
околу 3.000 лица. Преку дисеминација за знаења за Црвен крст, промоција на култура на дијалог,
тимска работа и директно работење со ранливото население, како и преку изработка на мали
проекти, младите волонтери се стекнуваат со едукација и мотивација за понатамошна
хуманитарна пракса во рамките на организацијата. Исто така младите луѓе од различно
религиозно, национално и социјално потекло имаат ретка можност заедно и преку интерактивен
пристап да учат за културата, комуникацијата и за Црвениот крст.
• Како автори на проектот се сметаат: Екатерина Џајковска, Херби Елмази и Дарко Јорданов
додека координатор на програмата е Александра Ристовски

You might also like