Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Хронична опструктивна

белодробна болест
Изработил: Златко Томовски IX-1
• Хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ), уште позната и како хронична опструктивна
белодробна болест (ХОББ) и хронична опструктивна болест на дишните патишта (ХОБДП), се само
некои називи за тип на опструктивна белодробна болест што се карактеризира со хронично мал
проток на воздух. Со тек на време се влошува. Главните симптоми вклучуваат недостиг на
воздух, кашлива и шлаем. Повеќето што имаат '„хроничен бронхит“' имаат ХОПБ.
• Најчеста причина за ХОПБ е пушење тутун, а има и многу други фактори како загадување на
воздух и генетика, кои имаат помала улога. Во земјите во развој најчест извор на загадување на
воздухот доаѓа од слаба вентилација на оган за готвење и греење. Долготрајната изложеност на овие
иританси предизвикува воспалителна реакција во белите дробови, што резултира со стеснување на
малите дишни патишта и разложување на белодробното ткиво што е познато како емфизем.
Дијагнозата се заснова на слаб доток на воздух кој се мери со тест за белодробна функција. За
разлика од астмата, смалениот доток на воздух не се подобрува значително со давањето лекарства.
• ХОПБ може да се спречи со намалување на изложеноста на познатите причинители. Ова вклучува
обид за намалување на стапките на пушењето и подобрување на квалитетот на воздухот во затворен
простор и на отворено. Лекувањето на ХОПБ опфаќа: откажување од
пушење, вакцинирање, рехабилитација, а често и инхалација со бронходилататори и стероиди. Кај
некои, корист може да има од долготрајна терапија со кислород или пресадување на бел дроб. Кај
оние што имаат периоди на акутно влошување, потребна е зголемена употреба на лекарства и
хоспитализација.
• Во светот ХОПБ ја има кај 329 милиони луѓе или речиси 5% од популацијата. Во 2012 година се
вбројуваше како трета водечка причина за смртност, а уби над 3 милиони луѓе. Се предвидува бројот
на смртни случаи да се зголемува поради зголемени стапки на пушачи и старата популација на многу
земји. Тоа резултираше со проценет економски трошок од 2,1 билиони американски долари во 2010
година.
Знаци и симптоми

• Најчести симптоми на ХОПБ се производство на


исплувок, недостиг на воздух и продуктивна кашлица. Овие
симптоми се присутни подолго време и обично со тек на време
се влошуваат. Не е познато дали постојат различни типови на
ХОПБ. Претходно болеста се делела на емфизем и на хроничен
бронхит, но емфиземот е само опис на белодробна промена, не
на самата болест. Хроничниот бронхит, пак, само ги опишува
симптомите што може да се појават со ХОПБ.
Причина

• Примарна причина за ХОПБ е чадот од цигарите, а во некои земји значителни причинители се


професионалната изложеност и загадувањето од оган во затворен простор. Обично оваа
изложеност мора да се случува неколку децении пред да се појават симптомите Генетскиот
склоп на поединецот исто така влијае на ризикот.
• Примарен ризик-фактор за ХОПБ во светот е пушење тутун. Од пушачите околу 20% ќе добијат
ХОПБ, а од оние што цел живот се пушачи, половината ќе добијат ХОПБ. Во Соединетите
Американски Држави и во Обединетото Кралство, од болните со ХОПБ 80-95% се или тековно
пушачи или претходно биле пушачи. Веројатноста од заболување со ХОПБ се зголемува
со вкупната изложеност на чад. Освен тоа, жените се поподложни на штетните ефекти на чадот
од мажите.[26] Кај непушачите, пасивното пушење е причина за околу 20% од случаите. Другите
типови на пушење, како пушењето марихуана, пури и наргиле, се исто така ризик. Жените што
пушат за време на бременост може да го зголемат ризикот од ХОПБ кај своето дете.

You might also like