Каква боја е колата? Колку свеќички има на тортата? Со што си играат децата? Каде ги става книгите? Зошто се радува зајачето? Што? Каде? Како? Какви?
Речениците со кои прашуваме за некого
или за нешто се викаат ПРАШАЛНИ РЕЧЕНИЦИ. Ова е ПРАШАЛНИК. Со прашалникот завршуваат прашалните зборови или прашалните реченици. Кога читаме прашални реченици го извишуваме гласот. Состави прашални реченици кои се однесуваат на сликата!