Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

Основни поими за полифазни

величини и полифазни генератори

резултати од учење: разликува монофазен о трифазен


генератор
Основни поими за полифазни
величини и полифазни генератори
Под полифазни кола се подразбираат, во општ случај, кола во
кои постојат наизменични струи со иста фреквенција, а со
различни фази. Колата за наизменична струја што досега ги
разгледувавме се нарекуваат монофазни или еднофазни кола
Во анализата на овие кола истакнавме дека електричната струја
ја создава генераторот на електромоторна сила кој има два
краја, од кои едниот го обележавме со предзнакот со што го
означивме поларитетот на емс во дадениот момент. Со
приклучување на еднофазниот генератор во некое електрично
коло, во гранките на колото ќе потечат наизменични струи со
фреквенција еднаква на фреквенцијата на генераторот, а
фазното поместување е во директна врска со почетната фаза на
емс на генераторот.
Полифазните кола можат да се анализираат како повеќе
монофазни кола со наизменични струи со иста
фреквенција, а различни фази. Во општ случај полифазниот
систем на емс може да се произведе со повеќе монофазни
генератори (алтернатори), но сепак од практични причини
тоа се прави со еден полифазен генератор. За разлика од
еднофазните генератори кои создаваат една
електромоторна сила, полифазните (,,поли“) е грчки збор
што значи „многу “ генератори произведуваат повеќе
електромоторни сили со исти амплитуди и фреквенции, а
различни фазни поместувања. За овие генератори е
карактеристично дека имаат повеќе приклучни места, во
зависност од бројот на електромоторните сили што се
произведуваат во нив.
Конструкцијата на полифазниот генератор е слична на
конструкцијата на монофазиите генератори. На роторот е
поставена една намотка со чија помош се создава силно
магнетно поле. Еднонасочната струја што е неопходна за
создавање на полето се донесува во намотката со помош на
чифт лизгачки прстени. На статорот во жлебовите се
поставуваат намотки со таков број каков што сакаме да
добиеме систем. Намотките се меѓусебно изолирани,
независни и просторно поместени за агол од 2 π/m (бројот
на намотките се обележува со m). Kora се врти роторот на
генераторот под дејство на електромагнетнага индукција, во
намотките на статорот ќе се индуцираат емс со исти
амплитуди и фреквенции, но фазно поместени една во
однос на друга за агол од 2 π/m. Намотките во кои се
индуцираат емс се викаат фазни намотки, или едноставно
фази. Одделните индуцирани емс во намотките се викаат
фазни напони.
Индудираните емс и струите што го создаваат полифазниот
систем, можат да се менуваат по било кој закон, но при
конструкцијата на полифазниот алтернатор се настојува
промените да бидат по синусниот закон. Ако се менуваат по
синусниот закон, тогаш можеме, како и во монофазните кола, овие
величини да ги претставиме со помош на фазори, или со помош
на комплексни изрази. Во конструкцијата на полифазниот систем
се настојува тој да биде симетричен, што значи сите индуцират
емс да имаат иста амплитуда и секои две последователни
ицдуцирани емс да имаат иста фазна разлика. Истото важи и за
полифазниот систем на струите, кој е симетричен ако сите фазни
струи имаат иста амплитуда, а фазната разлика на две
последователни фазни струи е иста. Ако не е исполнет само еден
од наведените услови, системот е несиметричен.
Елeктромоторните сили на m - фазен симетричен систем
можат да се претстават со изразите:

е 1= √ 2 𝐸 sin 𝜔 𝑡
е 2= √ 2 𝐸 sin (𝜔 𝑡 −2 𝜋 /𝑚¿ )¿
е 3 =√ 2 𝐸 sin(𝜔 𝑡 −2 ∙ 2 𝜋 /𝑚¿)¿
е 4 =√ 2 𝐸 sin (𝜔 𝑡 −(𝑚 −1) ∙2 𝜋 /𝑚¿)¿

Збирот на овие емс е еднаков на нула.


Пронаоѓањето на полифазниот систем и сите практични
решенија во врска со неговата примена во целост се дело на
великанот Никола Тесла. Тој во 1887 година со помош на
полифазниот систем произведува вртливо магнетно поле, по
статички пат, без механички подвижни делови, што е и во
основата на извонредниот електричен мотор, познат по
името индукционен асинхрон мотор кој е, исто така негово
дело. Овој мотор на Тесла и ден - денес поради добрите
технички својства се употребува во индустриските погони
скоро како единствена погонска машина.
Покрај ова, Теслинте полифазии кола се најекономични за пренос на
електричната моќност, бидејќи моќноста иа полифазните струи е
секогаш константна. Тесла сам ги опишал машините и апаратите за
производство, трансформација и пренос на електричната енергија,
давајќи му на човештвото дотогаш ненасетени можности за
електрификација. Освен некои мали, неважии технички подобрувања,
полифазпите системи опишани од Тесла ни до денес немаат претрпено
никакви измени, иако од тогаш, пa се до денес електрификацијата во
светот се врши со полифазните системи.

You might also like