Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Голема сипаница

Variola vera
Големата сипаница е вирусно,заразно заболување
кое се манифестира со треска, температура, исип и
симптоми на тешка интоксикација.
Историјат - Последната епидемија на вариола вера
во светот избувна токму на просторот на бивша
Југославија, во март 1972 год. Болеста однела околу
40 жртви, а заразени биле помеѓу 200 и 300 луѓе.
Етиологија и епидемиологија: Poxvirus variolae,
вирус кој ѓи напаѓа луѓето. Вирусот кај болниот се
наоѓа во исипните единици. Извор на зараза се
заболени луѓе, болеста се пренесува по аеро -
капков пат и преку директен контакт. Лицето е
заразно за време на целата клиничка
манифестација се до отпаѓање на последната
краста.
Клиничка слика - Инкубацијата трае 10 до 14 дена.
I. Класична форма се манифестира во три
стадиуми :
1. Продромален стадиум- треска, висока т до 40
степени, адинамија, миалгии, кашлица,
безапетитие, вознемиреност и нарушена свест. Кај
некои болни се јавува т.н. Раш или предегзантем на
лицето, екстремитетите или пределот кај
гаќичките.
Исипен стадиум – прво се појавуваат макули на
лигавиците на устата, носот, трахеата и
гениталиите кои преминуваат во улцерации. Потоа
се појавуват макули по целото тело кои брзо
преминуваат во папули- тие се цврсти, темно
црвени и кон 6 ден преминуваат во везикули-
исполнети со бистра течност. Околу 10 ден истите
загнојуваат и општата состојба на болниот нагло се
влошува. Некои пустули прскаат и мацерираат, а
други се сушат и преминуваат во красти.
Отпаѓањето на крастите трае околу 1 месец.
Целиот исип на одредено место е во
ист стадиум на развој
II Хеморагична форма или вариолна пурпура е
најтешка форма на болеста, се манифестира со
петехии по цела кожа уште познати како црни
сипаници.
III Малигна форма уште позната како сплескана
форма, се манифестира со исипни единици
исполнети со крв и крварења помеѓу исипните
единици.
Други форми: модифицирана форма, вариола без
сипаници, вариола минор или аластрим.
Терапија : карантинско изолирање на болните,
дезинфекција на алиштата и постелнината, нега на
болниот, диететски режим, симптоматска терапија
Превенција - со вакцинација – Џенерова вакцина
Интересни податоци – последната епидемија на оваа
болест ја носи Ибрахим Хоти, по враќање на Косово од
аџилак, во март 1972. Се спроведува итна агресивна
вакцинација, 1,8 милиони вакцинирани за 10 дена, а 18
милиони вакцинирани во наредните месеци. На 1 Мај
1972 год. епидемијата е прогласена за завршена. Во 1980
год. е прогласена ерадикација на Вариола вера на
светско ниво.

You might also like