Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Витамин Ц

Изработиле: Теона Јовановска и Марија


Јовановска II-9
Ментор: Сања Бојковска
Општо за витамин ц
Витамин Ц, Ц-витамин или аскорбинска киселина
е витамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој
е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот
синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и
учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата
на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните
киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се
растворливи во вода. Инаку, витаминот Ц е познат по скорбутот,
болест која настанува поради неговиот недостаток во организмот.
Улога на витамин Ц
Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:
• влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
• има улога во синтезата на стероидните хормони
• ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето
на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
• има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на
слободните радикали
Витаминот Ц го спречува создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини, кои
настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната (особено
конзервираната). Постојаната присутност на овие соединенија може да доведе и до
појава на карцином. Значајна е улогата на витаминит Ц и во синтезата на колагенот –
влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата,
тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на
витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава
и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат
поцврсти и поотпорни.
Извори на витамин Ц
Витаминот Ц не се задржува долго време во нашето тело, па
затоа треба да се внесува секојдневно. Тој е застапен во зелените
зеленчуци, доматите, црвените плодови (капинки, малинки,
боровинки), цитусите (портокали, лимони, грејпфрут), магдоносот,
компирите и др.
При консумирањето на витамин Ц преку исхраната треба да
внимавате, затоа што тој многу лесно губи од својата вредност во
процесот на готвење. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на
висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и
зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц
кој што го содржат.
Затоа, зеленчуците и овошјето јадете ги свежи или гответе ги на
пареа. Така ќе внесете максимално количество од овој толку
важен витамин.
Витамин Ц
Хипервитаминоза
Иако е прво средство во одбраната против вирусите, кое не чува од
настинки и други болести, сепак преголемото консумирање на
витамин Ц може да биде исклучително штетно за нашиот организам
и многу отровен. Токсичноста од витамин Ц е ретка, бидејќи лесно се
излачува од организмот. Последиците од преголеми дози (повеќе од
2 грама дневно) најчесто се јавуваат во вид на дигестивни тегоби.
Симптомите кои се јавуваат при хипервитаминоза најчесто се
печење при мокрење, дијареја, интестинални гасови, болки во
абдоменот, осип и мачнина.
Витаминот Ц земен во големи дози со големи дози
на ацетилсалицилна киселина (aспирин) може во повеќето случаи да
предизвика ерозивен гастритис, a кај некои луѓе и вертикуларен
улкус. Аксорбинската киселина се насобира во организмот и се
таложи како бубрежен камен, па на оние кои имаат камен во
бубрезите или се склони на создавање камења во бубрезите, им се
препорачува да одбегнуваат преголеми количини од овој витамин.
Треба да се биде вниматекен со весувањето витамини и минерали,
посебно ако се работи за додатоци во исхраната, бидејќи со храната
тешко можете да претерате со внесувањето на витамините.
Хиповитаминоза
Знаци на хиповитаминоза
Недостатокот на овој витамин може да биде сериозен проблем.
Следниве осум знаци покажуваат дека вашето тело има
недостаток на витамин Ц:
• Замор
• Промени во расположението
• Губење на тежина
• Болка во телото
• Модринки
• Орални заболувања
• Сува кожа и коса
• Инфекции
Внес на витамин Ц
Препорачаните дневни потреби на витамин Ц варираат по пол и возраст.
● Деца (0-6 месеци) 40mg
● Деца (7-12 месеци) 50mg
● Деца (1-3 години) 15mg
● Деца (4-8 години) 25mg
● Мажи (9-13 години) 45mg
● Мажи (14-18 години) 75mg
● Мажи (над 19 години) 90mg
● Жени (9-13 години) 45mg
● Жени (14-18 години) 65mg
● Жени (над 19 години) 75mg
● Бремени жени 85mg
● Доилки 120mg
Кога треба да примате
дополнително витамин Ц?
Ако сте пушач. Докажано е дека секоја испушена цигара води до
загуба на 10-30mg витамин Ц.
Ако редовно консумирате алкохол. Честото консумирање на
алкохол води до загуба освен на витамин Ц, така и на многу
други витамини.
Ако сте под емоционален стрес.
При активно спортување. Ако се занимавате со бодибилдинг,
фитнес, бокс, лесна атлетика или друг спорт во кој се вложува
голем напор, на вашето тело му е потребно дополнително
количество витамин Ц.
Ако се храните со препечена или многу варена храна. Витаминот Ц
губи од својата вредност кога е изложен на висока температура.
Во текот на бременоста. Во текот на бременоста потребно е да се
внесуваат повеќе витамини, отколку во другите периоди од
животот на жената. Витаминот Ц не е исклучок. Но, ако решите да
примате витамин Ц како додаток во исхраната, прво
консултирајте се со доктор.
Ако често употребувате аспирин.
Благодарам на
вниманието!

You might also like