БУЛИМИЈА

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

БУЛИМИЈА

Изработил:
Софија Коруноска VIII-1
ШТО Е БУЛИМИЈА?
 Булимијата претставува сериозно, потенцијално
животозагрозувачко нарушување во исхраната.
 Лицата кои страдаат од булимија редовно се
прејадуваат, а потоа на нездрав начин се
обидуваат да се ослободат од внесените калории,
со цел да избегнат зголемување на телесната
тежина.
 По неконтролирано внесување на големо
количество храна, лицата со булимија ја исфрлаат
храната со форсирано повраќање или прекумерно
користење на лаксативи и диуретици. Некои лица
ги согоруваат дополнителните калории со
екстремно вежбање.
 Булимијата често е проследена со депресија, ниска
самодоверба и анксиозност.
 Адолесцентите се најпогодена возрасна група.
Всушност, кај околу 75% од луѓето кои страдаат од
булимија болеста се манифестирала пред 22-годишна
возраст, најчесто околу 15 и 16-годишна возраст.
Жените почесто завршуваат во канџите на булимијата
отколку мажите.
СИМПТОМИ НА БУЛИМИЈА
 Живеење во страв од здебелување и преокупираност со
тежината и внесените калории;
 Чувствуво на немање на контрола при јадење и
прејадување;
 Јадење се додека не се почувствува болка во стомакот
или нагон за повраќање;
 По прејадувањето чувствуво на вина и срам;
 Прекумерно употреба на лаксативи и диуретици;
 Прекумерно користење на суплементи или чаеви за
слабеење;
 Екстремно вежбате;
 Форсирано повраќате;
 Болно или воспалено грло како резултат на честото
повраќање;
 Страдање од болки во стомакот и подуеност.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЛИЦЕ КОЕ СТРАДА
ОД БУЛИМИЈА
 Постојано зборува негативно за изгледот на своето тело;
 Редовно се жали за тежината и покажува страв од
здебелување;
 Го посетува тоалетот по секој оброк;
 По посетата на тоалет има крвави очи и отечени образи;
 На прстите на рацете има лузни или рани предизвикани од
ставање на прстите длабоко во усната шуплина со цел
провокација на повраќање;
 Прекумерно и форсирано вежба;
 Има оштетување на бојата и квалитетот на забите како
резултат на форсираното повраќање;
 Има тенка и ретка коса.
 Покрај горенаведените симптоми и знаци, лицата со булимија
често страдаат од депресија, ниска самодоверба, анксиозност
и злоупотреба на алкохол и лекови.
КОМПЛИКАЦИИ
 Како резултат на намалениот внес на хранливи материи во
организмот, кај луѓето кои страдаат од булимија постои
реална опасност да биде засегнат секој орган од телото.
Најчесто се јавуваат следниве компликации:
 Губење на свест;
 Дехидратација;
 Хемороиди;
 Ладни раце и нозе како резултат на слаба циркулација;
 Нарушување на нивото на електролити;
 Проблеми со бубрезите;
 Хормонални нарушувања (задоцнување на пубертет,
нередовен менструален циклус, ановулација и др.);
 Заостанување во растот;
 Руптура на хранопровод;
 Намалување на коскената густина;
 Аритмии.
ЛЕКУВАЊЕ
Во лекувањето може да бидат вклучени повеќе
здравствени лица затоа што болеста влијае на луѓето
и физички и психолошки.
 Лекувањето може да вклучува:
• Подучување за исхрана за да му се помогне на лицето
повторно да стекне навика да се храни здраво.
• Психолошки интервенции кои ќе им помогнат на
поединците да го изменат начинот на кој
размислуваат, се чувствуваат и однесуваат во врска
нарушената исхрана.
• Може да се користат антидепресивни лекарства за да
се намалат чувствата на депресија и анксиозност.
• Меѓучовечките терапии им помагаат на луѓето да
сфатат како меѓучовечките односи влијаат на
нивните чувства и начин на исхрана

You might also like