Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА

ЈУЖНОМАКЕДОНСКИ ГОВОРИ

МАРКО КРСТЕВСКИ
IV - 5
Јужномакедонски говори
Во состав на таканареченото југоисточно наречје се сместени јужномакедонските
дијалекти. Овие дијалекти се говорат на просторот на правецот кој ги зафаќа
населените места започнувајќи од Кајлар – Воден – Пазар - Солун – Драма - Гоце
Делчев на југ до планинте Беласица и Кожув односно населеното место Демир Капија
на север.
Заедничка карактеристика на јужномакедонските дијалекти

1. Редукција или скратување на неакцентирана самогласки.


Па така неакцентиранта самогласка а се изговра малку повисо, потоа секое
неакцентирана самогласка е во зборот се изговара како и (пример зелен = зилен;
елен = илен) или пак неакцентирана самогласка о преминува во у (пример човек =
чувек; богат = бугат; волови=вулови)

2. Испуштање на самогласки во некои слогови


(пример: детето = детто; жената = жента; вуденицата = вуденицта; куче=кучто)

3. Изедначување на придавските и заменските форми за машки и за среден род


(пример: то чувек; то детто; то пилто)
4. Употреба на предлогот на со директен предмет
(пример: го виде на чувекут; го виде на жента; гу зема на детту)

Акцентирање
Кај јужномакедонските говори за разлика од останатите говори постои и суштинска
разлика во однос на акцентирањето. Самата јужномакедонска група е разграничена на
три дела според поставувањето на акцентот. Па имаме три поддгрупи и тоа:
-Солунско – воденски или долновардарски (Дојран, Гевгелија ,Кукуш, Воден,
Меглен и др)
-Серско – драмски (Сер, Драма, Лагадин) и
-Костурско – Корчанскио (Костур, Лерин и Корча-Албанија)
1.Солунско – воденски
(долновардарски)
Солун, Бер, Воден, Меглен,
Кукуш, Дојран, Гевгелија

Овие говори имаат акцентски


систем скоро идентичен како и
кај штипско-струмичките
говори. Акцентот е ставен на
еден слог без разлика дали
формата на зборот се менува.
(пример: уфчар = уфчаре =
уфчарето; жена = жента)
Морфолошки одлики кај солунскиот говор - примери:
- Множинска наставка – ишта преминува во ишча кај едносложните именки од машки
род (пример: дворишта = дворишча; патишта = патишча) и наставката – ови која
преминува во уви(пример: градови = градуви; лебови=лебуви);
- Постоење на наставката – ха во трето лице множина на (пример: нарачаа = нарачаха;
паднаа = паднаха, гледаа = гледаха);
- Постоење на наставките –ех, -ехме и -еха во прво лице еднина и множина и за трето
лице множина кај глаголите (пример: најдов = најдех, најдовме = најдехме, најдоа =
најдеха или пак продадов = прудадех, продадовме = прудадехме, продадоа =
прудадеха) и
- Губење на родовата диференцијација кај заменките (пример: оваа година = ва гудина,
ова дете = ва дете)
Морфолошки одлики кај воденскиот говор – примери
- Употреба на множинската наставка -е кај именките од машки род (пример: заб =
забе, сноп = снопе, стол = столе)
- Постоење на членската морфема -ут (пример: крајот = крајут, борот = борут)
- Императивна наставка -јте за второ лице множина (пример: викнете = викнејте
викнејте, носете = нусeјте, играте = играјте)
- Испуштање на помошниот глагол сум во трето лице еднина и множина во сложените
форми (пример: видел дека патот е далечен и се вратил = видел оти патут бил далак и
са варнал)
- Отсуство на честичката ли во простата прашална реченица (пример: ќе дојдеш ли?
= ќи дојш?
2. Серско – драмски (Сер, Драма,
Лагадин, Неврокоп)

Кај Серско – драмските говори


акцентот за разлика од претходнат
поддгрупа трпи одредена промена во
зависност од стрктурата на зборот.
Тоа значи дека во формата на еден
збор акцентот го менува слогот
односно може да се движи.
(пример: жени = жените; жена =
жената)
Морфолошки одлики кај Серскиот говор – примери
-Постоење на множинска наставка - ове кај именките од машки род (пример: вол =
волове, ден = денове, сноп = снопове);
-Додавање на наставките - ена и - ета кај именките од среден род во множина
(пример: имиња = имена, кучиња = кучета);
-Акузативна заменска форма за машки и среден род во еднина (пример: него го =
нега га);
-Упростување на групите како што се: (пример: страна = срана, стрико = срико,
здрав = зрав, стројник = сројник, сестра = сесра, страна = срана);
-Додавање на членската форма - о (пример брег = брего, снег = снего, стог = стого,
вир = виро)
Морфолошки одлики кај Драмскиот говор – примери
-Вредноста цар ја менува вредноста цр (пример: црвен = царвен, црница = царница,
црв = царв);
-Одредена измена во употреба на помошната одречна заповедна форма (пример:
немoј = нимој);
-Употреба на придавната наставка - шти наместо шки (пример: пилешки = пилешти,
телешки = телешти);
-Додавање на буквата х (пример: итра = хитра, ладна =хладна, дадоа = дадуха);
-Вметнување на т, д во групите како што се ср, зр (пример: срам =страм, сребро =
стребру, зрел = здрел) и
-Вметнување на вредностите шт, жд (пример: гаќи = гашти, раѓам = раждам)
3. Костурско – корчански (Костур, Лерин,
Корча, Нестрам)
Овие региони имаат слободен акцент со тенденција
за стабилизирање на вториот слог од крајот на
зборот. Овој начин на акцентирање овие говори се
сосема блиски до говорите кои се практикуваат во
тиквешко – мариовските говори.
Може да се рече дека Костурско – корчанската
група на говори особено оној говор кој се
практикува во корчанските села (Дреновени и
Бабошчица) во многу се издвојува од останатите
јужномакедонски говори со своите архаични
особености.
Па имаме:
-остатоци од назализмот
(пример: гради = гранди; заби = замби)
-консонатски групи шч или жџ
(пример: свеќа = свешча; туѓа = чужџа; плеќи = плешчи)

Корчанскиот дијалект често може да се сретне и како Горички според името на градот
Горица = Корча.
Денес Корча заедно со околината се наоѓа во границите на Албанија и во минатото
бил изложен на невидени јазични притисоци и влијанија од страна на властите. Со
помош на пркосот и истрајноста на народот успеале во опстанокот на специфичниот
говор. Респект.
Морфолошки одлики кај Костурско - Корчанскиот говор – примери
- Вметнување на шч и ж и поретко жџ во одредни зборови (пример: свеќа = свешча,
леќа = лешча, веѓа = вежџа, меѓа = межа);
- Кај сегашно време прво лице еднина глаголите се кратат (пример: одам = ода, плетам
= плета, предам = пренда, вредам = вреда)
- Употреба на наставката -нишча за множина на зборови среден род (пример: кучиња
= кученишча, полиња = поленишча, врапчиња = врапченишча)
- самогласното р преминува во ар (пример: прсти = парсти, крстовден = карстовден,
Трстеник = Тарстеник, Крсто = Карсто)
Ви благодарам на вниманието

You might also like