Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Франц Кафка

(1883 – 1924)
ИЗРАБОТИЛЕ: ЕЛЕНА ЈАКИМОВСКА И СОФИЈА ОРТАКОВА 4-4
Животот на Франц Кафка

 Кафка е роден во Прага во средноимотно еврејско семејство, семејство на германски говорители.

 Тогаш Прага била главен град на Кралството Бохемија, дел од Австро-Унгарија. Имал двајца браќа, кои
умреле уште кога биле деца, и три сестри. Иако мајчиниот јазик му бил германскиот, Кафка го зборувал и
чешкиот зашто татко му како чешки Евреин сметал дека синот треба да ги знае двата јазика одлично.

 Во Прага го завршил своето образование станувајќи доктор по правни науки. Се вработил во


осигурителна компанија, и тогаш почнал да пишува. Работата ја сметал за потреба да се преживее, а
негова страст станала литературата жалејќи што нема доволно време за целосно да ѝ се посвети.

 Во текот на својот живот, Кафка напишал стотици писма до семејството и блиските пријатели, меѓу кои и
неговиот татко, со кој имал заладена и формална врска. Врската со неговиот доминантен татко е честа
тема во она што го пишува.
 Во 1917 година се разболува од туберколоза и неговото семејство му помага во опоравувањето.

 Во 1923 набрзина се сели во Берлин обидувајќи се да се оддалечи од влијанието на семејството и да се


фокусира на пишувањето.

 Врската со неговиот татко е честа тема во она што го пишува. Во 1920 доживеал многу интензивна
љубовна врска со чешката новинарка и писателкаМилена Јасенскаи во 1923. Писмата што ѝ ги пишувал
подоцна биле објавени како,,Писма до Милена".
 Пред да почине му рекол на својот пријател Макс Брод да ги уништи сите ракописи. Неговата љубовница
Дора Диамант делумно ги извршила неговите претсмртни барања. Голем дел од неговите последни
ракописи, вклучувајќи 20 тетратки и 35 писма таа тајно ги задржува сè додека не се конфискувани од
Гестапо во 1933. Сè уште се во тек неколку меѓународни барања кои се спроведени за да се пронајдат овие
изгубени текстови на Кафка. Брод ги прекршува упатствата на Кафка и ги прегледува публикациите на
поголемиот дел од текстовите што ги поседувал, и наскоро овие текстови започнуваат да привлекуваат
внимание и високи критички оценки.
 За време на својот живот Кафка објавил само неколку раскази, само мал дел
од неговото творештво и поради тоа не привлекол значајно внимание.
Најголемиот дел од неговите дела се објавени посмртно.

 Кафка ги напишал романите „Процес“, „Замок“ и „Америка“, збирката кратки


раскази „Градењето на кинескиот ѕид“ и расказите „Метаморфози“.
Франц Кафка и Фелиса Бауер
Творештвото на Франц Кафка

 Франц Кафка припаѓа на германската литература од 20-тиот век. Не може да се класифицира


во конкретен литературен правец. Поаѓајќи од мрачната и застрашувачка визија на животот,
може да пронајдеме експресионистички елементи во неговата поетика, според темите што ги
обработува може да го сметаме за еден од авторите кои ги инспирирале егзистенцијалистите
(Ками, Сартр). Исто така, писателите од т.н. магичен реализам пронаоѓаат сличности со
делото на Кафка. Освен голем број раскази и трите подолу наведени романи, од Франц Кафка
има зачувано голем број писма упатени до девојките со кои бил во љубовна врска, но и писма
до членови од семејството и пријатели. Кафка долг период од животот водел и дневник.
 Самиот тој отпечетил три збирки раскази, кои не постигнале голем успех додека бил жив.
Најголемиот број негови дела се отпечатени посхумно од неговиот пријател Макс Брод, кој не
ја исполнил желбата на Кафка да ги запали необјавените дела.
 Раскази: „Опис на битката“, „Пресуда“, „Гладниот уметник“, „Преобразба“, „Во затворската
колонија“ и др.
 Романи: „Процес“, „Америка“ и „Замок“
Насловни страници на дела од Кафка
Цртежи од Кафка
За романот „Процес“

 Ликовите во романот се чудни, нереални пројави, речиси духови, сместени во простории


какви никаде не можеме да сретнеме, со ниски тавани, со чудни врати кои водат во други
уште почудни простории, со решетки или дрвени прегради, претрупани со хартии или нечии
алишта, со соби за привремено живеење кои се и канцеларии во определени денови, со
безброј ходници, со луѓе што чекаат до остарување, со скали кои водат кон следниот
лавиринт.

 И вака прикажан – бескрајниот лавиринт во романот е токму она што претставува судството
во денешно време, бескрајно одложување, мамење, надитрување, затскривање, заборавање
на човекот и неговиот обичен живот и обичните проблеми со кои се соочува. Тие проблеми не
можат ни да се откријат, ни да се дефинираат, ниту да се решат. Општеството е такво каде
човекот не може да се пронајде себеси, каде нема кој да помогне, каде човекот престанува да
биде човек – туку станува само една бројка, еден од многуте нерешени случаи во процесот
наречен „живот“ и каде крајот е неизбежен – да се умре како куче.

You might also like