Вовед во микроорганизмите

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

ВОВЕД ВО

МИКРООРГАНИЗМИТЕ
Каде се употребуваат микроорганизмите?

Микроорганизмите се употребуваат :
• За млечни продукти.
•Производство на леб.
•За производство на вино, оцет.
•Медицинска употреба
•За подобрување на почвата
• Чистење на животната средина
Микроорганизмите се посебна група на живи организми, многубројни и различни меѓу себе.
Заедничка особина на овие живи организми им е големината. Тие во најголемиот случај имаат
мали димензии, поради што го добиле префиксот „микро“. Во групата на микроорганизми
спаѓаат :
• бактериите
• алгите
• габите
• праживотните
• вируси
Вируси

• Вирусите се многу ситни организми видливи само со електронски микроскоп. На латински virus - значи
токсин или отров. Вирусите немаат клетки како сите живи организми. Тие се просто градени од низа
гени обвиткани со белковинска материја - капсид.
• Вирусите надвор од живата клетка се неактивни, во вид на вирусни кристали. Со навлегување во живата
клетка - домаќин тие активно живеат, брзо се движат, се размножуваат, се хранат со готови органски
материи - паразитски предизвикувајќи тешки заболувања. Вирусите ги напаѓаат бактериите,
растенијатата, животните и човекот. Одреден тип на вируси напагаат одредени ткива. Така на пример,
вирусот вариола го напаѓа кожното ткиво на човекот и предизвикува сипаница. Други познати вирусни
заболувања кај човекот се грип, беснило, жолтица, сида. Кај животните вирусите предизвикуваат
беснило, шап, лигавка. Вирусите се способни да се приспособуваат и видоизменуваат според условите
на средината, на пример, вирусот на големата сипаница кога ќе помине во телото на теле се
видоизменува и ја губи способноста да предизвикува заболување кај човекот. Ваквите вируси се
користат за приготвување вакцини против голема сипаница.
Бактерии
Бактериите се најситни и најпрости едноклеточни организми, видливи само под микроскоп.
Ги има насекаде, во водата, во воздухот, во почвата, во живите и изумрените организми.
Градба - бактериите однадвор се обвиткани со клеточен ѕид кој не содржи целулоза, туку
посебни белковински материи.
Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Внатрешноста е исполнета со
цитоплазма. Немаат јадро, туку наследна материја, гени, наредени во вид на ѓердан.
По форма бактериите можат да бидат: топчести (коки), стопчести (бацили). спирални
(спирохети).
Видови на бактерии
• Бактериите што имаат хлорофил се хранат автотрофно вршат фото-синтеза. Хетеротрофните бактерии
можат да бидат паразитски и сапрофитски.
• Сапрофитските бактерии се хранат со органските материи од изумрените организми при што ги
разложуваат до неоргански материи: вода, минерални соли, јаглероден диоксид и енергија потребни во
процесот на фотосинтеза.
• Некои бактерии се корисни. Се користат во производството на храна: киселење на зелката, поткиселување
на млекото, добивање на алкохол и пиво. Овој процес се Вика ферментација. Познати ферментации се
оцетната, млечнокиселата, пивската, алкохолната и др.
• Корисните бактерии се сретнуваат и во цревата на човекот и го потпомагаат варењето на храната во
цревата, познати како цревна флора.
• Паразитските бактерии предизвикуваат разни заболувања кај човекот како што се
дифтерија,туберколоза, колера, тифус и др. Туберкулозата ја предизвикува бактерија со стапчеста
форма бацил. Туберкулозниот бацил го напаѓа бубрежното белодробно ткиво, половите органи и
другите ткива. Бактериите се пренесуваат преку воздухот, водата, храната.Против штетните бактерии
човекот се бори со навремено преземање на превентивни мерки, како стерилизација, пастеризација,
дератизација. Со пастеризација и стерилизација се врши уништување на бактериите со загревање на
предметите и храната. За заштита од заразните болести човекот се труди да ја одржува личната и
општата хигиена.
Децата, а по потреба и возрасните луѓе, се вакцинираат за да станат отпорни на заразните болести.
Размножување на бактериите

Размножувањето на бактериите се врши со проста


делба на клетката и спори. Со делбата на клетката
размножувањето се врши многу брзо. Делбата се врши
на секои Дваесетина минути при што се добиваат голем
број на клетки. Од една бактерија за неколку дена би се
исполниле сите мориња и океани ако има поволни
услови за тоа.
При неповолни услови клетката се обвиткува со цврста
заштитна обвивка- спора која може да мирува подолго
време, дури и неколку години.
Габи
• Печурките се најсложено градени габи. Живеат на гнилеж од листови, трупци од
дрво, влажна хумусна почва. Изградени се од хифи кои во почвата формираат
мицелиум, а нагоре плодоносно тело, различно по форма, боја и големина.
Некои печурки се јадат. Тие се богат извор на минерални органски материи
белковини и амино киселини, витамини (Б комплекс) и затоа народот ги
нарекува месо од нашите шуми.
• Сапрофитските габи имаат огромно значење за кружењето на материите во
природата. Заедно со бактериите тие ги разложуваат органските материи од
изумрените организми до степен на неоргански материи со што ги враќаат во
почвата водата и минералните соли и Со, во воздухот. Затоа се познати како
разградувачи на органските материи.
• Додека лебната, пеници- линската и квасната габа се сапрофитски габи кои се
хра нат со готови органски ма-терии од мртвата природа.
ГРАДБА И ОСОБИНИ НА КВАСНИТЕ КЛЕТКИ

• Квасните габи се група на едноклеточни микроорганизми кои му


припаѓаат на царството на габи. Царството на габи има голем број
различни видови, а по својата природа наликуват на „растенија без
хлорофил“.
Квасните габи или квасците се неподвижни микроорганизми со
голема распространетост. Најчесто ги населуваат овошните градини
и лозјата.
Квасците се во неактивна форма додека престојуваат на површината
на здравите плодови.Квасните клетки како едноклеточни организми
имаат најпроста градба од сите габи. Сепак тие имаат еукариотска
градба, па затоа се посложени од бактериите.Најважна особина на
квасците е нивната способност да вршат ферментација или вриење.
Нивно својство е битен фактор во примената на квасците во
прехранбената индустрија, при добивање на алкохолни производи
(вино, пиво), леб и други пекарски производи, млечно-кисели
производи и др.
ГРАДБА И ОСОБИНИ НА МУВЛИТЕ
• Во царството на габи во посебна група спаѓаат мувлите.Мувлите
најчесто се распространети на повредени растителни плодови и на
други органски отпадоци на влажна подлога. Можат да се
забележат во силосите, подрумите и на дрвена амбалажа. За развој
на мувлите потребни се услови на зголемена влажност над 60%,
полутемни места со температури од 20-22°C.
Телото на мувлите се состои од издолжени, кончести клетки наречени
хифи. Хифите се испреплетени во мрежа наречена мицелиум.
• Најпознати мувли се:
- црната мувла која се развива на леб,сирење, овошје, зеленчук.
- габата пеницилиум која ги излачува антибиотикот пеницилин, кој
уништува многу микроорганизми, инаку е откриен од англискиот
лекар Александар Флеминг во 1929 година.
Алги
• Алгите се наједноставните автотрофни
организми, се исхрануваат со фотосинтеза,
сите алги содржан зелен пигмент, кај некои
алги може да има и помошен пигмент кој
дава различни бои на алгите. Живеат во
слатките и солените води, но може да се
најдат и на влажни почви. Телото на алгите
е наречено талус, тие намаат вистински
органи бидејчи немаат диференцирано
ткиво. Познати едноклеточни алги се
зелените алги.
Протозои (праживотни)
• Протозоите се микроскопски едноклеточни еукариоти кои
имаат релативно сложена внатрешна структура и извршуваат
сложени метаболички активности. Тие доаѓаат во многу
различни форми и големини, почнувајќи од амеба која може да
ја смени својата форма до Парамециум со својата фиксна форма
и сложена структура. Тие живеат во широк спектар на влажни
живеалишта, вклучувајќи свежа вода, морска средина и
почва.отозои имаат структури кои им овозможуваат движења.
• Некои од нив се паразитски, што значи дека живеат во други
растенија и животни, вклучувајќи и луѓе, каде што
предизвикуваат болести.
• Плазмодиумот, на пример, предизвикува маларија.

You might also like