Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 24

Проценка на ризик и управување со

ризикот на работното место

Катедра по медицина на трудот


Медицински факултет, УКИМ, Скопје
ШТО ЗНАЧИ АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ НА РАБОТНОТО
МЕСТО И ЗОШТО СЕ ПРАВИ?
• Да се идентификуваат штетностите и опасностите, како и условите и
организацијата на работното место и примената на превентивни
мерки со цел да се намали/елиминира нивното негативно влијание
врз здравјето и животот на работниците

Мултидисциплинарен пристап:
- Овластени правни субјекти за БЗР (инжинери)
- Лекар специјалист по медицина на труд (МТ)
- Стручно лице за безбедност при работа
- Претставник на вработените

Работодавачот мора да изготви и спроведе Изјава за


безбедност за секое работно место, прецизирајќи ги
начинот и мерките кои треба да се превземат за
одржување на безбедноста и здравјето на работниците!!!
Дефиниции:

Ризик - веројатноста дека како последица на


изложеност на штетности и опасности од работната средина, ќе
се јават штетни ефекти врз здравјето и животот на професионално
експонираните работници.

НЕ ПОСТОИ РАБОТНО МЕСТО БЕЗ РИЗИК!!!

Прифатливо ниво на ризик- можноста за појава на штетни ефекти врз


здравјето e безначајна, а самите ефекти кои при тоа би се јавиле се
минимални (не би можеле дополнително значајно да се минимизираат)
Анализа на ризикот

• Квантитативен процес кој дава нумеричка проценка за поврзаноста


меѓу експозицијата и ефектите врз здравјето
• Ја утврдува веројатноста за појава на професионална болест,
повреда на работа или смрт

• Се состои од три последователни и меѓусебно поврзани процеси :

1. 2. 3.
Проценка на Управување Известување
ризик со ризик за ризик
1. Проценка на ризик

- Се состои од
а) Идентификација на
неколку штетностите и
последователни опасностите
активности, кои е
неопходно да се
реализираат по б) Проценка на
експозицијата
утврдениот
редослед:
в) Проценка на доза-
одговор ефектите

Се спроведува посебно за г) Карактеризација на


секое работно место!!! ризикот
Професионални опасности

Опасности

Механички опасности кои се


Опасности кои се јавуваат во Опасности кои се јавуваат со
јавуваат со користење или
врска со карактеристиките на користење на електрична
употреба на опремата за
работното место енергија
работа

Пр. работа со остри предмети-


Пр. опасност од лизгање,
инструменти, скршено стакло,
сопнување, паѓање од Директен или индиректен
компримиран гас, опасност од
истурени течности и допир со електрична енергија
пожари од запаливи
замрзнати работни површини
материјали

Извор: Правилник за начинот на изготвување на изјавата за безбедбност, нејзината содржина, како и податоците врз основа на кои треба да се заснова проценката на ризикот, Сл.Вес /09
Професионални штетности

Штетности

Штетности кои
Во текот на работниот произлегуваат од Штетности врзани за
процес психички или организацијата на
психофизиолошки работа
напори на работата

Пр. нефизиолошка
- Физички положба на телото, стрес, Пр. сменска, ноќна,
- Хемиски работа под притисок, брза прекувремена работа и
- Биолошки реакција, одговорност, др.
временско оптеретување

Извор: Правилник за начинот на изготвување на изјавата за безбедбност, нејзината содржина, како и податоците врз основа на кои треба да се заснова проценката на ризикот, Сл.Вес /09
• ХЕМИСКИ АГЕНСИ: токсични, корозивни и запаливи хемикалии

• ФИЗИЧКИ АГЕНСИ: бучава, јонизирачко зрачење (радиоактивен


материјал), нејонизирачко зрачење (УВ стерилизатори, ласери),
ниска температура (работа со криогени материјали), топлинскo
зрачење (топли уреди и површини)

• БИОЛОШКИ АГЕНСИ: патогени микроорганизми


(ракување со контаминирана крв и ткивни течности)
а) Идентификација на штетноста

• Препознавање на сите штетни фактори во работната средина и


дефинирање на нивните својства

• Утврдување на „судбината” на штетниот агенс во надворешната


средина или во организмот на работникот, но и способноста таа да
предизвика негативни здравствени ефекти или професионална
болест

• Се спроведува со помош на општи/специфични листи (check-листи)


на штетности на лице место на терен
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА АНКЕТИРАНИОТ
Пол:  Машки  Женски Возраст : Образование:  Средно  Вишо  Високо 6. Други опасности кои можат да се појават во
Работно место: Организациона единица: врска со користење на електричната
енергија.
Време на експозиција на опасности/штетности/напори
II. ЧЕК ЛИСТА НА ХЕМИСКИ, ФИЗИЧКИ И БИОЛОШКИ ШТЕТНОСТИ
1 – Кратка , помалку од 1 h / 2 - Средна, 3-4 h / 3-Долга, во текот на цело работно време
I. ЧЕК ЛИСТА НА ОПАСНОСТИ N0 Видови на штетност Присутна Извршени Резултат Време на Забелешка
мерења експозиција
N0 Видови на опасност Присутна Време на Забелешка да не да не 1 2 3
експозиција А) Хемиски штетности
да не 1 2 3 1. Прашина
А. Механичка опасност
1. Вртливи и подвижни делови 2. Течности – кои
2. Слободно движење на деловите или
материјалите
3. Внатрешен транспорт и движење на
работни машини или возила 3. Гасови
4. Опасни средства - експлозии или пожар – CO
5. Садови под притисок - CO2
6. Компресори - SО2
7. Рачен алат - NO2
8. Неможност или ограниченост за навремено
преместување од работно место;
изложеност на затворање, механички удар, 4. Чад
поклопување и сл.
9. Друго Б) Физички штетности
Б. Опасности кои се јавуваат во врска со карактеристиките на работното место 1. Бучава
1. Опасни површини (остри рабови, шилци, 2. Механички
испакнати делови и сл.); вибрации
2. Работа на височина или длабочина, 3. Зголемен или
намален
3. Работа во тесен, ограничен или опасен атмосферски
простор притисок
4. Влажни или лизгави површини, испачувања, 4. Радиоактивно
вдлабнатини или прелопи зрачење
5. Физичка нестабилност на работното место 5. Електромагнетно
6. Нејасно обележани патеки за движење зрачење / монитори
7. Недоволен простор за поминување на 6. Топлинско зрачење
пешаци и транспортни средства 7. Услови во работна
средина
В. Опасности кои се јавуваат со користење на електрична енергија Температура
1. Опасност од директен допир со делови на Релативна влажност
електрична инсталација и опрема под Брзина на струење
напон; 8. Лоша осветленост
2. Опасност од индиректен допир со делови на 9. Работа на отворено
електрична инсталација и опрема под 10. Работа во близина
напон; на вода или под
3. Опасност од топлотното дејство кое го површината на
создаваат електрична опрема и водата
инсталациите (прегрејување, пожар, 11. Употреба на
експлозија, електричен лак или искрење и запаливи и
др.); експлозивни
4. Опасност од удар на гром и последици од материи
атмосферско празнење В) Биолошки штетности
5. Опасност од штетното влијание на 1. Инфективни агенси
електростатичен електрицитет; 2. Микроорганизми
3. Алергени
4. Работа со животни
III. ЧЕК ЛИСТА НА ШТЕТНОСТИ ОД ПСИХИЧКИ И ПСИХОФИЗИОЛОШКИ НАПОРИ
Nо Видови на психички и Има Нема Товар Време на Забелешка
психофизиолошки напори (kg) експозиција
1 2 3
Напори или телесни напрегања
1. Рачно пренесување на товар
2. Туркање на товар
3. Влечење на товар
Нефизиолошка положба на телото
1. Стоење
2. Седење
3. Наведнување
4. Клечење
5. Друго (да се опише)
Движење во простор
1. Одење
2. Трчање
3. Качување и симнување
4. Протнување
5. Вртење
6. Свиткување
7. Балансирање
IV. ЧЕК ЛИСТА НА ШТЕТНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА
a) работа подолга од полното работно време(прекувремена работа),
b) работа во смени (број на смени, начин на менување на смените, должина на смените
___________________________
c) скратено работно време,
d) работа ноќе,
e) извршување на работни задачи без присуство на други лица (дежурства, чуварски работи),
f) подготвеност во случај на потреба од интервенција,
g) недоволна и несоодветна обука за работите кои ги извршува,
h) недоволна обука за безбедна работа,
i) непознавање на опасностите и штетностите на работното место,
j) _____________________________________________________________
k)
V. ЧЕК ЛИСТА НА ШТЕТНОСТИ / ОПАСНОСТИ КОИ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ДРУГИ ЛИЦА

a)насилство спрема лицата кои работат на шалтери,


b)насилство на кое се изложени лицата од обезбедување,
c) насилство при пренос на пари,
d)психичко вознемирување и малтретирање од страна на други лица,
e)работа со психичко изменети лица,
f) лоши меѓучовечки односи внатре во фирмата,
g)лоша комуникација помеѓу вработените,
h)мобинг: вертикален, хоризонтален, друго,
i) неадекватен однос на претпоставените при извршување на работите (недостаток на помош,
недоволно податоци, одсуство на инструкции, премногу работа, премалку работа, друго,);
j) ____________________________________________________________
б) Проценка на експозицијата
• Внесување/навлегување на штетните материи кои се присутни во работната средина во
организмот на работникот

• Според начинот на кој штетните материи се внесуваат во човековиот организам, може да


биде:
- директна експозиција (непосредно навлегување)- најчесто професионално
- преку апсорпција или контакт-хемиски изгореници, дерматитис
- преку инхалација (гасови, тешки метали)-токсични дејства на
одделни системи (пред се респираторен с-м)
- преку ингестија- преку нечисти раце, јадење на работно место,
несоодветна „hand hygiene“

- индиректна експозиција (преку загаден медиум)

• Зависи пред се од должината на експозицијата и концентрацијата на штетната супстанца


во средината, но и функционалните карактеристики на организмот, присуство на
коморбидитети и др.
в) Проценка на ефектите

• Интегрирање на податоците за утврдената доза/концентрацијата на


штетната супстанција што навлегла во организмот, со специфичните
негативни здравствени одговори и ефекти

• Не сите супстанции предизвикуваат негативни ефекти

• Некои се поврзани со прагот на изложеност- дефинирана граничната


концентрација на изложеност
Можни негативни ефекти:
- акутни токсични
- хронични токсични
- иритативни
- корозивни
- имунотоксични
- канцерогени
- мутагени
- репродуктивни

Лекарот-специјалист по МТ ги утврдува потенцијалните штетни последици


(ефекти) од присутните штетности и опасности на работното место !!!
г) Карактеризација на ризикот

• Синтетизирање на сите литературни податоци, научни


сознанија, епидемиолошки студии и спроведените мерења
во претпријатието/погонот

• Резултатите од сите спроведени мерења се споредуваат со


стандарните утврдени вредности/нивоа

• Проценка на веројатноста штетната супстанција да


предизвика негативни здравствени ефекти или
професионална болест
Видови на дефиниран ризик:

1. Висок ризик- неприфатлив, работникот треба веднаш да се отстрани од


работниот процес
2. Умерен ризик- прифатлив, но треба да се пристапи кон негово
минимизирање/елиминирање
3. Мал ризик- прифатлив, но треба да се спроведуваат мерки за негово
одржување на тоа ниво

Зголемен ризик- и покај примена на сите мерки,


сè уште постојат штетности и опасности кои можат
да го загрозат здравјето
Матрица 3х3 за квантификација на ризикот
(веројатност на јавување на опасноста/штетноста х очекуваната
тежината на оштетувањето врз здравјето)
2. Управување со ризикот
• Следната фаза во анализата на ризикот

• Идентификација, планирање, селектирање и


имплементирање на мерки кои имаат за цел редуцирање
на ризикот до „прифатливо“ ниво

• Опфаќа:
- евалуација на измерениот ризик
- утврдување на прифатливо ниво на ризик
- утврдување на начин и превентивните/корективни
мерки за отстранување, намалување или спречување
на ризикот
- мониторинг на управувањето
3. Известување за ризикот

• Интерактивна размена на информации и мислења кои се


однесуваат на утврдениот ризик

Учесници во проценката и евалуацијата на ризикот


Лица кои управуваат со него
Лица кои ги донесуваат одлуките
Сите други заинтересирани лица вклучени во овој процес
Начини за информирање за ризикот:

• јавни собири
• технички експертски состаноци
• пишувани и публикувани документи
• пишувани и публикувани резултати од спроведени
истражувања
• отворање веб-страница

Според Законот за БЗР, проценката, управувањето и известувањето за


ризикот се законска обврска на работодавачот!!!
Специфични превентивни мерки на работно место
лабораториски техничар или инженер

• Соодветно чување и одржување на на хемикалиите


• Правилна употреба на хемикалиите според упатствата на
производителот
• Соодветно обележување на сите хемикалии, продукти и
примероци
• Адекватна вентилација, примена на аспиратори, дигестори,
biosafety кабинети за отстранување на аеросоли, гасови,
чадови и инфективни агенси
• Соодветно чување и употреба на боци со гас под притисок
• Користење на правилни техники на рачно кревање товар
• Избегнување на отворен пламен
• Строго одржување на опремата и материјалите за да се спречи
протекување, излевање и контаминација
• Одржување на инструментите и опремата во добра работна
состојба
• Користење на соодветни техники за избегнување на
убодни повреди, повреди од остри предмети,
скршено стакло
• Примена на превентивните мерки и рутински
безбедносни практики за биолошка безбедност
(biosafety) при работа со контаминирана крв, крвни
деривати и биолошки материјал
• Соодветна диспозиција на лабораториски отпад
• Чување, чистење и одржување на заштитни средства
– облека, апаратура и опрема на соодветен начин
• Соодветно користење и одржување на лични
заштитни средства- униформи, мантили, ракавици,
заштитни очила

You might also like