Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Основна равенка за

притисок во МКТ
Меѓумолекуларни сили се сили со
електрична природа, бидејќи гравитационите сили
помеѓу молекулите се занемарливо мали во однос
на електричните.

• Меѓумолекуларни сили зависат од растојанието помеѓу молекулите:


значителни се само на многу мали растојанија и брзо опаѓаат при
оддалечување на молекулите, така што на големи меѓусебни растојанија
можат да се занемарат.
• Кај цврстите тела, атомите се подредени во кристалната решетка и не
можат слободно транслаторно да се движат, туку можат само да вибрираат
околу рамнотежните положби.
• Кај гасовите, атомите (или молекулите) не се сврзани еден со друг поради
што тие се движат хаотично во садот во кој што се наоѓа гасот. До
промена на правецот на движење доаѓа поради меѓусебните судири, како и
судирите со ѕидовите на садот во кој се наоѓа гасот. Судирите помеѓу
честиците од гасот се еластични, а патеката на движење помеѓу два судира
е права.
Модел на идеален гас
• Основните карактеристики на идеален гас се:
 Димензиите на молекулите на гасот се многу мали. Молекулите
се сметаат за материјални точки
 Меѓумолекуларните растојанија се многу големи
 Меѓумолекуларните сили се занемарливи, а молекулите се
движат хаотично и слободно
 При судир молекулите молекулите се однесуваат како идеално
еластични топчиња
 Бројот на судирите меѓу самите молекули е занемарливо мал во
споредба со судирите од ѕидовите на садот
Моделот на идеален гас не се разликува многу од реалните гасови,
особено кога тие се на ниски температури и под мали притисоци.
Физички величини карактеристични за систем со многу честици - гас

• Масата на гасот (m)


• Состојбата на секој гас се опишува со
• Волуменот на гасот (V)
неговите три основни параметри:
• Температурата на гасот (T) температура, притисок и волумен.
• Притисокот на гасот (p) Волуменот и масата се физички величини
кои ги карактеризираат сите тела,
независно од нивната агрегатна состојба,
додека пак молекуларно-кинетичката
теорија дава објаснување за притисокот и
температурата на гасот како последица на
движењето на молекулите.
• Зошто гасот врши притисок врз сидовите на садот?
• Колку повеќе гас има во садот при константен волумен толку повеќе молекули ќе ги
удираат ѕидовите и резултантниот притисок ќе биде поголем. Во кој било даден
момент некои молекули се движат во една насока, а некои во друга; некои се
движат брзо, некои бавно, а некои во тој момент мируваат. Затоа резултантното
нивно дејство врз ѕидот на садот може да се замени со непрекинато дејство на
некоја средна сила.
• Односот на големината на таа средна резултантна сила и плоштината на
површината на која таа дејствува го дефинира притисокот што гасот го врши на
ѕидот на садот.
• Според молекуларно-кинетичката теорија притисокот што го врши гасот врз
ѕидовите на садот се должи на континуираното удирање на молекулите на гасот на
ѕидовите.
• Ако температурата на гасот се зголеми, молекулите ќе се движат побрзо, бројот на
удари врз ѕидовите ќе се зголеми, а со тоа ќе се зголеми и притисокот. Аналогно со
намалување на температурата притисокот ќе се намали.
• Апсолутната температура T на гасот е пропорционална со средната
кинетичка енергија на транслаторното движење на молекулите од гасот ( k е
Болцманова константа)
Основна равенка за притисок во молекуларно
кинетичката теорија

• Притисокот p на гасот зависи правопропорционално од средната кинетичка енергија


на транслаторното движење на молекулите од гасот и нивниот број во единица
волумен N.
ЗАДАЧИ:

1. Густината на азотот при притисок 1,013105 Pa е 1,25 kg /m3. Моларната


маса на азотот е 0,028 kg /mol. а) Колкава е средната квадратична брзина
(ефективна брзина) на неговите молекули? б) Колку молекули азот има во
1cm3 ? (493m/s; 2,691019 )

2. Определи ја средната квадратична брзина на движење на молекулите на


кислородот при 100 oC, ако ја знаеш неговата моларна маса (0,032 kg/mol),
бројот на молекули во еден мол (6,022 1023 mol-1) и Болцмановата
константа (1,38 10-23 J/K). (539 m/s)
ПРАШАЊА:
1. Што е идеален гас? ( Наброј ги својствата на идеален гас)
2. Кога реалните гасови може да се сметат за идеални?
3. Кои се параметрите со кои се определува состојбата на идеален гас?
4. На што се должи притисокот што го вршат молекулите на гасот врз ѕидовите на садот?
5. На што е пропорционална апсолутната температура на гасот?
6. Дефинирај, напиши ја основната равенка за притисок во МКТ и означи ги величините!
• (Притисокот на гасот зависи правопропорционално со бројот на молекулите во единица
волумен (концентрацијата на молекулите) и од средната кинетичка енегија на
транслаторното движење

• или , односно дека притисокот на гасот зависи правопропорционално со густината на
гасот и средната квадратна брзина на на транслаторното движење на молекулите на
гасот)

You might also like