Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 36

1.3.

Бизнис опкружување
Резултати од учење:

1. Што е 2.Надворешно 3.Внатрешно


опкружување? (екстерно) (интерно)
опкружување?
опкружување?
П,О,Е,Т
Што е опкружување?
Опкружувањето го претставува просторот во кој дејствува претпријатието
т.е. економските, политичките, правните услови, конкуренцијата,
добавувачи, потрошувачи, социо-културни фактори и др.
Пр:површината на РМ е 25 713км квадратни. Од целото население 60%
живеат во градовите а 40% во село.
Надворешно (екстерно)
опкружување?П,О,Е,Т
Надворешно (екстерно) опкружување се дели на:
А) општо надворешно опкружување –ПОЕТ
Политичи фактори-политика на влада, закони и др.
Општествени – популација, мода, миграција, етика
Економски-инфлација, економски развој, даноци, придонеси
Технолошки – комуникација и компјутеризација
Бизнисот неможе да влијае врз овие фактори туку може само да се
приспособи.
Б)посебно опкружување –тоа е различно за секој бизнис (добавувачи,
потрошувачи, конкуренција...)
Внатрешно (интерно)опкружување?
Внатрешно (интерно) опкружување – фактори кои
постојат во рамките на претпријатието (вработени,
технологија на производство, локација, атрактивност
на производот...)
Бизнис клима:
Под бизнис клима се подразбираат условите што ги
нуди една земја за оврарање на нови бизниси и
привлекување на странски инвестиции.Бизнис
климата на една земја се оценува според следниве
индикатори:
-потребни денови за започнување на бизнис,
-добивање на градежни дозволи,
-добивање на електрична енергија,
-пристап до кредити,
-заштита на инвеститорите,
-вкупните даноци и придонеси што ги плаќаат
компаниите
-времето, трошоци и документи за увоз и извоз во и
од земјата,
-ефикасноста на судскиот систем во решавањето на
спорови,
-решавање на несолвентност.
Постапка за регистрација на нов бизнис?

Постапката за регистрација на
нов бизнис е многу важен
фактор во создавањето на
поволна бизнис клима и таа ги
опфаќа:
-број на процедури за законско
регистрирање на бизнисот,
-време потребно за
регистрација,
-трошоци потребни за
регистрација на бизнисот.
Даноци и придонеси што ги плаќаат компаниите?
Градежна
дозвола го
опфаќа бројот
на
процедури,вре
мето и
трошоците кои
се потребни за
добивање на
градежна
дозвола,
добивање на
приклучок за
фиксна
телефонска
линија, вода,
канализациска
мрежа и сл.
Најголем и недостижен извозник во македонската економија и понатаму останува компанијата Џонсон
Мети Македонија, компанија со британски капитал, која во двете фабрики во зоната ТИРЗ Скопје 1
произведува катализатори и апарати за прочистување на издувни гасови. Извозот на Џонсон Мети
минатата година изнесувал 1,74 милијарди евра и има намалување во споредба со претходната година оd
околу 8%. Џонсон Мети лани создал 30% од вкупниот извоз на државата или 41,6% од извозот на 100-те
најголеми извозници. Или додека Џонсон Мети лани самиот направил извоз од 1,73 милијарди евра,
извозот на сите преостанати 99 компании на листата за овој период изнесувал 2,4 милијарди евра, што е
исклучително голема и опасна концентрација кај само една компанија. Истовремено, Џонсон Мети е и
најголем увозник во земјава.
Втор најголем извозник е компанијата Кромберг и Шуберт Македонија, германската инвестиција која
работи во битолската индустриската зона во Жабени и во која се произведуваат главно кабли и кабелски
инсталации, кои се вградуваат во многу европски автомобилски гиганти. Извозот на Кромберг и Шуберт
минатата година достигна 187,5 милиони евра. Со оглед дека најголемиот дел од работењето на оваа
фабрика е поврзано со германската автомобилска индустрија, Кромберг и Шуберт е меѓу компаниите кои
силно беа погодени од пандемијата и бележи пад на приходите и извозот од 19%.
Со извоз од околу 183 милиони евра, годишен раст од околу 10%, на третата позиција за едно место
погоре се искачи Еуроникел Индустри или поранешниот Фени. Еуроникел Индустри веќе четврта година
по ред успешно работи и произведува, со континуиран растечки тренд во производството и извозот.
Фармацевтската компанија “Алкалоид” е четврти најголем извозник во земјата, најголема извозна
компанија со домашен капитал и единствена компанија од 10-те најголеми извозници која успева на
странските пазари да продава готов производ со висока додадена вредност и со висок инпут на домашно
знаење и ресурси. Минатата година Алкалоид ја заврши со консолидиран извоз од околу 128 милиони
евра, што е 65% од вкупните продажби на компанијата.
Белгискиот производител на автобуси Ван Хоол со пад на извозот од околу 30% се рангираше на петтото
место со извоз од 118 милиони евра.
Шести најголем извозник е ИГМ Трејд од Кавадрци, производителот на челични цевки и профили, кој
минатата година ја заврши со извоз од околу 91,7 милиони евра, годишен раст од 2%. Александар Гечев,
генерален директор на ИГМ Трејд вели дека пазарите за челик покажале силна издржливост во време на
пандемија со исклучок на првичниот шок во периодот март – мај 2020 година. “Квотите за увоз на челик
на ЕУ се продолжени дополнителни три години до 2024 година. Се додека не станеме полноправна
членка или добиеме поповолен третман како трговски партнер останува опасноста од ограничување на
нашиот извоз во ЕУ, пренасочувајќи ги инвестиции на нашата компанија во Словенија и во Бугарија
наместо во Македонија”, вели тој.
На седмата позиција е уште една странска компанија од индустријата за автомобилски делови, тоа е
Амфенол Технолоџи од Кочани со вкупни приходи од 89,5 милиони за минатата 2020 година, годишен
раст од околу 6%
Осми најголем извозник е компанијата Либерти или поранешен Арчелор Митал ЦРМ, со извоз од 87,5
милиони евра, што е благ раст во однос на 2019 година.
Скок од две места нагоре бележи и компанијата Маркарт, компанија со германски капитал за
производство на автомобилски делови, која со извоз од 75,8 милиони евра, годишен пад од 7%, се
рангира како деветти најголем извозник.
Рудникот за олово и цинк САСА е рангирана на 10-те место, со извоз од 73,7 милиони евра. САСА
бележи пад од две места подолу заради намалениот извоз од околу 17,8%.
Влијание на опкружувањето брз
бизнис климата во РМ
Видео: https://www.youtube.com/watch?v=D3n_gLJVvrI
https://www.youtube.com/watch?v=dkNVBgJZbnc
https://www.youtube.com/watch?v=MWx54ZC-EMg
https://www.youtube.com/watch?v=rTShBZS63CU
https://www.youtube.com/watch?v=s0TdhETK--o&list=PLRTQ5WNLG2ktgBJi8WQhA7uVwFV4Sox3F&index=3
https://www.youtube.com/watch?v=Y8VVCV6aiNM&list=PLRTQ5WNLG2ktgBJi8WQhA7uVwFV4Sox3F&index=4
https://www.youtube.com/watch?v=XmWI87HjeAs&list=PLRTQ5WNLG2kusB_ZWiMWSmJjGB2zIKzsb&index=3
https://www.youtube.com/watch?v=aU9bZRfXEf8&list=PLRTQ5WNLG2kusB_ZWiMWSmJjGB2zIKzsb&index=5
https://www.youtube.com/watch?v=FNC1shhYbQ4&list=PLRTQ5WNLG2kusB_ZWiMWSmJjGB2zIKzsb&index=6

You might also like