Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 27

Кинезитерапија во бременост

Ас.др. Билјана Калчовска


biljanakalcovska@yahoo.com
Доц. др. Марија Гоцевска
marija_sarevska@yahoo.com
Вовед

• Во нормалното породување од особено значење е активното


учество на родилката во истиснувањето на плодот.
• Со волна контракција која се придружува на нормалните напони,
раѓањето се одвива многу побрзо и многу полесно.
• При породувањето зголемениот интраабдоминален притисок се
пренесува на утерусот на плодот со посредство нa контракцијата
на m. abdominis obliqus, transversus et rectus со што се постигнува
намалување на надворешниот обем на абдоминалното подрачје.
• Со контракцијата на mm. intercostalis interni се доведува до
намалување на дијаметарот на долната апертура на тораксот.
Физичка активност

Физичката активност на бремените жени допринесува за јакнење на мускулатурата


која е значајна за механичкото истиснување на плодот, но исто така влијае и на други
функции како:
- одржување на периферна циркулација
- спречување на тромбоза на крвните садови
- отсранување на оток во долните екстремитети
- олеснување на доток на венска крв во правец кон v. cava inferior
-јакнење на белодробната вентилација
- подобрување на оксигенацијата на ткивата
- стабилизиција на ‘рбетниот столб
- профилакса на лумбален и ишијалгичен синдром
- подобрување на метаболизмот
- подобрување на диурезата
Физичка активност

За време на бременоста настанува истегнување на абдоминалната мускулатура со


што ослабнува нејзиниот тонус и силата на активната контракција.

Изведување на вежби во текот на бременоста доведуваат :


-подобрување на мајчината кардиоваскуларна резерва
-подобрување на мајчината терморегулација
-подобрување на растот и функционалниот капацитет
на плацентата
-намалуваат потење, грчеви во нозете, замор и
задишеност.
Апсолутни контраиндикации за изведување на вежби во текот на
бременоста:
5

-хипертензија-индуцирана во бременоста
-дијагностицирано срцево заболување
-предвремена руптура на околуплодовите
обвивки, ризик за пролабирање на папочната
врвка
-абрупција (одлепување на плацентата)
-присутни вагинални крварења
-фетално страдање
-интраутерин застој во растот на плодот
-некомплетен цервикс
-плацента превија
Релативни контраиндикации:

-дијабет
-анемија или друго нарушување на крвта
-тироидно заболување
-дилатиран (проширен) цервикс
-историја за предвремено породување во текот на предходна
бременост
- утерини контракции кои траат неколку часови по вежбите
-седечки животен стил
-екстремна обезност или подхранетост
-карлична презентација во текот на третото тромесечје
-мултипна бременост (близнаци)
-хипогликемија
-срцева аритмија или палпитации
-каква било болка во текот на вежбањето
-белодробно заболување (астма, хронично белодробно
заболување)
-пушење, алкохол, употреба на кофеин
Проценка и медицински преглед
7

 Општа физичка состојба;


 Историја на вежбање;
 Историја на срцеви заболувања и фактори на ризик за
коронарна срцева болест;
 Ортопедска историја и мускулно-скелетни ризици;
 Употреба на лекови;
 Историја на пулмонална болест;
 Предвиден вид на вежба;
 Хендикепи или инвалидитет;
Кинезитерапија

Кинезитерапијата во бременоста
опфаќа 4 фази:
- до 4 месец
- од 4 до 7 месец
-од 7 месец до породувањето
-период после породување
Кинезитерапија во прва фаза

Прва фаза- дозволени се сите активни вежби со елементи на партерна


гимнастика, а посебно вежби за јакнење на абдоминалната мускулатура
во лежечки и стоечки став со умерено оптеретување.
 Посебно внимание треба да се посвети на вежбите на техника на
дишење.
 Активно напнување на абдоминалната мускулатура треба да се
вежба во услови на задржано дишење, при што се намалува
растојанието меѓу абдоминалниот ѕид и 'рбетот.
 Со активни контракции на сфинктерите на мочната бешика и
дебелото црево се јакнат и деловите на карличната дијафрагма.
 Пливање во рекреативна смисла е дозволено
 Аеротерапија во отворени простори на чист воздух секако е
препорачливо
Кинезитерапија прва фаза
Кинезитерапија прва фаза
Кинезитерапија во втора фаза

Втора фаза- тежината на вежбите кои се прминеуваа во првата фаза


се редуцираат до тој облик и степен во кој интраабдоминалниот
притисок не се зголемува до таа мера да создаде опасност за
предвремено породување.
Кинезитерапија во втора фаза
Кинезитерапија во трета фаза

Во оваа фаза треба да се посвети посебно внимание на вежбите на


долните екстремитети, заради спречување на венската стаза,
тромбофлебитис и флеботромбоза што претставува релативно честа
појава во бременоста
Се изведуваат вежби во лежечки став-активни контракции на
мускулите на стапалата, подколеницитеи надколениците, потоа
изведување на вежби во седечки став, вежби на статички велосипед
Кинезитерапија во трета фаза
Кинезитерапија во трета фаза
Кинезитерапија во трета фаза

При крајот од бременоста вежбите се однесуваат на синхронизација на


контракцијата на абдоминалната мускулатура, како и респираторна
гимнастика. Посебно внимание се посветува на усогласување на инспириум на
воздух со истовремена контракција на абдоминалната мускулатура што при
породувањето допринесува во механизмот на истиснување на плодот.

Жени кои имаат зајакната абдоминална мускулатура во текот на бременоста


не само што полесно се породуваат, туку имаат и помалку компликации после
породувањето.

Компликациите можат да бидат во вид на слабост и опуштеност на


абдоминалниот ѕид, спуштање на абдоминалните органи и намалена работа
на цревата со чести и упорни опстипации.

Абдоминалната мускулатура многу тешко се враќа во првобитна цврста


состојба, ако не се вежба во текот на бременоста.
Кинезитерапија во трета фаза
Кинезитерапија во четврта фаза

После породувањето исто така се продолжува со примена на вежби кои


започнуваат уште првиот ден после породувањето.
Се применуваат статички вежби на мускулите на долните екстремитети заради
превенција од тромбофлебитис.
Се применуваат вежби и за предниот абдоминален ѕид-родилката треба длабоко да
вдише, а потоа да издише при што се активираат сите мускули на предниот
абдоминален ѕид.
За време на вежбањето родилката лежи на грб, со свиткани нозе во колк и колена.
Вежбите се изведуваат 3-4 пати во текот на денот во траење од 10-15 минути.

Вториот ден родилката може да стане, но и понатаму ги изведува вежбите од


првиот ден во лежечка положба.

Третиот ден почнува да шета низ собата.


Кинезитерапија во четврта фаза

Постепено програмот за вежби се интензивира со што се


подобрува општата состојба, кондицијата, се јакнат
абдоминалните мускули, мускулите на дното на карлицата.

Редовното вежбање води до подобрување на апетитот, се


забрзува разградувањето на материите кои се внесуваат
што истовремено влијае и на природната исхрана на детето
со млеко од мајката.

Се добива посвеж изглед, психичката состоја и работната


способност на мајката станува многу подобра.
Кинезитерапија во четврта фаза
Кинезитерапија во четврта фаза
Општи препораки
23
БЕЗБЕДНО ДА СЕ ОДБЕГНУВА
•АЕРОБНИ ВЕЖБИ •ВЕЖБИ НА ГРБ
•ПРОГРЕСИВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ СО ОТПОР •ВЕЖБИ СО СТОЕЊЕ ВО МЕСТО
•ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ •ХОКЕЈ НА МРАЗ
•ЈОГА •КОШАРКА

•СТАЦИОНАРЕН ТОЧАК •ЈАВАЊЕ НА КОЊ


•ЏОГИРАЊЕ •ГИМНАСТИКА
•ПЕШАЧЕЊЕ •НУРКАЊЕ
•КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ •ОБРАТНИ ПОЗИЦИИ
•ВЕЖБАЊЕ НА ПОДВИЖНА ТРАКА
•ВЕЖБИ ВО ВОДА
•ПЛИВАЊЕ
Кога треба да се прекине со спроведување на вежби?
24

• При болка • Нарушен вид • Истекување на


• Вагинално • Несвестица амнионска течност
крвавење • Слабост • Намалена фетална
• Утерини • Брзо дишење активност
контракции • Тахикардија • Генерализирани едеми
• Вртоглавица • Гадење или • Главоболка (исклучи
• Малаксаност повраќање хипертензија)
• Зуење во ушите • Болка во листот
(потколеницата) или
оток (исклучи
тромбофлебит)
Зошто треба да се спроведуваат вежби во бременост?

25

Во овој период од животот жените


обично се здрави и се силно
мотивирани, така да физиотерапевтот
има поволна можност да внесе важни
промени во нивните животни стилови.
Терапевтските вежби во текот на оваа
фаза од животот можат да играат
важна улога во спречувањето на
дисфункција или на заболување во
иднината.
Зошто треба да се спроведуваат вежби во бременост?
26

Жените кои активно вежбаат во текот на бременоста имаат


помалку вообичаени нелагодности што се поврзани со
бременоста, како на пр. потење, грчеви во нозете, замор и
задишеност.

Некои студии покажуваат поврзаност помеѓу мајчиното


вежбање и намалувањето на времетраењето на
породувањето и на инциденцијата на опстетричките
компликации во текот на раѓањето.
27

Благодарам

You might also like