Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

ПОТЕКЛО И ИМЕНУВАЊЕ НА

ЖИВИОТ СВЕТ
 Што е предмет на проучување на систематика како
биолошка наука?

 Кои се петте царства во кои се групирани живите


организми?

 Како ја објаснувате бинарната (биномната) номенклатура?


Историски развиток на систематиката
(таксономијата)
Систематиката е биолошка дисциплина чија задача е да ги
опише и класифицира живите организми во помали или
поголеми групи кои се сродствено блиски или оддалечени.
Со класификацијата се распоредуваат организмите во групи,
според некои нивни заеднички каректеристики.
Таквите групи на организми се познати како систематски
единици или таксони
Преку класификација е олеснето учење на огромен број видови
во светот.
Историски развиток на систематиката
(таксономијата)
Систематиката е зависна од другите биолошки дисциплини
бидејќи ги користи нивните сознанија за да го утврди степенот
на сродноста меѓу организмите.
Биолошки дисциплини кои се база за Систематиката се:
Цитологија, Анатомија, Морфологија, Палеонтологија

На почетокот од развојот на биологијата како наука имало


многу напори за да се направи вистинска поделба на живиот
свет.

Прв обид за систематизирање на растенијата и животните


направил Аристотел во 335 год.пр.н.е. Тој дотогаш познатите
растенија (500-600 видови) ги класифицирал во 3 категории
според разлики во стеблата; а животните (500 видови) ги
поделил на: водни, копнени и воздушни
ПОЧЕТОЦИТЕ НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА
Дури 2000 години после Аристотел никој не се обидел да ги
подели организмите И после цели 2000 години прв кој се обидел
некако да ги групира организмите бил Карл Лине (Carolus
Linnaeus).
Тој ги дели организмите на две царства и тоа:
– РАСТЕНИЈА - Regnum Vegetabile
– ЖИВОТНИ - Regnum Animale
Заедничко за Аристотел и Лине е тоа што и двајцата во својата
класификација ги земале во обзир само надворешните белези, а
тоа е недостатокот.
Со откривањето на микроскопот од страна на Левенхук
(Levenhuk), се открива нова група на организми за кои дотогаш
луѓето не биле свесни дека постојат поради нивните
микроскопски димензии- МИКРООРГАНИЗМИТЕ
Хекел (Ernst Haeckel) предлага микроорганизмите да се стават
во трето царство – царство на едноклеточни организми
Тогаш тој немал јасна претстава за разновидноста на
царството на ПРОТИСТИТЕ (како што е познато денеска), но,
со сигурност се знае дека неговата идеја претставувала голем
напредок во науката , а вбројувањето на сите микроорганизми
во едно царство е оправдано.
Дури со откривањето на електронскиот микроскоп почнува да
се прави разлика помеѓу прокариотски и еукариотски
организми, а тоа значело и вметнување на ново царство –
МОНЕРИ.
Како ново царство го вметнува Копланд (Herbert Copeland ) и
така тој на трите царства додава уште едно, четврто царство:
МОНЕРИ (опфаќа бактерии и модрозелени алги),
ПРОТИСТИ (опфаќа алги, габи и праживотни),
РАСТЕНИЈА
ЖИВОТНИ.
Роберт Витакер (Robert Whittaker) во 1969 година ги опишува
габите како одделна група на организми со свои уникатни
карактеристики, заради што не можат да се вбројат ниту во
царството на растенијата ниту во царството на животните
Денес е прифатена поделбата на сиот жив свет на пет царства
што ја направил Витакер :
КЛАСИФИКАЦИЈА ВО 5 ЦАРСТВА
Монери Прокариотски, едноклеточни организми
(бактерии и модрозеленин алги)
Брои околу 10 000 видови
Протисти Еукариотски едноклеточни и повеќеклеточни
организми со едноставна градба(праживотни и
алги)
Габи Хетеротрофни организми кои ја апсорбираат
органската храна.
Брои 100 000 видови
Животни Хетеротрофни организми кои се исхрануваат со
други организми.
Брои околу 1000 000 видови.
Растенија Автотрофни организми.
Брои околу 250 000 видови
Денес систематичарите наидуваат на големи тешкотии при
нивната работа, поради обемноста на живиот свет.
Секоја година се опишуваат нови видови, посебно од
недоволно истражените подрачја на Земјата како тропските.

Денес се претпоставува дека на Земјата живеат вкупно околу


40 милиони видови на организми.

Секој организам има свое латинско име и народно име.


Народното име се користи локално.
Во билогијата секогаш се користи латинското име на еден
организам.
Научните или латинските имиња се користат бидејки
научниците само така може да се сигурни дека разговаарат за
ист вид на организам.
ЗНАЧЕЊЕТО НА КАРЛ ЛИНЕ ЗА РАЗВИТОК НА
СИСТЕМАТИКАТА
За време на 18 – ти век шведскиот ботаничар
Карл Лине дал голем придонес во развитокот на
систематиката со тоа што:
1. Воспоставува скала во систематика

Според него сите живи организми се


поделени во царства, царствата се групирани
во типови или оддели, типовите се
групирани во класи, класите во редови,
редовите се групираат во фамилии и секоја
фамилија содржи повеќе родови, а секој род
опфаќа одереден број на видови.
Хиерархиска класификација
на организмите
2. Дал дефиниција за видот како најмала единица на
поделба.
Деф: Вид е група на организми со заеднички особини кои можат
меѓу себе да се парат и да дадат плодно потомство.

Денес се знае дека постојат разлики кај одредени видови по


некои каректеристики и затоа видовите се делат на уште
помали систематски групи како :
- подвид – мала група организми кои се разликуваат од
останатите единки од истиот вид само по некои морфолошки и
еколошки белези
- вариетет – група која се разликува од останатите од видот по
некои мали разлики, но, кои се наследни
- сорта – група на единки кои се одликуваат по некоја особина
која е важна за стопанството.

3. Го ставил човекот меѓу мајмуните и ги нарекол


Примати
4. Вовел бинарна номенклатура -двојно именување на видот
Тоа значи за именување на видот предложил да се користат два
латински назива од кои првиот го означувал името на родот кон кој
припаѓа тој вид, а вториот означувал некоја специфична
карактеристика на видот.
Така, со бинарната номенклатура се означуваат карактеристиките
на видот и припадноста кон родот
Пример: Canis familiaris, Lacerta viridis,

Еве ја систематската припадност на човекот:


Вид: Homo sapiens
Род: Homo
Фамилија: Hominidae
Ред: Primates
Класа: Mammalia
Тип: Chordata
ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ НАПРАВИ
ПРАВИЛНО И ТОЧНО ПОДРЕДУВАЊЕ НА
ОРГАНИЗМИТЕ?

ДИХОТОМСКИ КЛУЧ

https://app.creately.com/diagram/CHqKKEXQdms/edit

You might also like