Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Електрохемиска

обработка
 Електрохемиска обработка базира на хемиски процеси кои
настануваат при поминување на едносмерна струја низ електрично
коло кое го сочинуваат електроди потопени во електролит.
 Поминувањето на еднонасочна струја на анодата (обработуваното
парче) предизвикува анодно растворање на металот и неговото
преминување во електролитот.
 Оваа постапка всушност базира на Фарадеевите закони според кои
количеството на метал наталожен или растворен при
електролизата е пропорционално на количеството на поминататата
струја помеѓу двете електроди.
• Под десјтво на електрохемиска струја доаѓа до распоаѓање (дисоцијација) на
молекулите од електролитот на јони на водород, метал или молекуларен
остаток.
• Електролизата е позната одамна, електрохемиската обрабтока е релативно нов
процес на обработка на метелите. Всушност, електрохемиската обработка
може да се смета како обратен процес од електрохемиското нанесување на
метал (никлирање, хромирање и сл.)
 Принципиелна шема и тек на реакција при електрохемиска обработка
 Важна карактеристика при електрохемиска обработка претставува густина
на електрична струја која во овој процес може да достигне и до 800A/cm²,
што е приближно 1000 повеќе одошто при другите електрохемиски
процеси.
 При протечување на струјата во овој процес, распределбата на густината
на струјата по површината на обработуваното парче зависи од формата на
алатот.
 Наголемата густина се појавува на местата каде што растојанието помеѓу
електродите е најмало, што значи и интензитетот на симнувањето на
материјалот на тоа место е најголем, ако во процесот на обработка алатот
(катодата) се движи кон обработуваното парче (анодата), густината на
струјата оистепено се израмнува по целата површина на обработуваното
парче и неговата површина се формира според формата на алатот.
 Важна карактеристика на овој процес е што алатот во процесот на
обработка не се троши (под услов електролитот да не дејствува
корозивно).
 При електрохемика обработка важна улога има електолитот и од неговиот
правилен избор во голема мера зависи и точноста, производотноста и
економичноста на процесот.
 Како електролит главно се применуваат водни раствори на неутрални
соли. За поголема производност електолитот со металот не треба да
создава нерастворливи хемиски соединенија кои ја пасивизираат
обработката на површината.
 Инсталацијата за електрохемиска обработка во основа се состои од
самата машина, извор за напојување, систем за циркулација на
електролитот и систем за конторла и управување со процесот.
 Типична инсталација за електорхемиска обработка, каде што:
1. Системот за помест,
2. Ивор на еднонасочна струја,
3. Катода (алат за изолација),
4. Анода (обработуван предмет),
5. Електролит,
6. Систем за циркулација на електролитот.
 Со електрохемиска обработка можат да се обработуваат
сите електроспроводливи материјали, но посебна
примена има обработка на многу тврди или жилави
материјали и легури кои со конвенционалите методи на
обработка тешко се орбаботуваат, како и при изработка
на сложени површини.
 Со своите карактеристики електрохемиската обработка
зазела значајно место помеќу неконвенционалните
постапки на обработка. Таа најде примена во различни
подрачја на машиноградбената индустрија за
спроведување на разни операции: копирање, дупчење,
стружење, рендосување, изработка на жлебови,
симнување на рабови и сл.
 Електрохемиската обработка со своите карактеристики
се повеќе е присутна во машиноградбената индустија, а
нејзините основни предности во однос на
конвенционалните постапки се: едноставната
конструкција и ниска цена на алатите, малото трошење и
долгиот век на траење на алатите (практично не постои
трошење на алатот), висок квалитет на обработената
површина со соодветна точност на изработка, многу
евтина работна течност (електролит), голема
производност итн.

You might also like