АУТИЗАМ

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

АУТИЗАМ

Аутизам — нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со


намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и
повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три
годишна возраст. Аутизмот делува на обработката информации во мозокот,
со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се
поврзуваат и организираат. Како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато.
Другите две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот
Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во
јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот - неодредено), кој се
дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за
другите два синдроми.
 Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот
е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации,
кои имаат огромни ефекти, или пак со мултигенски интеракции на
нормалните гени. Во ретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои
предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни
теории за некои причинители, коишто можат да произлезат од
опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или
вакцините, кои се примаат во раното детство. Хипотезите за вакцините
се биолошки невозможни и не се потврдени со достојни научни докази.
Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Распространетоста на НСА е 6
луѓе од 1000, со тоа што се јавува 4 пати повеќе кај машката популација
отколку кај женската. Бројот на луѓе, кои се дијагностицирани дека
страдаат од аутизам почна драстично да се зголемува од 1980-тите,
делумно поради промените во дијагностиката. Причините за
зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.
 Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две
години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има
исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат
нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето
мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на
светот уште во раниот период од детството може да им помогне да
станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да
се социјализираат, не постои лек којшто делува 100 процентно. Не
многу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по
стекнувањето полнолетство, иако некои од нив стануваат
успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која
што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека
аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да се
толерира како разлика.
Особености
 Аутизмот е многу променливо нарушување во психолошкиот развој,
коешто најпрво се појавува за време на многу раното детство или во малку
подоцнежниот период од детството, и во главно продолжува со иста
брзина на развивање, без намалување на интензитетот. Очигледните
симптоми се појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се
потврдат од 2 до 3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат
да се појавуваат во зрелите години, но често во променета форма.
Аутизмот не се утврдува со само еден симптом, туку со карактеристичната
тројка од симптоми: нарушувања во способноста за социјализација,
нарушувања во способноста за комуникација и ограничени интереси и
повторливо однесување. Има и други чести симптоми, како необичниот
начин на јадење, но тие не се пресудни при дијагностицирањето.
Карактеристичните симптоми на аутизмот се појавуваат низ целиот свет,
и на тој начин што аутистите не се разликуваат драстично од остатокот од
населението, при што исто така нема и некоја остра линија помеѓу
поблагите и потешките патолошки случаи на аутизам.
Комуникација
 Околу една третина од лицата со аутизам не развиваат доволно говорни способности за да
ги задоволат потребите за дневна комуникација. Уште во првата година од животот на
детето можат да се забележат необичности во комуникацијата, како задоцнет почеток на
обидите за зборување/мумлање, необични гестикулации, необрнување на внимание на
надворешните дразби и неогдоварање на истите, како и начини на обид за комуникација
со гласови, коишто не биле научени од негувателот. Во втората и третата година од
животот, аутистичните деца немаат толку чести мумлања, испуштања на гласови, зборови
или комбинирање на истите, и нивните гестикулации се ретко проследени со зборови.
Мала е веројатноста дека аутистичните деца ќе ги изразат нивните побарувања или дека
ќе ги споделат нивните искуства, туку поголема е веројатноста тие дека тие едноставно ќе
ги повтроуваат зборовите на луѓето околу нив (ехолалија) или дека погрешно ќе ги
употребат личните заменки. Невербалната комуникација и гестикулациите се неопходни
за да се оствари успешно разговор со аутистите, и недостатоците во способноста за
правилна невербална комуникација и гестикулирање се тие, по коишто може да се
препознае бебе со НСА, на пример бебето може да гледа во раката што покажува кон некој
предмет, а не во посочениот предмет, и тие постојано не успеваат во обидот да покажат
кон некој предмет на којшто сакаат да искоментираат или во врска со којшто сакаат да
споделат некое искуство. Може да се случи аутистичните деца да имаат проблем со
претворањето на симболите во јазик.
Повторливо однесување
 Луѓето со аутизам покажуваат повеќе форми на повторливо или
ограничено однесување, коешто скалата за повторливо однесување
го категоризира на следниов начин:

 • Стереотипија - повторувачки движење, како плескање со раце,


правење звуци, итн.
 • Компулсивно однесување - однесување кое следи правила, како
редење на објекти во права линија.
 • Сличност - отпор кон промена, на пример инсистирање мебелот да
не се преместува.
 • Ритуално однесување - вклучува непроменлива шема на дневни
активности, како на пример непроменето јадење или ритуал на
пресоблекување. Ова е тесно поврзано со сличноста, и една
независна проверка на скалата даде предлог за спојување на двата
фактори.
 • Ограничено однесување - однесување ограничено во поглед на
точка на концентрирање, интерес или активност, како на пример
преокупираност со единствена телевизиска програма, играчка или
игра.
 • Самоповредување – однесување коешто вклучува движења, кои ја
повредуваат или можат да нанесат повреди, како на пример боцкање
во око, гризење рака, удирање на глава. Едно истражување од 2007
година покажа дека во одреден период, појавата на факторот на
самоповредување била присутна кај скоро 30 % од децата
дијагностицирани со НСА. Ниедно посебно повторливо однесување
не е специфични за аутизмот, но само аутизмот се одликува со шема
на појавување и сериозност на овие однесувањ
Причини
 Долго време се претпоставува дека има заедничка причина на генетско,
когнитивно и невронско ниво за карактеристичната тројка симптоми за
аутизмот. Но сепак, сè поголемо е сомневањето дека напротив се работи
за сложено нарушување, чиишто суштински одлики имаат сосема
различни причинители, коишто често се случуваат во исто време.
Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот
е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации,
кои имаат огромни ефекти, или пак објаснувањето се состои од
мултигенски интеракции на нормалните гени. Сложеноста поизлегува
од интеракцијата меѓу повеќе гени, околината и епигенетските фактори,
кои не го променуваат составот на ДНК, но се наследни и влијаат врз
репродукцијата на гените. Некои истражувања направени врз близнаци
покажале дека коефициентот на наследност на аутизмот е 0,7, а 0,9 за
поширокиот фенотип на аутизмот, и дека шансата брат или сестра на
аутист да страда од аутизам исто така е околу 25 поголема од шансата кај
некој што нема заболен брат или сестра.
Изработил :Ивона Георгиева III-1

You might also like