3. Служби за ментално здравје во заедница Јана

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

СЛУЖБИ ЗА

МЕНТАЛНО
ЗДРАВЈЕ ВО
ЗАЕДНИЦАТА

Доц. д-р Јана Белевска


МУЛТИРОФЕСИОНАЛЕН
ПРИСТАП

– Се зема во предвид поединецот и неговите потреби, а не само аспектот на


психичките растројства;
– Психијатрите не се „носители“ на ангажманот околу корисниците на
помош, туку имаат улога на СЕРВИС кој интервенира по потреба;
– Социјалните работници, социотерапевтите, работните терапевти,
педагозите, психолозите, едукаторите од различен профил, го подобруваат
социјалното и работното функционирање на корисниците на психијатриска
помош, а со тоа и значајно придонесуваат за подобрување на нивната
состојба.
МУЛТИРОФЕСИОНАЛЕН
ПРИСТАП

МУЛТИПРОФЕСИОНАЛНИОТ ПРИСТАП овозможува корисниците на психијатриски услуги да не се перцепираат и


третираат низ призма на растројство/дијагноза, туку да им се пружи индивидуализирана помош, според нивните
потреби и квалитети.
– Индивидуалниот план овозможува постапна и безбедна реинтеграција во општеството, низ оптимална реализација
на личните афинитети и оптимално искористување на личните капацитети;
– Поддржува и овозможува и интервенции во заедницата со кои се третира и средината во која корисниците
егзистираат (разбивање на предрасудите, разбирање и прифаќање на лицата со психички болести од страна на
нивните семејства, опкружување итн).
1. СЛУЖБИ ЗА МЕНТАЛНО
ЗДРАВЈЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА
– Организација на менталното здравје ориентирано кон заедница, меѓу
другото, подразбира развивање на мрежа на вонболнички установи со кои
се повеќе им се приближуваат на своите клиенти, давајќи им ги своите услуги
што поблиску до нивната животна средина;
– Претставува начин да се спречи исклучување од општеството, но претставува
и корисен пристап кој е покорисен за клиентите и за заедницата во целост;
– Поадекватен третман, заснован врз вистинските потреби на корисниците –
се спречуваат влошувањата на психичките заболувања и потребите од
хоспитализација, со што им се овозможува на корисниците што повеќе и
поквалитетно да учествуваат во општествениот живот.
1. ЦЕНТРИ ЗА МЕНТАЛНО
ЗДРАВЈЕ
Центрите за ментално здравје претставуваат установи кои даваат услуги
од областа на менталното здравје во заедницата. Ваквите центри, главно
се установи за дневен престој во различни форми и со рзлични дневни
програми.

– Дневните центри ја акцентираат психосоцијалната димензија на


третманот повеќе од медикаментозната (во дневните центри не се
спроведува медикаментозна терапија).
– Тие се посебна социотерапевтска институционална форма, нудат
програма која може да се посетува делумно и без обврзувања.
1.1. ДНЕВНИ ЦЕНТРИ ЗА
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

– Прв дневен центар – 1933 во Москва, поради недостаток на болнички кревети, вкупно 1225
поранешни психијатриски пациенти биле корисници и на кои била применувана работна
терапија;
– Дневните центри имаат двојна намена: тие се психијатриски установи од преоден тип, но и
установи во кои некои корисници се примени и без претходна хоспитализација;
– Според организациониот модел имаат регионален карактер (на секои 100.000 до 150.000
жители) и треба да имаат мобилна служба за интервенции во заедницата.
1.2. ДНЕВНИ БОЛНИЦИ

– Дневните болници претставуваат „прв чекор“ на премин од вонболнички на


вонболнички психијатриски третман;
– Корисниците престојуваат неколку часа, во период од 3 до 6 месеци задолжително;
– Третман – медикаментозен во комбинација со психосоцијална и окупациона терапија, а
исто така се спроведуваат и разни модалитети на социјална рехабилитација;
– Треба да ги коригира недостатоците и ограничувањата на третманот во затворените
психијатриски одделенија, како и на амбулантниот третман.
1.3. СОЦИЈАЛНИ КЛУБОВИ

– Социјалните клубови се основани во текот на 40тите години од минатиот век,


како резултат на заемното поврзување на психијатриските корисници заради
организирање средина во која ќе обезбедат взаемна поддршка;
– Најпрактични пристапи за обезбедување на самопомош и работна
рехабилитација;
– Овозможуваат комуникација меѓу корисниците низ рекреативни активности –
социјална реинтеграција;
– Може да биде дел од болничка институција, но и како самостојна институција;
– Се организира преку назначување на одбори, комисии, но и вклучување на
роднини и пријатели.
2. ТЕРАПИЈА ВО
ХОМОСЕМЕЈНА/ХЕТЕРОСЕМЕЈНА
СРЕДИНА
– Терапија во хомосемејна средина – третман на корисникот во неговото семејство кое се
спроведува под контрола на членови на терапевтски тим;
– Терапија во хетеросемејна средина – третман на корисникот во туѓа семејна средина, кога
корисниците немаат сродници со кои би можеле да живеат, а не се во состојба самостојно
да се грижат за себе.
 Услови кои треба да ги задоволува семејството:
 Членовите да имаат одредени морално-етички квалитети;
 Никој од членовите да не има психичка девијација;
 Корисникот мора да биде прифатен како член на семејството;
 Корисникот мора да добие соодветни просторни и хигиенски услови;
 Пожелно е кориснкот да биде вклучен во работата во домаќинството.
2. ТЕРАПИЈА ВО
ХОМОСЕМЕЈНА/ХЕТЕРОСЕМЕЈНА СРЕДИНА

Негата и лекувањето на корисниците на психијатриски услуги во хомосемејна


средина вклучува неколку видови терапевтски постапки: групна терапија,
окупациона терапија, медикаментозна терапија како и терапевтскиот фактор
кој е содржан во многу специфичности на семејната средина.
3. ЗАШТИТНИ РАБОТИЛНИЦИ

– Работата на корисниците на психијатриска помош во заштитни


работилници претставува преодна фаза во процесот на работно-
професионалната (ре)адаптација на корисиците, од работна
терапија во болницата, до извршување на работните активности
во заедницата.
– Корисниците на психијатриска помош на кои им е потребно повеќе
време за реадаптација, работат подолго време во специјалните
заштитни работилници, каде тежиштето повеќе се става на
работната терапија, а помалку на реалната работа.
4. ЗАШТИТНИ ДОМОВИ

– Заштитното живеење претставува еден од најефикасните


начини за ресоцијализација на корисниците на
психијатриски услуги;
– Во зависност од природата на психичкото растројство, кај
поединците, животот во заштитните домови може да се
одвива со асистенција во различни форми, само под
супервизија, или сосема самостојно;
– Можат да бидат од привремен или траен карактер.
5. ЗАШТИТНО ВРАБОТУВАЊЕ

– Заштитното вработување, т.е. поддршката за работна рехабилитација на


лицата со психички растојства опфаќа најразлични програми за помош на
корисниците, во вид на едукација и оспособување за разни занимања,
како и во вид на тренинзи за повторно стекнување или за обновување на
еднаш усвоените работни способности и вештини;
– Постојаната поддршка и супервизија на корисникот кој се оспособил за
одредена работа и веќе се вработил, е од пресудно значење за
одржувањето на квалитетот на реинтеграција во општеството, што е врзано
за истовремено намалување на ризикот од влошување на состојбата на
корисниците на психијатриски услуги.
6. СОЦИЈАЛНА ФИРМА

– Социјалните фирми се фирми наменети бизнис која дејствува на пазарот, а


основана е заради вработување на лица со проблеми во менталното
здравје, и нуди производство и услуги од различен вид;
– Услов – во фирмата да бидат вработени најмалку 40% лица со ментални
проблеми;
– Секој вработен треба да биде платен според стандардите за личен доход,
во зависност од ангажираноста и од производствениот капацитет;
– Сите вработени во фирмата ги имаат истите права и обврски, без разлика
на тоа дали имаат или немаат проблеми во менталното здравје.
7. СТИПЕНДИЈА ЗА ОБУКА

– Поради природата на психичките заболувања, многу од корисниците на


психијатриска помош немале можност да се здобијат со соодветно
образование или имаат многу мало работно искуство, и затоа е потребно
овие лица да ги обноват своите вештини или да се здобијат со нови;
– Потребно е корисниците да посетуваат обука, и по обуката да работат во
фирмите и да остваруваат личен доход;
– За времетраењето на обуката корисниците не примаат личен доход, туку
надомест, т.е. „стипендија за обука“.
8. НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

– Заради подобро реинтегрирање во општеството, корисниците на


психијатриски услуги и нивните семејства треба да се поддржат да се
самоорганизираат во невладини организации;
– Во развиените земји НВО од областа на менталното здравје со години
играат значајна улога во креирањето на психијатриските политики и имаат
значително влијание во подобрувањето на квалитетот на грижата за
менталното здравје;
– Јакнењето на невладиниот сектор е од непроценливо значење за
успешното спроведување на реформите во областа на менталното здравје
и унапредување на политиките во оваа област.
НАСОКИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НВО
1. Реализација на етичките принципи и гарантирање на заштита на човековите права на лица-корисници на
психијатриски услуги;
2. Овозможување на рамноправни односи и спречување на секаков вид исклучување од општеството;
3. Решавање на социјалниот статус на корисниците на психијатриски услуги;
4. Создавање партнерство меѓу корисниците, семејствата, здравствените работници;
5. Организирање психоедукација за корисниците и нивните семејства;
6. Унапредување на здравствената легислатива;
7. Градење на институциите од граѓанското општество кои ќе учествуваат во општествената акција за заштита на
правата на корисниците;
8. Јавно информирање со цел да се разбијат предрасудите за менталните болести;
9. Подобрување и хуманизација на социјалниот, психолошкиот и медицинскиот третман на корисниците на
психијатриски услуги;
10. Активно учество во ресоцијализација и реинтеграција на корисниците во општеството, по пат на посредување
при вработување.

You might also like