Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 20

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЕКОЛОШКАТА ПРАВДА

Насоки за зголемување на еколошката


транспарентност за унапредување на
еколошката правда спрега – Локална –
Централна власт

20-21.05.2024, Х. МОНТАНА, КРУШЕВО


 Што значи пристап до правда
Пристап до правда за прашања поврзани со
животната средина
Пристапот до правда овозможува јавноста да се обрати до
надлежен суд или друго независно (непристрасно) тело и да
преиспита одредена одлука на надлежните органи поради
наводно прекршување на правото на пристап до
информации за животната средина или правото на
учество. Ваквиот пристап овозможува граѓаните и
граѓанските здруженија да имаат активна улога во
спроведувањето и извршувањето на Конвенцијата.

Инструментите кои државите можат и треба да ги употребат


заради остварување на пристапот до правда вклучуваат:
правна заштита (признавање на правна, деловна и процесна
способност), зајакнување на правната свест и информирање,
бесплатна правна помош, правични судски и управни
постапки, ефикасно извршување и зголемена улога на
парламентот, омбудсманот и граѓанското општество.

2
Причини за поднесување на
жалба :
- Не е објавено известување за отпочнувањето на постапката за одлучување;
- Средствата за известување се такви што не можат да допрат до засегнатите страни;
- Известувањето се објавува во доцна фаза од постапката;
- Известувањето не го содржи минимумот на потребни информации;
- Постапката не дозволува доставување на коментари од јавноста;
- Оправданите коментари не се земаат предвид;
- Одлучувачот не е способен задоволително да објасни зошто даден коментар не е вграден во конечната одлука;
- Одлуката не е објавена во пропишаниот рок, односно воопшто не е објавена;
- Објавената одлука не е образложена.
- Решението со кое се определува дали проектот подлежи на ОВЖС постапка (во рок од 8 дена по објава)
- Решението со кое се одобрува, односно не се одобрува проектот (во рок од 15 дена по објава)
- Одлуката за изработка на планскиот документ (во рок од 15 дена по објава)
- Ненавремено известување за јавна расправа
- Несоодветно вклучување на јавноста во процесот
3
 Пристап до правда при кога националните закони
Пристап до правда за прашања поврзани со кои се однесуваат на животната средина се
животната средина прекршени.
- Оспорување на актите и пропустите коишто ги
прекршуваат законите поврзани со животната средина;
- Може да се оспорат актите и пропустите од страна на
јавните власти, коишто ги прекршуваат законите
поврзани со животната средина. (Оваа одредба има
неколку услови, вклучувајќи го и правото да се покрене
случај, кој треба да исполни одредени критериуми -
најчесто интересот на засегнатата страна).
Членот 9 од АК им дава посебен статус на граѓанските
организации за заштита на животната средина и го
оправдува нивниот интерес во случаите на пристап до
правдата и нивното правото да учествуваат во
донесувањето на одлуки и да може да се донесат случаите
до овие инстанци.

4
Член 9

- треба да има пристап до процедурата на разгледување


пред суд или пред друго независно и непристрасно тело
формирано со Закон
- да има пристап до експедитивна процедура
прецизирана со Закон, бесплатно или по ниска цена,
каде што одредена јавна власт повторно ќе го разгледа
барањето за информации, или тоа ќе го стори независно
и непристрасно тело.
- Конечните одлуки ќе бидат обврзувачки за јавната
Член 6. власт што ги поседува информациите
Систем кој ќе им овозможи учество на
јавноста во донесување на одлуки кои се
поврзани со заштитата на животната
средина

5
Членовите на јавноста може да
поднесат тужба ако законот е
нарушен или ако овластеното тело
не успеало да ги следи соодветните
процедури

Членовите на јавноста треба


да бидат способни да го оспорат секое
нарушување на националниот закон
кое се однесува на животната средина

Граѓани поединци, невладини


организации, владини претставници
и компании – можат да иницираат
случај на суд за спроведување на
нивното право за информирање или
учество во процесите на донесување
на одлуки

6
Пристап до правда за прашања поврзани со животната
средина

7
 Право на жалба
Пристап до правда за прашања поврзани со
животната средина Пристапот до жалбена постапка обично се
постигнува преку административна жалба до телата
назначени од тој што ја носи одлуката (на пример,
Државната комисија за одлучување во втор степен)
и преку судовите (на пример, Управниот суд).

Во одредени случаи, каде што било кој од


средствата за пристап до правдата, не можат
успешно да се искористат, постојат неколку
постапки кои може да се направат на меѓународно
ниво, вклучувајќи го механизмот за усогласување
на Конвенцијата (Механизмот за усогласување на
Архуската Конвенција) и во некои случаи и
Европскиот суд за човекови права.

8
 Поднесување на жалба
Пристап до правда за прашања поврзани со
животната средина Генерално, пристапот до правдата според Архуската
Конвенција, може да биде обезбеден преку два типа на
процедури:
 Административни (кога се остварува преку независно
владино тело формирано со закон)
 Судски (кога се остварува преку надлежен суд).

Согласно Законот за општата управна постапка,


решенијата издадени во прв степен подлежат на жалба до
повисок орган во согласност со законот (на пример,
одлуката издадена од МЖСПП е предмет на жалба до
Државната комисија за одлучување во управните
постапки).

Постапка (жалба, приговор или иницијатива за


инспекциски надзор) до повисокиот орган може да се
иницира ако јавната власт не постапила по барање на
странката, во утврдениот временски период или до
одредениот датум (на пример во рок од 30 дена од
барањето за пристап до информациите).

9
 Поднесување на жалба
Пристап до правда за прашања поврзани со
животната средина
Жалбата треба да се поднесе во рок од 15 дена од
денот на приемот на решението за одлуката, освен
ако не е поинаку определено со посебен закон.
Крајниот рок за поднесување жалба се смета од
датумот на прием на решението на одлуката.
Жалбата во управна постапка може да се испрати
до надлежниот орган или директно до повисокиот
орган.
Во рок од седум дена од поднесувањето на жалбата,
надлежниот треба да провери дали жалбата е
навремена и правилно изјавена од овластено лице

10
 Поднесување на жалба
Пристап до правда за прашања поврзани со
животната средина Надлежниот орган е должен да ја предаде жалбата и сите
документи поврзани со истата на повисока инстанца, која
пак, потоа има право да:
а) го поништи првостепениот акт (делумно или целосно) и
да побара од првостепениот орган повторно да ја разгледа
постапката со конкретни насоки како да се измени и
надополни; или
б) да го поништи првостепениот акт, да ја преиспита
управната постапка и да донесе нов управен акт на
предметот (доколку тужбата е поднесена за дело што
претходно било поништено од страна на повисока
инстанца, но надлежниот орган не ги следел конкретните
упатства за измени и надополнувања).
Управната постапка за поднесување на жалба треба да се
заврши без одложување, и најдоцна во рок од 60 дена од
денот на приемот на жалбата заедно со сите пропратни
документи коишто се однесуваат на истата.

11
Пристап до правда за прашања поврзани со Комитет за усогласување со Архуската Конвенција
животната средина
На првиот состанок на земјите-потписнички на АК,
(10.2002, Лука, Италија), воспоставен механизам за
надгледување на спроведувањето на одредбите од
Конвенцијата – Архускиот жалбен механизам, со цел да
помогне во идентификација на недостатоците во
транспонирањето и спроведувањето на одредбите од
Конвенцијата и да даде свои препораки.
Архускиот жалбен комитет има 3 основни функции: а) да
ги разгледува сите претставки или комуникации;
б) по барање на Состанокот на страните да подготвува
извештај во однос на транспонирањето и спроведувањето
на Конвенцијата во одредени земји потписнички;
в) да го набљудува, оценува и помогнува транспонирањето
и спроведувањето на Конвенцијата во земјите
потписнички.

12
Пристап до правда за прашања поврзани со Комитет за усогласување со Архуската Конвенција
животната средина
Архуски жалбен механизам, (Механизам за усогласување со
Архуската Конвенција) - меѓународен инструмент за заштита на
животна средина, кој им овозможува на членовите на јавноста
да ја соопштат својата загриженост директно до одборот на
независни експерти. Комитетот за жалби (Commpliance
Committee) има мандат да ги испита наодите за случајот, може
да даде препораки на Состанокот на потписничките (Meeting of
the parties – MOP) директно до засегнатата страна. Комитетот
може да ги разгледува прашањата за усогласување по сопствена
иницијатива и да направи препораки; да изготви извештаи за
усогласеност или спроведување на одредбите од Конвенцијата;
да советува или да ја олесни помошта на поединецот.

Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет


и природните живеалишта во Европа (Берн), ратификуванa во
1997 година која се однесува за заштита на дивиот, растителен и
животински свет и природните живеалишта во Европа.

13
Законот овозможува поднесување на претставка од страна
Законот за Народниот Правобранител на секој државјанин на РС Македонија кога некое негово
основно човеково право не е почитувано или е повредено
од страна на интитуциите или од друго правно или физичко
лице.
Земајќи го предвид членот 44 од Уставот на РС Македонија
кој на секој државјанин му обезбедува услови за живот во
здрава и чиста животна средина, Народниот правобранител
ги зема предвид и претставките кои се однесуваат на
повредата на ова право.
Член 3. НП е независен и самостоен во вршењето на
функцијата и никој не смее да влијае на неговата работа и
постапување при вршење на неговата функција.
НП e посебен, стручен и независен орган со овластувања за
заштита на правата на граѓаните, што значи не е
законодавно тело, извршна ниту судска власт, а уште
помалку државен обвинител или орган на инспекција и
надзор.

14
Член 11. НП - презема дејствија и мерки за кои е овластен со
законот заради промоција и заштита на уставните и законските
Законот за Народниот Правобранител права на граѓаните и заштита на начелата на недискриминација и
соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на
сите заедници кога се повредени од институциите.

Член 11-д. Во состав на НП-механизам за граѓанска контрола


учествуваат три надворешни членови од здруженија (човековите
права, полициското право и правосудството)

Член 11- ѓ. НП – механизам за граѓанска контрола покренува


постапка по барање на странката, по иницијатива на претставници
на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по
добиени сознанија за можни повреди на правото на живот и
човекови права

Член 12. НП не постапува по предмети за кои е во тек судска


постапка.

Член 13. Постапката за заштита на уставните и законските права на


граѓаните пред НП се покренува со поднесување претставка. Секое
лице може да поднесе претставка до НП кога ќе оцени дека му се
повредени уставните и законските права.

15
Член 16. Претставката поднесена до НП треба да биде
потпишана и да содржи лични податоци за подносителот,
Законот за Народниот Правобранител околностите, фактите и доказите врз кои се темели
претставката. Треба да бидат наведени органот,
организацијата, установата или лицето на кое се однесува
претставката. Претставката со која се иницира постапката
нема пропишана форма. Подносителот на претставката е
ослободен од плаќање такси за постапката пред НП.
Член 17. НП е должен по претставката да постапува
совесно, непристрасно, ефикасно и одговорно

Член 21. НП ќе покрене постапка по поднесена претставка


или по сопствена иницијатива (во рок од 15 дена)

Член 24. Бараните објаснувања, информации и докази,


органите се должни да му ги достават на НП веднаш, а
најдоцна во рок од 8 дена од денот на приемот на барањето
за доставување на податоците.

16
Меѓу областите кои му се дадени како право и
Законот за Народниот Правобранител надлежност на Народниот правобранител, во врска
со начелата на Архуската Конвенција, се:
• Здравствената заштита;
• Урбанизам и градежништво;
• Заштитата на животната средина

- повреди на правата поради непрезамање мерки за


спречување на појави што доведуваат до
загадување на животната средина
- непреземање мерки за спречување штетна
бучава,
- неизвршување инспекциски надзор над
примената на техничко-технолошки мерки за
заштита на воздухот и водата од загадување,
- заштита од отпадни материи и сл

17
Целта на законот е да обезбеди еднаков пристап на
Закон за бесплатна правна помош граѓаните и другите лица определени со овој закон до
институциите на системот, за запознавање, остварување и
за овозможување на ефективна правна помош, согласно со
начелото за еднаков пристап до правдата.

Бесплатна правна помош е правна помош одобрена и


финансирана од страна на државата на начин и под услови
предвидени со Законот

- животна средина како област во која може да се бара


бесплатна правна помош
- охрабрување на поединци кои ги исполнуваат
критериумите согласно БПП за користење на истиот.
- имплементацијата на Арухската Конвенција, како
механизам за пристап до еколошка правда.

18
Примарна правна помош е вид на бесплатна правна помош која
Закон за бесплатна правна помош се обезбедува од страна на Министерството за правда
(овластеното здружение и правната клиника).

Секундарна правна помош е облик на бесплатна правна помош


која се обезбедува од страна на адвокат Запишан во Регистар на
адвокати за секундарна правна помош

Регистар на здруженија за бесплатна правна помош


https://pravda.gov.mk/bpp

Регистар на правни клиники


https://pravda.gov.mk/clinics

Пристап до правда (pristapdopravda.mk)

19
Благодарам на
вниманието !

Mаjа Mарковска
mаjа@mkm.mk

Александра Каракашова Сачкарска


aleksandra.s@mkm.mk

www.arhus.mk

You might also like