Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Народни музички инструменти – општи карактеристики на

народните инструменти на македонскиот народ и народите кои живеат


во
нашата земја

Изработено од Јаков Грујовски VIIв


Дувачки народни инструменти
Дувачки инструменти се инструменти кои произведуваат тон со дување. Дувачки
инструменти се разликуваат во форма и материјалот од кој се изработени. Поголемиот број
на дувачки инструменти имаат шуплина која е изработена на одреден начин за да се создаде
звукот кој се посакува.
Македонските народни дувачки инструменти се:
 гајда
 зурла
 кавал
 шупелка
 дудук
Гајда
Гајда или мешница е еден од најпрепозатливите македонски народни дувачки
инструменти. Гајдата може да биде двогласна или трогласна, тоа зависи од
бројот на бордунски елементи.
Гајдата е составена од:
 гајдарка, која се прави од дреново дрво. Гајдарката има седум дупки на
лицето и една дупка за палецот на опачината;
 брчало кое е составено од три дела кои се навлекуваат еден во друг со
што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се
постигнува посакуваната висина; истото произведува континуиран тон
или вториот глас
 слагарче, кое е составено од два дела кои исто така се навлекуваат еден
во друг овозможувајќи постигнување на потребната висина, овој дел го
имаат само тригласните гајди.
 дувало поврзано со мевот. Преку дувалото повремено се надополнува
мевот на гајдата.
 мевот е направен од овча или козја кожа.
Свирење на гајда

Пред свирење гајдата се штима со свирење на петтиот тон на гајдарката, додека


погорните дупки се затворени и со прилагодување на должината на брчалото, така што
истото свири две октави пониско.
Гајдата се држи под рака, а мевот се дополнува со воздух одвреме-навреме. Гајдарката
се држи со двете раце, така што прстите од левата рака работат со долните 4 дупки,
додека горните три и палечната дупка се работат со прстите од десната, а брчалото се
префрла преку рамо, преку десната рака или може да виси.
Зурла
Зурла е македонски народен дувачки инструмент направен
од оревово или сливово дрво. Името зурла дошло преку турскиот збор „zurna,
surla", кој потекнува од персискиот збор сурнај. Зурлата се состои од два дела:
конусна цевка и славец кој се вметнува на горниот дел од цевката.
Зурлата има седум дупки и една палечна дупка од долната страна на цевката.
Зурлата свири две октави од природната скала.
Зурлата има карактеристичен, многу гласен и продорен звук и многу често е
придружена од тапани.
Свирење на зурла

При свирење на зурлата, таа се држи со двете раце под агол


блиску до 45° во однос на видното поле. Прстите од левата рака
работат со долните четири дупки, додека прстите од десната
работат со горните дупки и палечната дупка. Сплесканата трска
се става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск
кој помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент
потребна е техника на кружно дишење.
Кавал

Кавалот е македонски народен дувачки инструмент кој


има отвор од двете страни, изделкан од едно јасеново парче.
Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб.
Кавалот има седум дупки за прстите, лицето и една за
палецот. Дупките се рамномерно распределени, со тоа што
шестата дупка е отприлика при средината на инструментот.
Зависно од тоналитетот, кавалот може да биде во
повисок регистар, среден регистар или низок регистар.
Свирење на кавал

При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со
тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и
задната палечна дука работи другата. Устата го покрива поголемиот дел од крајот на
кавалот. Промената на притисокот при дување во него го менува и висината на звукот.
Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во народни песни
и ора како дел од ансамбл или соло. Кавалот често се свири во парови.
Шупелка

Шупелка е македонски народен дувачки инструмент сличен


на кавалот, со исклучок на тоа што шупелката е пократка.
Шупелката се прави
од оревово, дреново, јасеново или јаворово дрво.
Шупелката свири хроматичка скала, со исклучок на првата
нота од долната октава. Во долниот регистар, шупелката
оддава мек и пријатен звук, додека во горниот регистар
звукот ѝ е остар и пискав.
Свирење на шупелка

Начинот на кој се свири шупелката е многу сличен со начинот на кој се свири кавалот.
При изведба шупелката се држи под агол од околу 45° во однос со телото. Устата се
става на горниот дел од шупелката. Со десната рака се притискаат горните три дупки, а
со левата долните три дупки.
Дудук

Дудукот е музички народен дувачки инструмент. Дудукот се може да се пронајде во две


димензии голем и мал дудук. Дудукот е најчесто изработуван од јасеново или јаворово
дрво.
На горниот дел има посебен засвирач, а по должината на цевката има шест мелодиски
дупки за свирење.
Најчесто се употребува како придружник на народните ора, особено дудучето, кое има
продорен тон.
Свирење над дудук

Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е широко застапен низ Македонија.


Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и хроматски
тонови. При свирењето, истиот се држи вертикално пред телото.
Начинот на кој се свири дудукот е многу сличен со начинот на кој се свири кавалот и
шупелката. При изведба дудукот се држи вертикално пред телото. Устата се става на
горниот дел од дудукот. Со десната рака се притискаат горните три дупки, а со левата
долните три дупки.
Рефлексија за сумативната задача

1. Јас критериумите за оценување ги знаев пред и за време на работа на сумативната


задача.
2. Единственит предизвици со кои се соочив беше недоволните податоци за неколку од
инструментите.
3. Моето знаење би го дополнил со тоа што би истражувалп и за другите видови на
народни инструменти, а исто така би слушал некои изведби со тие инструменти.
4. Јас имав измешани чувства додека ја пишував, а се чувствував убаво додека слушав
изведби од инструментите.

You might also like