Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 34

СКАЗНИ

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска


Педагошки факултет-Битола
Р. Македонија
ЗА И ПРОТИВ СКАЗНАТА
 ПРОТИВ: го оддалечува детето од вистината и од
реалниот свет, детето не препознава што е реалност,
а што фантазија, создава симпатии кон
монархистичкото општествено уредување, во
сказните има хорор сцени,...)
 ЗА: позитивно влијае врз развитокот на детската
фантазија, ја покажува постојаната борба на човекот
со злото, т.е. за подобар живот, има високи морални
вредности, има ослободително дејство,...
ТЕОРИИ ЗА НАСТАНОК НА СКАЗНАТА
 Митолошка (сказната потекнува од митот)
 Миграциона (мотивите и темите во сказните
се пренесуваат од постарите на помладите
народи)
 Контактна (не постои заедничка појдовност:
еден народ го позајмува мотивот од друг и го
модифицира)
 Антрополошка (секој народ во слични
услови на живеење создава слични сказни)
УМЕТНИЧКАТА СКАЗНА
 Уметничката сказна потекнува од усното народно
творештво
 Шарл Перо (1628-1703) Приказни и бајки од стари
времиња со поуки - 1697
 Браќа Грим – Јаков Грим (1785-1863) и Вилхелм
Грим (1786-1858)
 Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875)

 Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837)

 Марко Цепенков (1829-1920)


КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКАЗНАТА
 Кратка епска творба
 Фантазија

 Типичен почеток (си беше еднаш една...)

 Типичен крај (обично среќен крај)

 Не е прецизно наведено местото и времето на


случување
 Типизирани ликови (претставници на кралското
семејство: крал, кралица, принцеа, принц;
претставници на сиромаштијата: дете, момче, девојче
кои обично се добитници; фантастични ликови:
џуџиња, самовили,...; ѕверови: волк, змеј, мечка,
вештерки, ...)
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКАЗНАТА
 Борба меѓу доброто и злото – најчесто победува
доброто
 Магични броеви: 3, 5, 7, 9

 Едноставен јазик (збиен, течен, сликовит,...)

 Волшебни елементи (магична вода, волшебно стапче,


волшебна тиква, животни што зборуваат, волшебен
грав...)
 Универзални пораки
ШАРЛ ПЕРО (1628-1703)
 Франција
 Заспаната убавица (1696)

 Приказни и бајки од стари времиња со поуки (1697):


Заспаната убавица, Црвенкапа, Мачорот в чизми,
Пепелашка,...
ТРНОРУШКА (Ш. ПЕРО)
 Крал и кралица кои немале деца
 Добиваат ќерка
 Самовили на крштевката: пророкнување на судбината.
 Клетва на старата неудостоена самовила: смрт од вретено
 Ублажување на клетвата: смртта како сон
 Кралот: забрана за вретена
 Но: клетвата се исполнува: набодување на вретеното од
заборавената старица.-
 Стогодишен сон
 По 100 години: принцот – ловџија
 Будење
 Љубов
 Тајна венчавка
ТРНОРУШКА (Ш. ПЕРО)
 Син и ќерка
 Принцот станува крал
 Легализирање на бракот
 Во војна
 Лошата мајка сака да ги изеде.
 Управителот ги спасува
 Мајката дознава и планира нов
злостор: каца со змии
 Враќање на кралот
 Спас за семејството
 Мајката паѓа во сопствената
клопка
 Кралот и кралицата си живеат
среќно.
ЦРВЕНКАПА
ЦРВЕНКАПА
 Убаво селско девојче со црвена качулка
 Мајката ја испраќа кај болната баба за да однесе колачи и путер
 Црвенкапа заминува кај бабата која живеела во друго село
 Средба со Волкот
 бидејќи во близина имало дрвосечачи, Волкот ја прашува Ц.
каде оди
 Ц. одговара и му го покажува патот
 Ц. Останува да бере цвеќиња, а Волкот оди кај Бабата по
скратен пат
 Се преправа дека е Црвенкапа
 Влегува и ја јаде Бабата
 Се преправа дека е Бабата
 Волкот ја јаде Црвенкапа
ЦРВЕНКАПА (Ш. ПЕРО)
 Поука: Деца, а особено вие, млади и брагородни
госпоѓици, никогаш не зборувајте со непознати! Ако
тоа сепак го направите, може да станете ручек за
Волкот! Велам, волкот, но треба да знаете дека
постојат многу видови волци. Меѓу нив има такви
кои се: шармантни, згодни, тивки, незабележливи,
самобендисани и слатки кои ги заведуваат девојките
дома и на улица. И за несреќа, токму тие волци се
најопасните.
БРАЌА ГРИМ
Германија
Јаков Грим (1785-1863) и Вилхелм Грим (1786-1858) -
Собирачи на народни умотворби, философи и
писатели
Јаков Грим: Историја на германскиот јазик и Германска
граматика,
Вилхелм Грим: Германски јуначки приказни
Браќа Грим: Германски речник, Германска митологија,
Детски семејни приказни (сказните)
БРАЌА ГРИМ: СКАЗНИ
 Сказни во кои доминира фантазијата: Пепелашка,
Трнорушка, Снежана и седумте џуџиња, Бабата Хола
и Златната гуска
 Животните – главни јунаци: Бременските музиканти,
Волкот и седумте јариња, Волчицата и лисицата,
Лисицата и гуските
 Реалистичко прикажување на детството: Мрзеливиот
Ханс, Умната Грета, Царот Дроздобрад
 Сказни со религиозна содржина
ЦРВЕНКАПА
 Убаво девојче по име Црвенкапа (поради тоа што
бабата и подарила црвена капа)
 Мајката ја праќа кај бабата за да однесе колачиња и
вино
 Забрана (да не скршнува од патот)

 Средба со Волкот

 Ц. кажува каде оди (го покажува и патот)

 В. ја намамува да бере цвеќиња

 В. оди кај бабата

 Се преправа дека е Ц.

 Ја јаде бабата.
 Се преправа дека е бабата.
 Ц. доаѓа кај бабата

 Ц. се сомнева дали тоа е навистина бабата?

 В. ја јаде Ц.

 Поминува ловецот.

 Ловецот ги спасува Ц. и бабата


ТРНОРУШКА (ГРИМ)
 Кралот и кралицата немаат деца
 Жабата и кажува дека ќе и се роди ќерка (на
кралицата)
 Се раѓа ќерка

 Кралот прави крштевка (поканети се 13 гатачки)

 Тринаесеттата гатачка е лута и ја проколнува ќерката:


кога ќе наполни 13 години ќе се боцне со вретено и
ќе умре)
 Ублажување на клетвата: 12-тата гатачка рекла дека
принцезата ќе падне во 100-годишен сон
 Кралот наредува да се запалат сите вретена
ТРНОРУШКА (ГРИМ)
 Трнорушка полни 13 години
 Т. наоѓа стара жена која има вретено

 Т. Се боцнува на вретеното и паѓа во длабок сон

 Со неа заспива и целото кралство

 По 100 год. доаѓа принц кој успева да влезе во


дворецот
 Принцот ја бакнува принцезата

 Љубов

 Свадба
ХАНС КРИСТИЈАН АНДЕРСЕН (1805-
1875)
 Данска
 ...Луѓето и природата претставуваат голема
сказна, неисцрпно богатство на лирика и симболи...
Мотиви има многу, колку сакаме. Често пати ми се
чини дека ми зборува секоја тревка, секој цвет:
Погледај ме малку, па ќе ја разбереш мојата сказна.
Ако се согласам, тогаш имам готова бајка...
ХАНС КРИСТИЈАН АНДЕРСЕН
 Патувањето на Амагер
 1825 – првата збирка сказни

 Грдото пајче

 Палешка

 Царевата нова облека

 Славејот

 Јовче будалчето

 Кралицата на зрно грашок


ПРОПОВИ ФУНКЦИИ
 I оддалечување (Absence), т.е. еден од членовите на
семејството се оддалечува од дома. Може да се оддалечи некој
од постарите членови на семејството со тоа што заминува в
шума, на работа, во војна, но и во смрт. Исто така и помладите
членови можат да се оддалечат со некоја цел како одење на
гости, ловење риба,... (стр. 51). II забрана (Interdiction) т.е.
на јунакот му се изрекува забрана. На пример: Во таа одаја
немој да ѕиркаш (159), Чувај го брат ти, не го напуштај
дворот (113), Ако дојде Баба Јага, ништо не зборувај, молчи
(106),... (стр. 51),... Обратна форма на забраната е наредбата
нешто да се направи: да се однесе појадокот на нива (133), да
се земе со себе братот во шумата (244),... (52). III
прекршување (Violation of interdiction), т.е. забраната се
прекршува. Оваа функција може да стои самостојно, но исто
така ја надополнува претходната и заедно со неа прави пар.
 IV Истрага (распрашување) (Reconnaissance), т.е.
антагонистот се обидува да изврши испрашување. Но
има и обратна форма на испрашувањето во која
антагонистот го испрашува неговата жртва.
 V Издавање (Delivery) – На антагонистот му се
даваат информации за неговата жртва. Или жртвата
ако испрашува, тогаш таа ги добива информациите.
 VI Измама, замка (Trickery) т.е. антагонистот се
обидува да ја измами својата жртва за да добие
нешто од неа.
 VII Соучество (договор) (Complicity), т.е. жртвата
допушта да е измамена и на тој начин соучествува со
антагонистот.
 VIII Штета (загуба) (Villainy or Lack) т.е.
антагонистот му нанесува штета на некој од членовите
на семејството,
 IX Посредување (Mediation) т.е. несреќата или
недостигот се објавува, го молат јунакот или му
наредуваат, го испраќаат некаде.
 X Согласност или спротивставување на јунакот
(Beginning counter-action)
 XI Заминување (Departure) т. е. јунакот го напушта
домот.
 XII Искушување (First function of the donor or
Testing: Hero is challenged to prove heroic qualities,
The hero is tested, interrogated, attacked, etc., which
prepares the way for his receiving either a magical
agent or helper), т.е. дарувачот на магиската моќ или
средство го искушува јунакот.
 XIII Реакција на јунакот (Reaction, Hero responds
to test), т.е. јунакот реагира на постапките на идниот
дарител.
 XIV Добивање на магична моќ/средство, (Receipt of the
magical agent) т.е јунакот се снабдува со магична моќ или
средство како на пример, волшебни животни, предмети,
сила,... Волшебните средства може да се изработуваат, да
се продаваат и купуваат, случајно се добива, за
заработува, се изедува, се грабнува,...
 XV Преместување на јунакот (The hero is transferred or
delivered), , т.е. јунакот се преместува од едно место на
друго со помош на летање, пловење, јавање на коњ или
пешачење по копно, по скали, преку магичен премин и
слично. XVI Борба меѓу антагонистот и јунакот
(Struggle-The hero and the villain face each other in order
to fight, to play cards, to compete,...). Во одредени случаи
борбата може да биде и симболична.
 XVII Јунакот е жигосан и бележан (Branding,
marking-The hero is branded or marked by the princess
in many cases, i.e. gets injured, , т.е. здобива рана, му ја
преврзуваат раната, по борбата е бакнат и на тоа место
се појавува белег итн.
 XVIII Победа над противникот (Victory-The villain is
defeated)
 XIX Почетната несреќа или недостиг се ликвидира
(Initial misfortune or lack is resolved or liquidated) т.е.
јунакот или жртвата се ослободува од првобитните маки.
 XX Враќање (Return – the hero returns home), т.е.
јунакот се враќа. Понекогаш враќањето има
карактеристики на бегство.
 XXI Потера (Pursuit-The hero is pursued or chased),
т.е јунакот го прогонуваат.
 XXII Спасување (Rescue – the hero is rescued from
pursuit), т.е. јунакот се спасува од потерата.
 XXIII Јунакот пристигнува дома преправен
(Unrecognized arrival-The hero returns home
unrecognized), но може враќањето да е обично без
преправање.
 XXIV Мешање на лажниот јунак (Unfounded
claims-A false hero presents false claims), т.е лажниот
јунак поставува неосновани барања.
 XXV Тешка задача (Difficult task-the hero is given
difficult task), т.е. на јунакот му се задава тешка
задача.
 XXVI Извршување на задачата (Solution-the task is
resolved).
 XXVII Препознавање (Recognition – the hero is
recognized), т.е. јунакот го препознаваат.
 XXVIII Демаскирање (Exposure-The false hero or
villain is exposed), т.е. лажниот јунак се разоткрива.
 XXIX Трансфигурација (Transfiguration-the hero is
given a new appearance), т.е. јунакот добива нов
изглед.
 XXX Казнување (Punishment-the villain is
punished), .т.е напријателот се казнува.
 XXXI Свадба (Wedding-the hero is mar ried and
ascends the throne.), т.е. јунакот се жени и го зазема
царскиот престол. Во некои случаи наградата не е
свадба туку некој друг вид компензација.
АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН
(1799-1837)
 Големиот поет на руската земја
 Основополжник на новата руска книжевност и
современиот руски јазик
 Сказна за царот Салтан,

 За неговиот син славниот и семоќен јунак Гвидон


Салтанович и за прекрасната царска лебедица,
 Сказна за мртвата царска ќерка,

 Сказна за рибарот и рипката,

 Сказна за златното петле...


МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829-1920)
 1856/57 ја започнува дејноста собирач на народни
умотворби (40 год. стаж)
 5500 пословици и поговорки, 800приказни,
150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви,
300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни
толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки
материјал (речник, тајни јазици, описи
на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот
материјален живот и народната аргономија и сл.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ
 Народните умотворби се собрани претежно
од Прилеп и неговата околина, но и
од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско
.
 Силјан Штркот – авторска сказна
СИЛЈАН ШТРКОТ

You might also like